Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Кај си бе ти женска? Не сум те сретнала воопшто во темава :) Или си памтиш ти се од прво дете :)
     
  2. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Јас ја имав ама бев со царски и рекоа секако и со царски за време на пораѓај пуштале антибиотик ако си позитивен на стрптокока и не ја пренесов.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    И јас се царски се породив, примив и јас нешто како антибиотик пред пороѓај,ама сепак се пренесе. А пред пороѓај пиев мислам цефалексин, даден од матичен гинеколог.
     
  4. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    143.037
    Си знам се:D Не, сериозно немам баш време за пишување. Едно хиперактивно 4 годишно и едно бебе и можност имам само за читање,ретко можам да пишам.
    Вие како сте?
     
    На bela.m, Kaetana, Mia Fuentes и 2 други им се допаѓа ова.
  5. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Добрички сме... Ни јас не сум веќе толку активна како во Труднички; откако е родено малово се понашам како да не сум на породилно туку паралелно бебе, работа на компјутер, работа низ дома и не останува на крај време за мене ни минута :) Ама забавно е! :lol:
     
    На bela.m, Kaetana, flower30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Колку време ве задржаа во болница поради бактеријата, или дома си примавте антибиотик?
     
  7. лукајана

    лукајана Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    506
    Пол:
    Женски
    И јас бев позитивна на бактеријата, примав терапија пред пораѓај и антибиотик ми ставија на пораѓај. Кај бебето после раѓање според нив превентивно уклучија антибиотик во раче. Четири дена останавме во болница и кога не пуштија му дадоа пет дена да пие сируп Цефалексин. После пет дена го однесовме на педијатар беше супет и му го прекина сирупот.
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  8. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    143.037
    Ние имавме и друг проблем и лежевме таму 14 дена, а после на Детска Клиника. Ама додека лежевме на ГАК инфекцијата не беше скроз излечена. Менуваа и додаваа антибиотици.

    Ама не мора да значи дека и кај вас ќе биде така. А ти примаше терапија за стрептокока?!
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Да примав. Гинекологот ми даде Цефалексин пиев 4 дена, и пред да ме породат инфузија, наводно и тоа антибиотик некој било. Затворена во 4 ѕида, си ја губам силата.
     
  10. flower30

    flower30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    7.933
    Допаѓања:
    143.037
    Оф јас потполно те разбирам. Поминав 30 дена во болница. Попуштив психички многу.
    Те читав колку мака имаше и до пораѓај. Ама не се секирај. Они ќе проверуваат крвна слика со црп (бар така знам) и ќе пратат како е инфекцијата. Една жена што беше со мене во соба бебето имаше малку покачено црп ама и препиша сируп и ги пуштија дома по 4 дена.
    Битно таму сте под надзор. Знам колку е мачно, ама заради бебето ќе мора да издржиш. А со тебе е малото?!
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Дечки бе, неколку дена МНОГУ ми се јаде; одеднаш некој апетит нездрав. Дали дека почнав и теретана ама не одам секој ден, а секој ден ми се крка. Благо, солено, количински... :( Не знам што ми стана, маж ми вика Доиш, е ама не дојам неделава само, дојам 3.5 месеци, а аптетитот до сега откако сум породена ми беше сосема нормален, па и потпросечен. Дали дека минатата недела пиев витамин Ц 1000 за настинката на малово скоро цела недела, што знам.

    Да не е некоја фаза овој период после пораѓај? Ме фаќа страв колку ми се јаде. Едвај дојдов до 1.5кг од почетна тежина и сега нејќам назад :)
     
    На simonagj му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.271
    Пол:
    Женски
    Трошиш повеќе. Доењето влече повеќе резерви колку е поголемо детето. Ама особено вежбањето разјадува. Салати и овошје повеќе јади. И течности пиј обавезно. Дека губиш со потење при вежбањето.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Старлич внук ми исто имаше. Го боцкаа во главче исто. За 10 дена беа домче. Не се секирај, ќе биде се океј. На сигурно сте :*
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.451
    Допаѓања:
    18.702
    Контрола на педијатар трет месец.
    Прв дел,околу закажување.
    Прво не можеше да најде термин во втора смена :x барам во втора за да дојде и мм, не може да излегува од работа во прва. И беше тешко да ми одговори на вибер, 3 дена се допишувавме, и барам после 16,ми вика не може во 16,ако сакаш 19:30. Ѕвонам не крева,пак пишувам на вибер,нема одговор. Случајно се погодува пријатели да одат на контрола,викам дај прашајте за нас дали важи тоа во 19:30 да одиме утре. Прашале,превртела очи као еве сакав да и пишам може. Демек се подналутила малце. Ајде бе. Шо не даде број од сестрата па неа да и ѕвониме за закажување,кога докторката не ни крева на телефон? Или да сум безобразна да се избацам без термин. Катастрофа.

