нели ти реков девојче дека е грануломче само што го видов на слика го препознав и ние имавма исто и јас се испаничив ама не е ништострашно ке го горат некој пат ама тоа бебушка не ја боли неколку дена ке треба да внимаваш да не го киснеш папчето и ке помине не е ништо страшно
И јас треба да давам кашички прво од банана па од житарици без глутен. За нас треба да бидат многу густа каша. Иначе можеш да правиш како ти одговара повеќе. Можеш да го блендираш или да го испасираш убаво. Јас би одела на блендирана верзија. Првиот пат се дава малце на лажиче само на едно јадење. Наредниот ден се дава два пати. Воведуваш ново овошје секој 3 дена. И тоа новото овошје го даваш за појадок. Ако сакаш да мешаш правиш каша од тоа што веќе имате пробано. Мој совет ти е да не пробуваш нов производ за викенди за не дај Боже има некоја рекација. Ти планираш да почнеш да даваш сега или само испитуваш територија? Јас да не морав ќе чекав до 6месеци. Ама тоа е, сега ќе почнам др недала откако ќе направи 4 полни.
ние душо не бевме какани 8 дена педијатар ми рече со сируп да пробам со топломерче ама јас со ништо не пробвав ми беше страв и синко на 8 ден си се искака самиот и послем тоа по два дена ак си имаше какано сега како ке биде на таму незнам ама ние сме само на мајчино млеко пробај ти со топломерче некој викат и со сарделче баш аптекарка ми рече да пробам со сарделче ама некако чудно ми беше а колку дена се немате вие покакано
Мајки јас сум многу загрижена, денес го односов внучето на вакцина и после 2 часа од примањето газето му се исфлека со големи црвени флеки . Што да направам? Мегудруго да кажам дека за 20 дена има качено само 140 грама како да се справиме со тоа? Матичната ми рече дека се било во ред со исхраната која ја даваме (кравјо домашно млеко, житарки, месо пилешко и телешко,палента, каши павлака...) но слабо напредува вели многу малку било тоа за ова возраст . Дали некој имал ваков проблем и како се справил?
Probav so toplomer pak ne saka neznam ova mu e vtor den kako ne e kakan.A dali ima sansi da e skok vo razvoj ne znam kako da prepoznaam ima nekou simptomi vo koi meseci nedelikolku vreme traj itn uffff
kakvin toplomeri nemoj da koristis nisto mozes da mu go povredis debeloto crevo i kerkami taka ne se kaka po 1 nedela pa na kraj sama ke se iskaka ne se sekiraj ne e nisto strasno pozdrav
Истиов пост како да сум го пишувала јас...значи истиот проблем ни се јави од 3 ипол месеци, а имаме веќе 5 месеци и сеуште трае. Малата се буди т.е. плаче во сон понекогаш и на 20мин. и тоа страшно ме исцрпува. Единствено што ја смирува е ставање на града, понекогаш цица понекогаш не...бев на приватен педијатар и ми кажа дека многу мајки го имаат тој проблем кој можеби одма ќе помине или може да трае и до година дена нажалост. Вели дека преку ден кога е активна абсорбира се и ја интересира се и како резултат на тоа навечер кога спие се плаши и се чуствува несигурна, затоа ставањето на града ја смирува. Поинаква опција не постои и самата докторка ми кажа, единствено да чекам да исчезне само по себе...се надевам малку ти помогнав и те утешив што не сте единствени.
И ние имавме, се прави лапизација на 2 дена како што погоре ти напишаа,пред да се затвори папочето, целосно безболна постапка, немој да се плашиш.
Моето црвче стануваше вака до годинка и три месеци, секоја вечер. Знам звучи страшно, ама јас чаре не најдов. Педијатарот ми рече да ја оставм да плачи неколку вечери, ама јас ниту пробав ниту се каам што не ја послушав. Пробав сто различни рутини од интернет, ништо не помогна. Сега е годинка и пол и кога преспива, кога пак се буди и морам да одам да го помилувам или само да му шшнам и продолжува. Кај нас мислам причина е тоа дека е пре пре активна.Знам колку ти е тешко ама нека се само здрави и живи, мајки сме, ќе жртвуваме.
Мамички со женски бебиња, прашање... Последниве 2-3 дена приметив дека на бебушка и се појавија влакна кај дундето. Се мислам да не ги имала и претходно ама не верувам дека не сум ги приметила 4 месеци... Ептен се малечки и светли се. Нормално ли е ова?
Ајде мамички кажете на бебе од 5 месеца и две недели освен јаболко, банана, тиква компир, морков што би мозела да дадам
круша ,слива,праска, кајсија(ке купиш готови од овие бидејки овошје слабо има избор овој период).јас давав и од готовите млечни каши на хипп со мелен ориз што се.комбинирај од се што досега имате пробано и тамам ке почнете со зеленчук.
WORRIED.BT ти благодарам многу сакав одговор од искусна мајка бидејки педијатарот пред две недели ми изнакажа многу работи(грашок боранија месо па дури и жолчка на крајот од месецов) а млечната каша со ориз мегу оброците со млеко ли да ја давам или како цел оброк. Овие работи не ми се баш јасни инаку сме на ХИПП АР бидејки поврака ....зедов и онаа храна на Хипп со мелен ориз и сакав да ја понудам како цел оброк ама не јаде доволно за да мислам дека е сита
од каде го купивте АР млеко? ММ оддвај најде една кутија Хип и при крај ни е. Во зегин ми кажуваат имаш ваму имаш таму ама кога ќе отидеме продадено е. Млечната каша треба да ја даваш како оброк. Има рефлукс бебето? Колку месеци сте? И нас ни препорачаат каши да почнеме ама исчитав вчера на интернет се убаво и некогаш помага да почнеш со каши ама некогаш и полошо е. Вас како ви оди?
CAPTIVATING теско се снаогаме со храната прво пиевме новолак АР бидејки претходно бевме на тоа млеко но кога по аптеките ни рекоа дека нема увоз од тоа сменивме на хипп АР, па порацуваме од зегин а последно купивме од Струмица 6 кутии и тераме па кога ке сме при крај ке бараме. Инаку бебето ми е 5 месеци и две недели и мака мачиме додека не откривме дека поврака од реткото млеко односно од обицното пиесе по едвај 60-90 и нон стоп плацесе хаос. Сега пие и по 210 . Баш ми е мило што пиша јас мислев само јас имам вакво проблематицно бебе ми даваш сила. Па кога почнавме со каши откривме кога почна да поврака веке сварена храна а и претходниот месец покачи само 100г. Поздравце големоооо
јас ја давам млечната каша како цел оброк обично навечер за да го засити,по еден час од оброкот цица и на спиенје. и јас денес бев на вакцина и педијатарот таму се ми наброја ти што пиша боранија ,грашак,млечни производи ,ама јас немам намера пред седмиот месец да дадам ништо од тоа.цел живот ке јаде ... и моето бебе многу повракаше ама од кога почнав со цврста храна се намали.
WORRIET.BT колкаво е твоето бебе? Кај тебе е предност што цица ние сме на ад-хипп АР и полека воведувам овошје и зеленцук Банана и јаболка јаде али компир и морков тешко ни оде.....и затоа прашував што друго да и дадам...