Јас ја користам и Huckleberry, некој од форумов ја предложи.. Има посебно за бележење на време на спиење, менување пелени, цицање/јадење... Јас бележам само спиење зошто мојов преку ден цица мн често како му текне, а сега само 1 на ден кака па лесно следам дали е какан. Ова со спиењето бележам за да видам колку саата спие вкупно и корисно е што после 3 дена внесени информации ти дава апликацијата приближно време кога треба да спие. Имам и kinedu апликација за активности со бебе ама скоро и да не ја отворам. И babycentre ја имам од бременост следев која недела што се случува и сега ми дава информации за бебето што да очекувам за неговата возраст и има корисни статии. Ептен апликации сум имала.. Ама таков човек сум, генерално читам многу а и сакам да знам што му се случува во мозочето и како да го поттикнам неговото развивање.
Обично на контролата кај ортопед, мислам беше околу 4ри месеци, кажува кога може да се постави на 45 степени. Нас ни покажа и во скут како да ја држиме, исто на 45 степени и слободно може сама да се исправува. Само да не е потпрена позади, значи пак да може да се спушти кога ќе се умори. Инаку, се што прави детето само е океј, се што не е исфорсирано.
Незнам зошто не можам да ја симнам Wonder weeks. На e-bank ми стига известување за неуспешно плаќање поради надминат интернет лимит??? Мислењево не е за тука знам, но дека дискутиравме за апликацијата претходно.
@EvieBabe истово почна деновиве да го прави и мојава ќерка (и ние сме 3.5 месеци родена 36 недела 3150 гр), плус со стапалцата прави како да гази во легната состојба ,се подигнува нагоре т.е. стомачето го подигнува мене веќе ми е страв да ја оставам сама. Прееска лежеше и и падна цуцлата покрај неа , се обиде да се сврти на страна да ја фати цуцлата со устата - ама не успеа веќе нема сама оставање не знам кога може да изненади
Колку милилитри мајчино млеко му е доволно на бебе од две недели за еден подој? Незнам колку да и оставам на мајка ми да му даде.
Go odnesovme Bebe na svadba, ( ne klasicna vo takov golem restoran, Kako kafic/restoran Sto e ), sedevme samo Pola saat, od koi 5 min bese so muzicka vo zivo, Dali pogresiv ...nemase na kogo da go ostavam, morase so nas..samo da ne ima nekoja posledica mi e strav
Што би можело да биде...ништо. не се препорачува бебе во гужви во затворен простор бидејќи е сезона на вируси и може лесно да се разболи и да се вознемири од гласна музика. Но не значи дека одма ќе го фати нешто, поентата е да се поштеди колку што е можно повеќе.
Здраво мами, за прв пат да пишам на темава. Сакам да прашам дали некоја мајка што имала бактерија стрптокока, откриена во микробиолошките брисеви во 35 недела во текот на бременоста, после пороѓајот се префлила на бебето? Ние сме се уште во болница, и баш заради таа стрептокока, најдена во крвта. Малечкото веќе неколку дена прима терапија, ама некако нема разултати. Ќе не задржат уште во болница. Терапијата ја примаше во раче, денес гледам во главче ја боцнале, светот ми се стемни. Ве молам да споделите искуства.
Дојдов да се пожалам тука. Од утре 22ра недела по термин а од вторник сме 5ти месец. Дал скок ќе не фаќа дали не фатил не знам ама знам дека мене почна глава да ме боли и да ми станува мачно. Спие на секои 2 саати по 20 мин. Таман ништо да не направам. Или доволно колку за во вц или да јадам. Толку. Останатото будно време претежно се тегне кемка час плаче час се смее не може да му се погоди ни враце ни легнато. Си викам да не е болно да не е настинато ама нема тт носе на моменти ко ќе е плачлив му тече инаку не. Апетит има цица нормално. Навечер немирно спие се вртка ама не плаче и призаспива ама мене ми пречи и ме буди. Раце искина од ставање во уста и е нервозен. Со мисла сум утре да одам на матичен да го ѕирнат оти не знам,ќе полудам. Не кашла уши не го болат кака еднаш на ден па да не има мака со мешето што знам... Да не вади заби... А за 10 дена сме на вакцина. Едит: забележав ноќеска едно време се слушаше како да грчи во носето.
Дали бебето кога јаде се засркнува и како го подигате? Моето е 9 дена и го дохранувам со АМ со калма цуцла и секој ден барем по еднаш се засркнува како да се дави,сета се стресувам
Зборено е зборено за ова на темава охооо, скоро сите се засркнуваат. Моево е 3.5 месеци и уште се засркнува повремено, а кога беше помала по 7-8-9 пати дневно. Сврти го на страна, тапкај по грпче. Ако не си дојде на себе, крени го во раце во вис и благо протреси држејќи му го главчето фиксирано одзади за вратчето или сврти го на меше на рака и со другата по грпче. Страшно е знам ама не се плаши. Ќе отрпнеш
ништо нема да му е. И јас на 6 месеци го имам носено,освен што е галама и гужва ништо друго не му пречеше
@Starlič Да, и кај нас беше таков случај. Ми рекоа од инфекција од мене се пренела на бебето. На пораѓај кажав дека имав позитивен брис на стрептокока(јас примив и терапија претходно - Ампицилин и вагиналети Полигинакс). Дали ставиле они антибиотик во инфузијата пред пораѓај - не знам. Малово примаше околу 17 дена антибиотик бидејќи била појака инфекцијата. За боцкањето во главче исто и кај нас беше (само моево примаше крв а не антибиотик таму). Јас кога го видов се расплакав. Сестрата ми рече така направиле дека во рачето се изместила канилата и за тоа го боцнале во главчето(и нешто рече полесно било таму). Докторите веројатно ќе сменат и антибиотик ако е потребно. Битно е дека сте таму под надзор. Ти посакувам побрзо да се среди и да си одите дома