    Втор дел, во амбуланта
    Пристигаме 19:30. Пред врата две деца со родители,внатре уште едно. Чекаме 30мин во чекална не толку затоплена, излегува случајно вика влезете во другата ординација,ќе дојдам. Влеговме,го расоблеков бебе,го ставив на подлога. Го играме,му пееме,чекаме...во меѓувреме доаѓа друго бебе го прима од другата врата. Тоа почнува да плаче. Се натажува и моево,пуштаме песни го смируваме. Конечно после 45мин откако дојдовме се појави докторката.

    Трет дел, преглед
    Диши,диши-добро е, што капки користите, реков д3+к1 и вигантол по 1 капка. Ќе продолжите вигантол и сега ќе земете д3 со омега. Едвај изусти зошто ни дала вигантол,многу брзо растел малиот. Го измери 7кг и 70 грама,машала батко, ќе ве ставам на диета. Ние се смееме,како диета на доење. Вика нема цицање на 2мин. Па не цица на 2мин туку на 2-3 часа.
    Како диета? Епа така ноќните подои да му ги кратам.
    Кога ќе се разбудел ноќе за цицање да сум го презаспала да не јадел. Требало да си легнува стрикно во 21 и да спие сабајле до 7 без да се разбуди:o и јас би сакала да се наспијам ама не е робот да го навијам. Бебе е,3 месеци има. И кажав легнува 21/22/23 спие до 11 насабајле и има 3 дремки преку ден. Верувам дека кога ќе се воведе цврста храна треба порано да легнува за порано да станува и да има време за три оброка,ама постепено ќе се среди и тоа.
    Следно нешто почна да му врти со ноџињата,викам вежби нешто треба? Па да кружни движења, напред назад со ноџињата, колено и дланка да се допре, раце горе доле,подигнуваење за прсти во седечка положба,ставање на страна да се сврти на меше. Значи ако не си прашаш не мора да знаеш и да правиш.
    Го гледа курето да го отварате,и кажуваме пробуваме не ни успева баш, рече во вода? И си промрморе,нешто му беше црвенко за ова ќе земете крема со цинк.
    На едното окце има како дупче во делот кај носето и кажувам дека знае да му солзи. А па ќе го масирате. А како да го масираме,кога,колку пати??
    Ниту ме праша за вакцините,ниту дали сме биле на ортопед.
    Јаготка на шлагот беше кога со шпатулата да му прегледа грло го изгреба и малиот викна со цел глас да плаче. Ама плачење како никогаш до сега,плачење од болка. Она само искоментира упс се извинувам и се тргна од него. Го земав го исправив,цуцла му дадов плука,го нишкам,го шетам,татко му песна му пушти ништо не го смирува пишти. Срцето ме здоболе,на крај извадив цицка му пикнав. Она дреме, ни дава совет да престане, ни приоѓа,ни реагира. И завршило работното време и чека да излеземе. Каде е лекарската хуманост? Сестрата слушнала,дотрча вика да не треба нешто:!:
    Се осетив непријатно, сосе детето голо по боди и памперс,ставено на цицка излегов во чекална. Го покрив со ќебе,малце поцица,се подсмири, распославме јакните на клупата го облеков и заминавме.

    Многу,многу бев лута,желудник ме здоболе од нервоза. И од тоа што го повреди,и од тоа што така шалабајзерски беше прегледот колку ради реда и за тоа што не изреагира,да рече чекај мајка смири го,облечи го, да даде совет некој за во следните 30 дена до следна контрола.
    Одма почнав да размислувам за друг педијатар,мм ми промрче ајде до сега бевме задоволни.
    Значи асален доктор да нема,ни за бременост,ни педијатар ни за ништо:doh:

    Дали премногу очекувам од прегледот кај педијатарот?
    Генерациски бебиња,што пропуштаме ние?
    Дали добро се грижиме за бебињата и правиме се како шо треба во одредена возраст?
    И така ми е огромен постов,барем да си го пофалам ортопедот Талески,на прегледот ми рече ако нешто не ти е јасно пиши ми на маил. Му пишав,одма ми врати исцрпен одговор.
    Ќе споделам со вас:
    Со 3 полни месеци се прави стимулација со играчка во висина на уво со цел бебето со спротивната рака сакајќи да ја дофати играчката да се преврти на меше. Тоа се прави цел месец.
    Со 4 полни месеци бебето се поставува накоесно,агол од 45.
    Со полни 5 месеци бебе се поставува на хранилка на највисоко ниво под агол од 80 степени,за да има избор дали ќе се исправи на 90 или ќе остане на 80.
    Од 7ми месец пожелно е да се става бебето на под на меше со цел да ја зајакне мускулатурата.
    *ова за машко бебе се однесува,не знам дали е исто за женски
     
    На Lianna Anna, Mia Fuentes, bela.m и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.576
    Допаѓања:
    184.819
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja без разлика колку сте биле задоволни претходно, еднаш фали да покаже скроз непрофесионален однос и да си ја расипе сликата за неа. Ја би сменила педијатар.
    Знам дека е нервозно, ама имаш здраво право дете, па сега смири се мајка.

