Ова прво маж ми ќе ме умараше дека е урочена ама оти неговите се погодија да се, па ни на крај памет не му е. Иначе одлучив бебе да не гледа никого следни 2 недели. Да се смири и да се наспие. А и јас со неа, бар колку ќе се може. Јас дефинитивно и требам одморена за да одговорам на нејзините потреби најдобро што можам, отколку вака нервозна и исцрпена, месец ипол со 2-3 расцепкани часови сон ноќе. А и периодов ми се погодува, старите ќе одат во село, температурите ќе бидат пониски деновиве па ќе бидеме повеќе дома. И кога ќе шетаме нема да договарам средби, плус имам поддршка од маж ми. Бебе последни неколку денови толку многу нервозно и силно ги глода глодалките што честопати знае да списка и заплаче откако ќе ја здоболи. Ако не ме лажат очиве мислам дека и забележувам 2 бели линии на долната вилица утрово. Ич не седи мирна да видам поубаво.
Лелееееее не само што е бело, туку грепка на допир и се слуша звукче кога чукнувам со лажичка. Бебла ми вади прво запчееееее!!!!!!
Јас мислам дека ви е супер килажата и покрај повраќањето; моево се роди 2160 (кило значи помало), сега е 4600 на три месеци и 10 дена и педијатарот стално не фали дека сме супер. А и убави обравчиња имаме. Вие со 6кг сте топ
Ајде мајка, нека и се редат како бисерчиња на лепотицата! Него за ненаспаните мајки, еве веќе три дена бебе ми спие во дебелка вреќа (со раце и ногавици) и спие од 20 до 8, без да воопшто да стане! Вреќите како суќна не ми ги сакаше Мое бебе убаво спие од секогаш, ама сега четврт месец се насобра се и стануваше милион пати Мислам дека вреќата не спаси жени!
Мајки, подарувам повеќе од пола кутивка Нан 1 и Хип Комбиотик 1. Ние сменивме млекце па греота ми е да го фрлам. Кој сака нека ме исконтактира. Праќам по карго. Денов добар. Се поднаспавме до кај 9. Едниот воопшто не стана за јадење, а другиот два пати. Да надокнади за бато Едниот во креветчето, другиот на гарнитура, дремуцкаат. Мајка чека маж да зготви, кркајќи бисквити и млеко, со Baby TV во позадина. Многу ме бендисува сериозната музика што ја пуштаат навечер, обавезно така заспивам и после одма гасиме тв. Пригушена светлина од столна засега ни е ок, ама сакам да си купам од оние што се бркаат во штекер за уште потемничко да им е. Одам мајки, на малово-луто му падна цууцето, пострашна работа од тоа нема Убав ден!
нека се редат бели како бисерчиња и со лесно да поминете. Затоа немирно ти спиело,ама па среќа што не ти крева тт. Ние после поминат скок од 19тата недела почнавме да се вртиме и да спиеме подолго време навечер. Јас сакам да прашам што се случува со производиве на алкалоид. Лактамикс одамна е дефицитарен го има само во зегин го земав пред месец ипол се мислев сега пак да земам го нема. Исто и чај од Бекутан од анасон. Во една локална аптека ми рекоа дека веќе го нема а во друга дека не смеат да го чуваат. А во зегин гледам на нет го има на акција. Што е работава не знам. Најдов на хип еден ама сакам да прашам дали само бебиња смеат да пијат. Поголеми деца оти да не?
Фала ви друштво, па ајде и за вашите бебли што побрзо да гребнат непцата. Нема температура до сеа, ама ете настинката од претходните денови ќе и ја препишам на паднат имунитет ради вадење заби. Е сега кој има искуство да ми каже што да очекувам понатака. Денеска врескаше и плачеше од нигде и никаде на 2 пати, така не ми праела претходно, па дали има врска тоа со забите или друго може да е во прашање? И сега откако излезе првото, дали тоа значи дека и останатите ќе почнат да излагаат едно по друго или не мора да значи?
Честито запче @Yowannty нека и се редат здрави и бели. Затоа била нервозна душа мала. Сега одморете и наспиј се. @Mia Fuentes и моево бебе е мирно и си спие цела ноќ и неколку пати преку ден. 4 и пол месеци сега почна по 2 пати да станува ноќе. А еднаш стануваше.Од 19:30-8:00 спие и се буди кај 2 и сега кај 5 за цице. Исто во вреќа со нозе спие откако е родена. До сега во памучна тенка, сега зимата во мохерска, мекана со капа. Еве веќе спие. Се можам да завршам А кога смени твојата во спиење? Ме плашат скоковите и регресијата во спиење. Макар што овој 4 скок го поминавме незабележано. Веќе 19 недела по термин
Деца, ќе менуваат, тоа е. Ама одморени бевме со маж, башка тој и во смени работи и оп до дата точни се кај нас скоковите. Почна да станува ноќе, денски да одбива дремка... Налет тоа него и вакцина, регресија... Па се надевам се враќаме во нормала. Следат забчиња, па воведување храна и продолжува борбата Да се надоврзам, не сте свесни колку само коментари се изнаслушав од типот ,, Гладна е, затоа ти станува, греота е надроби и бисквити пред спиење" Оди објасни им дека детето така си расте, никогаш не слушнале за скок во развој Ајде, се ќе издржиме ние
Ау исто и свекрвата, јадеме ручек "ауу може и се јаде сарма, грав, макарони" е какп да му се јадр сарма на 3 месечно бебе, како да проба, како да лизнува се е со сол со вегета ќе ме полуди
Jас сум пoлудена oд муабети гладна е, бебе да цивне oдма следи иди даj и да цица греoта е... Греoта?! Седиме фамилиjарнo бебе си седи каj мене вo раце, другo дете плаче и без да видат дека мoетo не плаче ми викаат даj и да цица збoрење на памет
@Yowannty нема правило за брзината. Не е стручно мислењево ама од искуства што гледам. Мојата на 5м го приметив дека грепка и тропка на лажиче, релативно брзо ги вадеше забите. На година и 3 месеци ги имаше веќе сите до 4ки. Според просекот на вадење ако е на пример, 4ки искачаат од 12 до 16м.кај нас на 12 ќе искочеа. Да речам на долна граница. Така со сите. Другарка имам, малото на 6 или 7 месеци ги извади доле двата, годинка е и уште е со тие два доле. На другава па, кецови доле први ги извади на 13 месеци до година и пол ги имаше сите до 4ки.
Cestito zabce moeto dete prvoto zabce go izvadi na 7 I pol meseci vtoroto na 8 I pol meseci I sega sme 13 meseci I imame 5 zabcinja
Честито, да ѝ се нижат како бисери! Ете објаснување за неспиени ноќи. За прашањето - нема правила. Ќерката изваде прво запче (да не речам први 4 заби наеднаш) на 9 месеци некаде. И тоа првото беше двојка долу. Скроз нема правила. )) @koritsaki да не се урочам, се смири моево малце. Од вчера е пофин, повеќе се смее, и како претходно можам да го оставам да си гледа во играчки по саат време. Инаку претходно цело време се нервираше и морав во раце да го шетам по дома. Вчера и сабајлево е многу покултурен. Не прашувам што како. Нека остане така. ))
Дали некој ги има користено овие за затнато носе? Малово утрово ми е некако ептен затнато, дури и кркори носето, а ставам раствор влечам со аспиратор, не излегува ништо. Страв ми е да не ми настине и гледам тешко дише, сакам да и олеснам. Лепенки се некои на природна база на еукалиптус, на ФБ ми се појавија, не знам ни дали ги има кај нас. Се лепат на пижамката под вилицата некаде.