Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    не во лабараторијата во аеродром,мислев ги нема по меил да пратат :lol:
     
  2. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.243
    Пол:
    Женски
    Фала женска, овие нашите се шеталки изгледа, порасположена е и мојата кога сме излегле :lol:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Само на форумов се врти таа бројка 6 месеци после царски. Мене Ивановски ми рече: Јануари смееш вежбање поконтролирано без тегови, февруари веќе што сакаш. Конкретно го прашав, Кардио? Рече без проблем, терај. На интернет исто читав, секаде пишува 6-8 недели, никаде не пишува 6 месеци. На крај краева, веројатно зависи и од формата и начинот на живот пред бременоста - не е исто за некоја што цел живот вежба интензивно и некој што не мрдал со прст. Сигурно не сум будала на своја рака да си играм со здравјето ради кило-две останати од бременост...
     
    На Kaetana, лукајана и Meckicja им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    јас тоа го знаев од првото породување. Ама се зависи од состојбата на пациентот.
     
  5. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    10.402
    Маjки бебевo кoга ќе се расплаче мнoгу честo пoчна да ми заjдува? Се случува каj вашите?
     
  6. Cassiopea

    Cassiopea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    На секое плачење е тоа кај нас, земи дувни му во лице или штипни го по ноџе кога ти зајдува.
     
    На Meckicja и Larahappy им се допаѓа ова.
  7. Andonia

    Andonia Популарен член

    Се зачлени на:
    2 март 2017
    Пораки:
    516
    Допаѓања:
    1.043
    Пол:
    Женски
    Мајки јас паники не види уште свеста не ми иде.Завчера малата ја осеќам ми кенка како со заропнат глас и се јавувам на докторката блиска пријателка мие и кажувам ,ме советува 3-4пати физиолошки раствор и ако има мрсолчиња со пумпа да ги извлечам.
    Јас 2 пати ставив раствор од кој едниот пат имаше мрсолчиња а другиот не.
    Утрето сабајле после подој ја исправам да ждригне ми поврати темна крв ми се скрати животот одма на болница се установи дека е капиларче во носето или повредено нешто,крвна слика и е добра ,свежа е со цица .Педијатарот таму кога почна да вика се ставате ,се му правите на децата сите ги слушате.живото ми се скрати цел ден бдеам над неа не дај боже пак да не и бидне нешто.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    Добро сите ли деца што се на доење се "зафркаваат" со нас во текот на ноќта? :^) :?: |( првото дете ми беше на АД млеко. Првиот месец стануваше 2 пати за млеко вториот еднаш а од третиот месец веќе не ми стануваше за млеко. Од 11 до кај 7 тераше без мака. Уште од 3ти месец бев раат. А ова.... Да е здраво и живо само. Значи во 5 месеци 5 пати имаме сврзано сон подолго од 5 сати. Ова има врска со тоа на какво млеко е или јас со првото имав многу среќа што рано фати ред? Се надевам па понатака ќе се смени.
     
    На *Sara* и Presrekna им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    јас знам дека настинато бебе е пожелно да не се вади надвор туку да се чува во топло. И да се облекува малку потопло и да се става капче. Штом не кашла како заклучи дека е настинато? Тоа со носевте додека не се исчисти ќе си шмрчи и ќе му тече. Штом не кашла нема тт ништо не му е. Ако се сомневаш давај витамин ц во капки. Оние Пико ц по 7 капки еднаш на ден.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Здраво и мојата има исто, а и првото дете има, како модринка изгледа, докторката ми рече дека е нормално бидејќи јас сум со потемен тен, а бебето е многу бело. Не се секирај.
    Јас си имам друг проблем, малата е 5+ месеци, неколку дена пред 5 месеци почнав со цврста храна супер си прифати, но еве веќе четири дена се мачи никако не може да кака, ќе се мачи, ќе се стега и одвај едно топче, што да и дадам да и олеснам?
     
  11. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Бебињата околу 3-4 месеци, дали цело време ги оставате дома да лежат на рамно или ги поткревате малку на перниче на нешто? Деновиве дека и тече носот ми рекоа да ја поткревам малку на перниче и некако помалку ми се засркнува вака, па да ја оставам и за играње ако не штети, поубаво гледа поинтересно и е.
     
  12. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.243
    Пол:
    Женски
    Бевме до кај матичната Марчи, таа констатира дека е обична настинка, ама јас во паника да не се влоши. Капче за дома не би ставала, ама да, топло си е облечена. Фала
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.000
    Допаѓања:
    190.145
    Пол:
    Женски
    Тамам работа да се облака уште потопло и да се става капче, капче посебно освен за надвор кога е ладно никако поинаку не се препорачува. Треба само да е соодветно и полесно облечено, бебињата не трпат топло оти само ќе се влоши состојбата.
    Сите педијатри препорачуваат прошетка на воздух, дури и кога има температура ако е расположено многу подобро ќе им прија воздухот надвор отколку затворени дома. Нормално, да е соодветно облечено и времето надвор да дозволува прошетка.