    За што во кој месец треба и како да се стимулира бебе имаш се на интернет. Ќе си прашаш и овде и ќе добиеш еден куп совети, девојкиве со поголемки бебиња и дечиња знаат повеќе па и советуваат подобро оти поминале низ па... истото. :)

    За делот подолу.

    Не се сложувам дека со полни 4 мора одма да се накоси. Од причина што секое бебе се развива различно, па не може да постои универзално правило. Сум против да се форсира пред 4 месеци, ама секој за свое дете си одлучува. Па покрај препораките исто се следи и самото бебе. Треба и тоа да е спремно, мое бебе не беше. Не е работата само стаи го и смеј те се. Треба и нему да му е пријатно. Скоро 3 недели подоцна мојава сама покажа дека е спремна. Вчера ми текна дека може, па и на релаксаторот и сменив ниво и беше многу возбудена што е подисправена. Тоа е периодот на пример од 4 месеци до 5 самото ќе си даде знаци, па зошто да се форсира.
    Еве 2 недели како почна сама да се подига. Многу бебиња тоа го прават порано. Ама да ја седнам во хранилка немам намера. Ние правиме вежби. Ме фаќа за прстите и сама се исправа до седечка позиција, многу сака да е седната, радостии е, ама толку од силата, брзо паѓа назад.
    Бебе на под на стомак да се стаи на 7 месеци прв пат е доцна. Се става од прв месец за да јача мускулатура. И повторно секое се развива различно.
     
    На Lianna Anna, Mia Fuentes, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Каде е бре оваа докторка ваква? :^) Ние упорно во Систина тераме, презадоволни секој преглед си одиме. Висина, тежина, голо бебе проверка целосна, диши души, грлце ако треба, договарање околу капки витамини цицање, напредок, вежби... Осет да се немало. Што доктори ќе беа.

    Ние искрено правиме вежби што мене ќе ми текне или ќе видам на интернет. Кружни со ноџиња, допир раче со ноџе, мавтање со играчки во различна висина и насока пред лице за да врти главче и поглед, да вежба окца; на меше најмалку сака ама ја легнувам барем по 3-4 мин дневно, на страна ја легнувам па и помагам држејќи ја за раче да се сврти за да научи сама, збориме, мелеме, пееме, викаме, се смееме за да “збори” и она со нас. Нашево е многу цврсто и мускулесто некако, кој како ја земе во раце тоа го коментира, па еве ја веќе се крева сама нагоре како да сака да седне, како стомачни да прави, дури цело лице го стега од напор како возрасен :D Ваљда баш како што вика Јованти, сами покажуваат што можат и што им треба.

    Само (отеков со ова, напорна сум знам :rofl: ама со душа го чекам и се нервирам зошто уште нејќе) не се смее на глас и не се смее, само во сон знае хахах да испушти вербално инаку вака само се клешти придружено со онака возбудено аааа, ааахааа, ууууу. Мислам сите други бебиња овде се смееја на глас дом3.5 месеци :wasntme:
     
    На Mia Fuentes и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно се согласувам за делов околу седнување, накосување и се тоа.
    И мојов на 4 месеци не можеше. Се клати бебе лево десно. Покасно и почна главата цврсто да ја држи. Во хранилка сигурно нема во скоро време да го седнам,ете го полни 5 ќе има за некој ден ама не е уште спремен за така да седи.
    Не го форсирам. Кога ќе покаже дека може и сака,тогаш.

    @Sofi.ja
    Педијатаров боли глава е.
    И јас не сум нешто многу задоволна од нашиов, ама ова ептен катастрофа.
     
    На Mia Fuentes, Yowannty и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  18. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    6.560
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja се изнервирав што читав само за докторкава... Ако можеш, носи си го приватно. Јас сум презадоволна од Систина. Секогаш на време, пречисто, детален преглед, секогаш добивам исцрпни одговори на моите 1000 прашања, разговараме за напредокот, што е следно итн. Проблем е што сето тоа кошта, ама до годинка планирам таму да го носам. Го имам однесено и кај матичната ама главно се водам според препораките на докторот што не води во Систина.
     
    На Mia Fuentes, bela.m и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Може ли бебе да плаче да рика ко ќе му избиваат заби? Ептен мака видов минатава недела. Се само кемкаше нервозно се тегне час плаче час се смее... Денес се откорна од плачење и од стискање на рацете со вилицата. Ајфе врти соблакај маситај да не е меше ама не,грчеви сме немале меше лабаво,какано 2 пати денес. За заби мачкам глече ама не сум забележала дека нешто е на повидок. Може ќе видам одкако ќе му излезе :lol:
     
  20. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Ние од енци менци купивме околу 700-800 денари..
     
    На Kukle1 му/ѝ се допаѓа ова.