Ќе го земеш бебето на твоите нозе, со мешето надолу, значи да лежи на стомак, при што грбот и главата да бидат подолу од нозете, накосо, раката ќе му ја ставиш под вратот и градите како потпора. Со дланката благо свиткана во полукруг, тапкаш по грпчето да слушнеш тап звук. Не премногу слабо, не премногу силно. Немам слика да ти пуштам како. Се надевам разбра.
Ова тапкањево не беше за ако веќе има спуштено на плуќа , па да се одлепи шлајмот? Што ќе се тапка ако нема на плуќа и секретот е горе само?
Прекрасно опишано, фала, златна си!! Јас како си мислев како за ждригање стварно не знам Кој знае, јас превентивно
Мислам дека без потреба ќе го мачиш бебето. Нема нешто како превентивно тапкање, џабе е ако нема ништо на плуќа. Се прави превентивно за да не симне на плуќа, се чисти носе за да нема секрет. Кога бевме во болница и на бебиња со симнато на плуќа па ги преслушуваа цело време да видат кога е зрел секретот за да ги тапкаат.
Никогаш не сум будела бебе за цицање, врзувал и по 7часа кога беше помал и сега и супер си напредува и над просек. И никогаш не дум кревала за да пождригне бидејки така ми се успива ако го кренам се буди.
Дали менувате памперс преку ноќ? Пред еден саат го сменив, го нацицав и заспа Сега еве пак се покака а спие цврсто. Што да правам , да му менуван пак ? После секое цицање кака и во 3 ноќеска кога ќе цица ќе се покака. Инаку има две недели син ми.
Ако е мочкан само не менувам, а какан менувам обавезно. Првите недели сите често какаат. Моето е скоро три месеци и кака еднаш до два пати во денот ама ноќе веќе не кака само мочка
Кога ќе го сетев дека кака обавезно му мењавав. Може да ти се вцрви газето поголема белја ќе се направи.
Немој да си направиш беља да го будиш Моето спиеше повеќе саати сврзано ноќе на почетокот,почнав да го будам за млеко, и патронажна и педијатар ми рекоа остави го, сам ќе си побара. Дури и кога стагнираше во тежина,му додавав измолзено со шише после доење,ама не го будев. Ќе си фати вака ред и ќе си тера,ако е гладно ќе се разбуди. И нормално е да сврзе 5-6 саати сон, не секое го прави тоа,биди среќна ќе поспиеш на моево 3-4 пати до сега му се има случено,се наспивам тогаш Не менувам, менувам пред спиење,некаде 22,23 часот. На почетокот повеќе какаше ноќе и сам плачеше за да му сменам, сега во последно време ноќе не кака,ама затоа пелената е може 2кг тешка од мочки се случува и кај 8,9 сабајле да се искака ама го чекам да стане од спиење па му ја менувам. Некогаш знае мало црвенило на газето да се појави,мачкам Судокрем и до следна промена на памперс го снемува.
@Sofi.ja Еве сега спиеше повеќе од 7, ама и мајката беше скапана па си се изнаспавме.. Ама ноќеска се утепа од цицање пред да заспие, може си има резерви. И преку ден на 2 саати јаде, се надевам доволно му е. На контрола ќе видиме како напредува, многу се секирам
Колку е родено? Педијатри препорачуваат само предвреме родени деца и деца со жолтица да се будат за храна. Ако си расте супер нема потреба да го будиш, си надокнадува кога ќе стане.
за ова баш читав на pedijatar.mk докторка објаснуваше многу детално. Бебињата се раѓаат со резерви на железо и антитела примени интраутерина кои некаде кон 3-4 месец опаѓале па можни биле благи настинки тој период кој ќе поттикнат активирање на имуниот систем. Мајчиното млеко пренесува антиела во доволна количина за заштита на бебето од болести до 6тиот месец а после тоа благо опаѓаат. Меѓутоа останатите нутритивни вредности остануваат исти. Као демек тоа е така за белите крвни зрнца кај бебето да почнат да си ја вршат својата функција како заштита од болести. Ако го најдам линкот ќе го постирам зашто е поопширно и доста корисно. добредојде и нека е здраво и живо бебчето. За фаќање ред уште долго ќе се мачите ама се ќе си дојде на место. За будење на бебе за да цица или да се даде АД млеко не се буди. Не знам од каде некои педијатри советуваат будење. Бебе на почеток расте со доволно сон. Односно секој нормален човек за добро функционирање прво му е потребен квалитетен сон па така е и со бебињата. Одкако ќе си се наспие само ќе си стане за цицање. За килажа ќе си качи секако нека не ви мачкаат очи дека бебиња родени под 3 кг требало да се будат. Ќе си качат килажа. Еве моето се роди со 3 кг падна на 2700 не испишаа со 2800 и ниту еднаш не рекоа да се буди бебето. Па еве на 3 месеци ја дуплира тежината наместо на 6 како што се очекува. јас на големиот така му спречив да фати бронхитис. Ти ќе седнеш и едната нога ќе ја исправиш бебе ќе легнеш со главата над колено а со нозете кај твојот колк. Фактички тоа е наведнато надолу. Дланката не треба да ти биде како "шамари да маваш" туку собрана како да треба вода да држиш во рака (малку објаснувањава се.. ама мислам ќе сфатиш) и така го тупкаш бебчо нешто помалку од минута по плуќа. Ако има нешто да видиш како ќе го откорне од внатре и ќе го искашла. И за тоа не треба да се чека да има детето мрсулчиња или да кашла. Еднаш неделно може да се прави ваква дренажа на плуќата. Јас тоа у години на големиот го правам. Уште на пракса од факултет го знам,на сите кои повеќе време поминуваат во лежење им се препорачува. Annath пократко ти објасни
Здраво ,моето бебе е 5+ имаше 2дена температура но тоа го средивме направивме крвна слика матичната рече дека е вирус ,нема потреба од лекарства само да следиме,но еве го од вчера почна да кашла суво,нема шлајмови и одбива да цица. Дали има нешто за грло што би можела да го давам ,дали да му правам чајче од тоа што е на бекутан со камилица и анасон,нешто на природна база или слично?
Ако е мочкан не. Ако се искака обавезно менувам во почетокот знаеше повеќе да кака сега кака еднаш до два пати. Ретко се случува ноќе
3040 е родено, испишано 2970. 6 дена после раѓање беше 3100.. Нема жолтица. Еве го од 8 станат 3 пат цица сега..
Мајки користите ли некои апликации и кои? Се интересирам за The Wonder weeks, ако може да ми сликите како изгледа иконичката. На Play Store има повеќе, да не утнам. Исто сакам да прашам, постои ли апликација на македонски?
Ќерка ми (3 ипол месеци, родена 35+2, 2160 грама, сега околу 4800) сака да се исправи да седне. Значи зема залет и крева истовремено глава, раменици и нозе, како да прави стомачни. Уште па ако е поткрената на перница или и подадеш раче, целата се дига како кифла. Дали е ова нормално за оваа возраст, дали треба да пробам некако да ја спречувам (ако уопште можам)? Инаку не се превртува уште, не се смее на глас, си игра уствари си прави само тоа што нејзе и е кеф