Моето бебе ја држеше главата на една страна до 2 от месец, но после се среди само од себе. Си имаат омилена страна понекогаш. Како што кажа Софија може да го стимулирате со тропалки за да се врти и на другата страна. Ако може да се сврти и на другата страна обично нема некој проблем, така тогаш кажуваше нашиот ортопед. @marchi-cool немаш потреба од педијатар на бебињата, па и нашите раце и лице се ладни навечер, бидејќи се откриени. Ако на градите и вратчето е топол, не му е ладно, и нормално штом си спие навечер значи му е пријатно.
Кога и да ја изгњават стариве ја после дежурам цела ноќ. Редовно. Си го преживува денот одново и одново во сон. И е многу вознемирена ноќе. Тамам ќе средиме спиење, тие ќе ја видат и пак се од почеток. Како да бидам безобразна и да му кажам на маж ми да не ја гледаат неговите некое време? Не можам веќе, и за двете е тортура. Колку време трае оваа фаза?
Не може да не ја учиш на други луѓе и моменти. Оти ако сега ја ,, криеш,, после ќе настане таа промена. Нормално е ова осознавање на светот и нови ликови. Така ќе реагира на сите нови промени. Знам дека ти е мачно после, ама на се што е ново околу неа, ќе го преживува во сон, не само баба и и дедо и. А од светот и случувањата не можеш да ја скриеш. Баш напротив, добро е да го осознава , и да знае дека не сте само ти и татко ти со неа. Туку има и други луѓе околу.
@duffi знам дека не е до нив лично, туку кој и да ја види нов исто ќе реагира, ама моментално само тие ја гледаат па затоа и нив ги спомнав. Веќе месец дена спие многу немирно. Ама најдов трик. Ја туткам до мене, и ја држам за рачиња, ќе попрета малце и ќе се смири и ќе продолжи да спие. Ама чим старите ја видат, толку е. Ноќта нема спиење ич. Ништо не ја смирува. Ќе прета многу и на крај вреска во сон. Секој пола час. Не мислам да ја кријам од никој навистина, ама нема мирно спиено веќе некое време. Си мислам.. ако е период можда е подобро да ја изолирам малку. Уствари не знам веќе што е подобро а што не...
Тоа е слип регрешн што и се случува , обично трае месец-месец ипол, ајде и два.Пробај промени и ја положбата на спиење. Пример на меше ја сврти. ушушкана да биде. Иначе без народ или со, пак исто ќе биде. не ја изолирај те молам, на дете му треба народ и дружба.
За воља на вистината вакви идеи имам секое утро периодов кога станувам со подочњаци до колена и мртва уморна, ненаспана и полна фрустрации. После бунар кафе и прифаќање на реалноста веќе светот е поубав. Баш сега ќе излагаме да се видиме постпразнично со пријатели, па идеите за изолирање ми поминуваат исто толку брзо колку и што ми доаѓаат. Тоа повеќе фрустрациите во мене зборат после долго време недостаток на сон, па имам потреба да се истресам.
Дефинитивнo немањетo сoн те прави нервoзен кoлку и да си наjдoбра маjка и каj нас истo а jа шетаме, дoаѓаат гoсти нервoзна е, раце ми паѓаат oд нишкање. Ќе прojде и тoj периoд
Ехее мојов колку гости избрка со пиштење Кога и да дојде некој непознат тој прво прави тажна фаца и почнува да рика И баба и дедо ако не ги гледа почесто, кога ќе дојдат и од нив плаче. Ниту во раце можат да го земат А кога он иде на гости како бајче е
Среќна нова година и Среќни празници !!! Да ве известам за нашата ситуација ,бруките шо се појавија на тело, на лице ,на врат што мислевме дека се од жешко излезе дека е од шампонот Мустела еве 3 дена не ја бањам и веднаш се повлекуваат ја однесив на педијатар не ни знаеше со што ка бањам кога ја виде ова е од Мустела и јас ср зачудив реков самп со тоа ја бањам никако рече. Ни кажа да земеме Логона купка и лосион.
Дали некоја од вас знае колку време може да се пијат Лактил капсулите? Додега 2 пакетчиња имам искористено.
Јас пијам веќе четврто или петто пакување. Ми делува многу на млекото. Прашав немало штета. Уште ова до 5+ и доволно е. Потоа почнуваме со вкусови.
Мами ај ве молам за совет. Малце паники сум денес. До денес лицето му беше кристал чисто денес ова се случи. Му намачкав еуцерин ама ко полошо да направив па го измив со камилица. Не знам од мене ли е нешто или се чисти? Мислев од цуцлата лажливка да не е ама па и на окце има неколку.
ова да го спомнеше на некој постар од нашиов крај ќе ти речеше ах очи го фатиле детето. И оди не се расправај и не се нервирај. Јас верувам дека е период и ние имавме неколку дена такво (не)спиење додека ни траеше 4тиот скок. Јас реков почна да ора во кревет а не гледаше само нас дома, мм синко големиот и мене. Ладно беше ни одевме негде ни па некој идеше и пак некако безвезе спиеше. Се смируваше само ко ќе го земам во раце и со цицката во уста
Друштво На неколку пати го приметувам деновиве кога е нервозен си ги тегне ушите Не знам што може да му значи ова. И дали има некој друг како моево бебе што многу немирно цица. Значи цица и прета и со нозе и со раце. Ова од кога е роден вака. Ептен треба да е успан за да се нацица без да лета лево десно. Исто така веќе не сака да седи во релаксатор или транспортер. Значи во истата секунда кога ќе го ставам он се подига. Го дига газето скроз нагоре. И во кревет кога е некогаш така прави. Ми се смени бебо скроз.
4ипол месеци е. Се лигави, се става во уста и сега последно си ги тегне ушите ама и се врти со главата. Ваљда заби се, иако рано е