Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Кога почнавме со дохрана и кога стигна да јаде и по 200 гр овошна каша.. после кашата вриштеше за цице. Сигурно не беше гладна. Ќе цицнеше 3-4 мин. и ќе заспиеше среќна.
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. E*N

    E*N Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Бебето ми е 3.5 месеци, на доење е и сега и земав чајче на hipp со коморачa без шеќер да и дадам. Дали некој го користи и по колку милилитри да и давам и како да го приготвам (колку вода колку чај) на упатството ништо не пишува а ми рекоа колку вода пие толку и чај, но таа водата не ја пие ја шмука па ја плука си игра повеќе.
    Овој чај и го купив.

    IMG_20200110_124732.jpg
     
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.576
    Допаѓања:
    184.807
    Пол:
    Женски
    Леле бе исто. (facepalm) Мене нема кој да ми збори нешто, сами сме, па ја сама си праам филмови. :headbang:
    Ја никако да почнам во вреќичка да ја ставам а од кога велам (facepalm)конечно валда вечерва, цело креветче го исправ вчера, па ќе видиме колку ќе успеам да одржам збор. :D

    @Kaetana од една страна генералните препораки се нели ексклузивно доење до 6ти оти млекото има се што му треба на бебето до тогаш. Од друга страна, бебле освен првиот месец, втор и трет не цицаше ноќе многу, само колку да призаспие. А сега во 4ти, цица активно по 20-30 мин. ноќе и затоа се стаив на мисла... а абер нема да посака од нашето ние дур јадеме..
    А со вода се почнува паралелно со кашичките?
     
    На Мариаа., Mia Fuentes и marchi-cool им се допаѓа ова.
  4. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    На бебчо на главчето има како првут да речам, како бело..од што може да е?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.271
    Пол:
    Женски
    Теменица, или ира. Кај сите бебиња се појавува. Мачкање со масло пред бањање, да постои пола саат, после се чешла со мало чешле или четка во текот на бањањето и после, испаѓа. Неколку пати да се повтори, ќе се исчисти.
     
    На Baby boo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски


    Кое масло?:^)
    ( Дома имам Бекутан...)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.271
    Пол:
    Женски
    Какво имаш, такво, може и маслиново, кокосово...
     
    На Baby boo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Baby boo

    Baby boo Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2018
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Аха, фала ти многу :$
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    епа тоа е работата,сите педијатри различно кажуваат. А ние тупи се одејќи по второ - трето мислење кога има нешто бебето. Капче препорачувале за да не дојде до заболувања на ушите. Демек кај бебиња и ушињата ги болело при поголема настинка па као ова да му било топло на ушите.
    леле и јас забележав исто погоре се пожали на тоа. Јас воведов и пробување на храна. Еве веќе 2 недели ама како што поминува секој ден не му стасуваат 3-4 лажички. Јас давам да проба тоа си бара да јаде а на пр цицано па после сат време да вкуси и после сат време пак да цица. Да не речам ама мислам дека на 2 саати цицање малку му е,како да бара почесто. За 4 дена правиме 5 месеци па ќе одам на контрола да видам до каде сме. А башка се па и спиењето го намали и ништо не му се погаѓа. Дали може сме близу до 5ти скок... :^)
    јас земав од хип бидејќи од Бекутан слушнав немало а и не смееле да чуваат по аптекиве (не знам зошто) ама па не се сеќавам дали беше ваков дали од анасон.... Во филтер кесички е? Ако да тој во 200 мл превриена вода се става едно кесиче стои 5мин и таа количина се дава во рок од 24 часа.
    јас давам 3-4 лажички каша и 3-4 лажачки вода. Вода не обожава,и претходно сум му давала само низ уста така колку да се наводени и толку а па од кашичките бара повеќе.

    Вчера го ставам бебчо на меше крева глава врат и нозе. Грбчето го виткаше како лак. Е ама ми беше ептен смешно. Исто забележав дека кога го чувам во раце со грбот прилепен за мене да гледа напред си претка држи глава и еден момент ќе се наведне и ќе си го потпре главчето на раката моја. Ваљда е нормално.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.271
    Пол:
    Женски
    Капата нема да спречи да се воспалат ушите ако носот е затнат и полн со секрет. Така што, џабе е капа да носи. Никој нормален не претоплува бебе кога е болно, ниту пак му става капа, големи се шансите да се прегрее.
     