    Последно време мое бебле гугањето скроз го замени со пискање. Знам дека открива нови работи и се ново и е интересно.. ама па веќе некое време не “збори” како што си “збореше” претходно... :?:
    Уште нема никаков интерес за храна. А месецов зголеми дупло цицање. Дали тоа што од еднаш ноќе, почна активно да цица повеќе пати може да значи дека млекото мое не и доволно? Читам на интернет дека во 4ти месец цицањето пред спиење е доволно да го задоволи бебето за целата ноќ да не мора да побара, а мојава во 4ти почна дупло да бара. Дали до скокот е или едноставно веќе не ја заситува?! :?: За 6 дена 5 месеци ќе праиме.
     
    На koritsaki, BabyT*, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.403
    Допаѓања:
    28.417
    Јас го поткревам на перница преку ден кога си играме, ортопедот ни рече дека може да го подигаме.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    8.129
    Допаѓања:
    116.052
    Пол:
    Женски
    Поткревај ја и додека спие нека спие поткрената, не е добро да и се слеваат надолу мрсулите и да се засркнува :)
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Gaga.sk

    Gaga.sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    499
    Пол:
    Женски
    Ni potoplo da se oblekuva nitu kapce da se stava ne e pozelno. Ti si nosas kapce koga si nastinata? Kako ti, taka i bebus.
    I se vadi nadvor, na svez vozduh, toa e najzdravo.
     
    На Sofi.ja, marchi-cool, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Бебево ми е 4 ден те со мрсулав, те затнат нос. Нема тт, кашла само ако е легната на грб повремено и како да се закашлува од слевање на мрсули (мое мислење), ако ја поткренам на перница не кашла. Си цица си има апетит, весела, игра, се смее. Неколку души од околу ми се качија на глава од синоќа, 4 дена не и поминува, носете ја на доктор. Почнувам да се нервирам. Мене ми личи на обична настинка и според консултациите со сите тука со настинати бебиња ама па да не грешам нешто да се правам паметна. Мислите ли дека треба да ја однесам?

    Вчера беше како оздравена, ни нос ни бутур, од синоќа почна пак носето.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.611
    Пол:
    Женски
    Нема врска. Има бебиња кои се на АД па се будат сто пати навечер. А има и доени бебиња кои од старт ја преспиваат ноќта.


    И мене ми се препорачуваше од педијатар да вадам болно или настинато бебе / дете надвор на сонце и на воздух. Сега не кога гори од температура или има грозница, ама ако е игриво и ок, да го извадам малце затоа што свеж воздух им годи.

    Се согласувам за вадењето надвор. За гугање - ќе учи нови работи и ќе има период ќе биде позборлеста, па поќутлива..

    А за млекото не мислам дека е така, така да ич не би се секирала. Точно е дека ноќните будења не се веќе толку резултат на глад колку што се резултат на барање блискост и сигурност, но будењето не значи дека не му стига млекото. И деца кои ги одбиваат се будат уште навечер. Деца велам. Големки, кои јадат 3 оброци и 2 ужинки. :)

    Издржете уште малце, затоа што толку брзо растат што ќе ви фали сето ова. Се чудам кога ми поминаа 5 години! Пред 5 години држев бебенце за прв пат во рацете. Сега игра, скока, и за година на училиште ќе трга. А јас ко вчера да се прашував како изгледа кога прв пат ќе ми рече "мама, те сакам".

    @EvieBabe зависи од кашлицата. Ако имаш впечаток како да ѝ свират градите обавезно на лекар. Ако е само носето.. не би. Физиолошки ставај. И следи ситуација.
     
    На Presrekna, Sofi.ja, marchi-cool и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    25.041
    Пол:
    Женски
    Бебе за некој ден прави 5 месеци.
    Зголемува подои, а ја се надевам ќе намали. (facepalm)
    Мајка ми се запнала гладен ти е, затоа цело време бара да цица не го држи:^) аман више.(lalala)

    А експресно брзо се нацицува. За 3минути е готов:D
    Пресмешен е сега. Кога е гладен е нервозен и после 3мин цица и таков се смее. Како дрога да му е млеково:rofl:

    Педијатар ни рече од 5+ да почнеме со вкусови, ама ја абер немам за почнување некако8-|
    Иако он почнува да се интересира за храна во последно(fingers)
    Па ќе видиме што ќе правиме. Ваљда ќе чекам до 6.

    Од пред некоја вечер почна да спие во вреќа. Се преродив:party:
    Помирно спие и не ми се буди одма само што ќе го ставам во креветче. (fingers)
     
    На Sofi.ja, Yowannty, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.243
    Пол:
    Женски
    Значи генерациски сите исти сме, ама и од околината напнуват со тоа гладно е:punch:
    Вреќите се закон:D
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.