Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ако бебето се напило плодова вода одма се приметува затоа што бебето бљуцка зеленикава течност, плус д-рите ти кажуваат од едноставна причина што бебето го задржуваат на опсервација затоа што некогаш не може самото да ја избљуцка, па со цевче му го чистат грлцето и желудчето мислам, му ставаат и кислород да дише затоа што му е отежнато дишењето. Знам затоа што моето бебе се имаше напиено плодова вода и два дена беше на опсервација. :(

    Инаку тоа што крчи може и да му е рефлукс, едноставно млекцето му оди нагоре надоле, не го проголтува целото убаво. Ништо страшно. :)
     
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Не бери гајле Божице, ќе менува уште многу пати, еднаш ќе сака нешто, после ќе се чудиш зошто го одбива :D Само смирено и давај опции, да видиш кои и` се желбите за вкусови, па тоа да даваш во поголеми количини и во повеќето комбинации :)
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Дали имате искуства со инхалации???
    Ние никако да се опоравиме. 3дена стававме маст хлорафеникол и капки физиолошки со цитерал 2:1, вчера бевме на контрола но не ни кажаа ништо, ни дали да продолжиме со што ништо , само добри сте , плуќа чиста, може за вакцина.
    Е арно ама јас си ја слушам по цел ден, синоќа не ни сиеше убаво зошто се нервира што е затната, додуша не е затната да неможе да дише на нос, но и сметат кога ќе и се насберат мрсули, а тоа многу се слуша и не звучи ама ич убаво.
    Ова е веќе две недели и мене не ми се допаѓа, се си мислам да можеше барем еднаш да го дувне носето веќе ќе беше подруго.
    Правам инхалации, ама со тенџере зоврена вода со лажица сол, мислам дека има ефект но минимален, зошто по инхалацијата вадиме мрсули по малку. Сега од вчера нема веќе зелени мрсули, туку само прозирни но насобрани.
    Ептен ми е страв, па се јавив на јатрва ми да ми позајми инхалатор, да видиме дали ќе има ефект, па да знам да си купам еден.
    Користите ли вие инхалатори??? Какви, од каде, цени???
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.685
    Да земиш обавезно инхалатор и да и` правиш ладни инхалации со физиолошки раствор само. Ќе и` олеснуваш многу + обавезно после тоа да и` ги влечиш мрсулчињата со усен аспиратор

    [​IMG]

    Можно е да нема повеќе врска со бактеријата, туку едноставно и` заглавува млекце во носните канали па фрчи. Со погорниот третман ќе и` олеснуваш многу, особено пред спиење.

    Јас лично се` уште не би ја носела на вакцина...

    п.с. Што се однесува до инхалаторот, мојот е сличен на овој

    [​IMG]

    Го земавме околу 2500ден, од Зегин, италијански е, и има маска и за бебиња и за возрасни.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Скроз истото аспираторче го имам и постојано го користиме, мене ми е доста ефикасен и лесен за употреба + не ја оштетува слузницата.
    НА вакцина ни јас не би ја носела, тоа и се нервирам, детето една бактерија во себе, организмот си се бори, па уште и вирус да му пуштаат, луда работа според мене. Само никако не ми влегува во глава како докторката одобри вакцинирање :?:
    Некако се мислам дали воопшто да ја вакцинирам некогаш. Иако ги имам примено сите вакцини, многу работи се имам изначитено и на два памета сум. Сеуште планирам да “истражувам“ деновиве, а и на маж ми да му дадам да чита, зошто за него е несфатливо како да не се вакцинира и како е тоа можно, па нека се едуцира малку.
    Фала ти Моира, да видам како ќе ни се покаже денес инхалацијата со инхалатор, па дефинитивно ќе земам еден ако е добро, секако ќе се најде, неискористен нема да остане, дај Боже да не е за малата само, аман веќе :worried:
     
  6. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    Јас немам инхалатор, кога имаме проблем инхалираме при бањање, ова од докторката ми е, бања со камилица, со потопличка вода, да се испари, па го бањаш и нам ни помага...
    Инаку синко мој веќе не е на дохрана и сега ми е страв, еве цела недела како исцицува по една града на подој, другата не сака ни да ја види, а по подојот и меѓу подоите обвавезно си бљуцка засирено млекце, СЕУШТЕ, па не знам дали напредува и дали нема апетит или јас претерав со тоа чаеви, боза.... :( Во вторник сме на контрола, па ќе видиме :hug:
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.598
    Допаѓања:
    104.316
    Пол:
    Женски
    Meu направи и пак брис. Да не те преплашам али на една познаничка детето од вакцина си почина. Значи мајки внимавајте многу. Докторката не го прегледала асално и го вакцинирале, по две недели започнало да крева температура, па падна во кома, и за еден месец почина, а здраво право бебнце, едно напредно што беше. Е сеа ова се екстремни случаи, ама па да ти биде мирна душичката едноставно прегледај си ја пак и брис и се и ќе ти биде јасно.
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    ^
    Вакви муабети не се за на маса, нема потреба да се ствара паника и директно обраќање со -да не те плашам АМА...нема да ја исплашиш, ќе ја укочиш од непотребен страв...Знаеме сите дека болно дете не се вакцинира, нема потреба од вакви страшни примери...
     