    На duffi, marchi-cool, Sofi.ja и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Вреќичка користам оти лудово мое прета со раце и нозе и често со ќебенцето се покрива преку глава. И нормално, јас ако го оставам со ќебе покриен нема да можам мирно да спијам.
    Е лошо е за навечер за пелена менување, но почнав да не му менувам преку ноќ бидејќи само моча, а сабајле одма му менувам оти му е преполна.

    Млекото и понатаму останува воглавно исто со нутритивна вредност, не дека во 6 месец преку ноќ ќе се смени. Финтата е што бебето се раѓа со одредени резерви на железо кои најчесто траат некаде до кај 6 месец (некои бебиња имаат помалку, некои бебиња пак имаат поголеми резерви). Затоа се почнува со воведување на исхрана. Ама постојат многу случаи каде што бебето не прифаќа одма цврста храна, или не е спремно, па било ексклузивно доено до 7… па и 8 месеци. Пријателка моја е таков случај. Муабетот ми е дека млекото е такво да ги задоволува потребите на бебето и после 6 месец. Единствена маана му е што има многу малку железо во него. Нека си цица кога сака. Не е правило дека со тек на време треба да намали ноќни подои. Големо дете, да. Ама 4-5 месеци... Уште е бебе доенче.

    Водичка се нуди со оброци. Кога ќе почнеш со оброк, тогаш. Јас нудев во чашка со клунче. Мислам дека се "распи" вода кога ептен имаше цел оброк, а не кога пробуваше вкусови.
     
    На marchi-cool, Sofi.ja, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    7.705
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Се приклучувам и во оваа тема, добро ве најдов :D. Бебе има 12 дена. Уште фаќаме ред со спиење и цицање. Не му додавам ад, исклучиво цица. Во принцип спие преку ноќта и станува за цицање 2 пати. Ама некогаш се случува да се успие и 5-6 саати. Преку ден си цица на 2-3.. Мене паника ме фаќа да не остане гладно и не напредува. Кога ќе претера вака со спиење, го будам. После он се зеза со мене нормално. Дали вие ги будите за јадење бебушите кога ќе се успијат? За понатаму знам дека е и нормално повеќе да преспива од ноќта, ама сега бебе е ептен мало, не знам немам памет..
     
  13. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Освен ако има жолтица или доктор ако ти рекол, нема потреба да будиш бебе. Кога ќе е гладно ќе бара само.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    7.705
    Пол:
    Женски
    Па сега почна да ми се успива вака. На педијатар сме за некој ден, баш ќе прашам.. Зошто сегде се среќавам со информации дека бебето мора да јаде на 2-3 часа. Насабајле кога ќе стане цица подолго, ваљда надохнадува за ноќта..
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.222
    Допаѓања:
    124.964
    Однеси го , мало е да го преслушаат
     
  16. Kukle1

    Kukle1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Девојки од каде да најдам подлога за спиење под агол?
     
  17. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Пак јас со мрсулите(facepalm)
    Ве молам некој нека ми објасни како е тоа фамозно тапкање по грбот за да не спушти шлајмот во плуќа? Мислам како ги држите бебињата, исправени, наведнати, не сфаќам:wasntme:
    Фала ви и сори за замарање
     
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Мајка немам такво нешто видено, можиш да ставаш свиткана крпа како геврек под душекот
     
  19. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    Доколку општата состојба на бебето е добра односно: весело е, јаде, нема тт (дури и да има тт до 38 ) ништо нема да и дадат на лекар. Само физиолошки и чистење носе. Доколку кашлањето стане подлабоко и се интензивира тогаш носи ја на лекар. Ова со носето може да трае помеѓу 7-10 дена.
    Сепак, ако ти е ептен на мисла однеси ја.
     
    Последна измена: 10 јануари 2020
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    И пишав на докторката попладнево, објаснив ситуација, ми рече Не се секирај, само чисти носе. Обична настинка е.

    Така и мислев, цело време им викам Си го знам детето, осеќам дека е добра - Носи ја па носи ја... А гледам дека не е ништо сериозно. Аман од луѓе.
     
    На Mia Fuentes, The Unicorn и Adams им се допаѓа ова.