    На butterfly6223, imorena, kallias и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Направи си една крвна слика со crp и брис од нос и грло па после на вакцина. Нема да и биде ништо ако малце закасните со вакцини важно детето да е здраво кога ке прима вакцина.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас имам едно глупаво прашање, дури срам ми е и да прашам, ама јаде. :tmi:
    Со ова аспираторот за нос, вие влечете, а мрсулите не стигаат во уста? Гледав едно ама некако тоа цревото многу кратко беше, па се чудам како функционира !?
    И каков препорачувате да земам?
     
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Мауа си има филтерче и не влегуваат кај тебе в уста. Само влееш воздух навнатре, а мрсулките сами си излегуваат и се лепат во пенкалцето да го наречам. Јас топло го препорачувам на Нез Фрида го имало во Зегин закои си 500 или 600 ден мислам, наназад низ темава го имаме споменето а и во бебешка опрема накај првите страни имаш слики и повеќе искуства.
     
    На Mayyya му/ѝ се допаѓа ова.
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    АИТ нема ни да одам, нека се среди малата, да се одзатне носето, па ќе видиме понатаму, прво брис ке направиме додека не излезе негативен нема примање вакцини.
    Од многу информации кои сум ги собрала низ нет се мислам што да правиме за вакцините, дали воопшто да ги примаме :worried:
    Факт е дека има секакви случаеви, се и сешто се случува. Јас викам, ние, што е до нас максимално ќе дадеме од себе за да ги исчуваме децата, но Господ здравје да им даде, друго ништо не е поважно.
     
    На pianogirl и AIT им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.137
    Пол:
    Женски
    Девојки, малку полабаво, инаку ќе почнам да бришам ;)

    MeU, најдобро ти е во водата во која ја бањаш да раствориш малку морска сол, ќе си влезе малку во носето, малку ќе дише, па ќе се чисти и на тој начин. Јас само така правам, посебно кога беше помал, носот до 6 месеци му беше затнат оти нонстоп бљуцкаше, ама после се повлече само од себе.

    Што се однесува до инхалација, јас не би правела кај толку мало бебе. Поготово што педијатар не препорачува инхалација кај деца до година дена, барем не класична, со маска. Подобро да ја ставиш во близина на тенџере со вода што испарува, со растворена морска сол, па така да дише, отколку директно да и ставиш маска на устата и носето, нема да знае како треба. Од други препарати за инхалација нема потреба.

    Моира, ти си и правела инхалација на ќерка ти? Мене педијатар ми забрани, па не применував такво нешто.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Аннатх, сега малку ме замисли со муабетов за инхалаторот, ние веке неколку недели да не речам месеци сме со носе што течи, грчи, подкашлува.
    Исто и јас му правам во тенџерче со морска сол, малку колку што може да диши.
    Е сега имаме пријатели и тоа едни со едно мало детенце и уште едни со две мали дечина кои имаат купено инхалатори и правевеме муабет и ми потенцираа дека е стварно реална потреба да земам за малиот.
    Со докотр не сум се консултирала, последниот пат кога бевем на контрола и на крвната слика му се покажа мала вироза ми рече по природен пат и со домашни инхалации како што и правиме, не ни го пашав за инхалатор.
    Со мм денеовиве правиме муабет дека планираме да земиме еден.Цените и не се баш нешто евтинки од 3000-5000 се движат.
    Сега ме замисли, зошто, твојот совет е да не земаме, односно на педијатарот?


    Меу за вакцините баш ради иситие причини и информациите кои јас ги собрав од интернет јас малиот не го носев на вакцини, сакав барем да најдам некоја врска за тетнаус само да прими ако има некаде само тетанус доза, но чекам да биди скоз добар, без затнато носе и добра крвна слика.
    И најверојатно се што ке прима од вакцини и ако прима ке биди после 12 месеци.
    И јас сум на сто умови сакам како и секој родител да го направам најдоброто за моето дете , а оваа индустрија со вакцините малку ме загрижува и плаши. :(
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    ДеМело колкаво е твоето дете?? Имате ли примено нешто од вакцини до сегА???
    Се што опиша од симптоми имаме и ние, само носето не ни тече, туку е затнато.
    Јас земав инхалатор, но сега незнам која е дозата со физиолошкиот раствор. А имам и морска сол, па додека да дознаам ова ќе продолжиме со тенџере и морска сол. Мачно е зошто мислам дека скоро ништо не вдишува, а стојам и јас со неа на иста висина, за да имам контрола, па на крај јас излегувам со растечен нос, а госпожата, врткајќи се на една па на друга страна како да не сме правеле инхалација :x
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Зошто инхалатор за затното носе? Јас колку што знам многу бебиња го имаат овој проблем, го имаше и моето и се решава со капки за нос, морска сол, ете и пумпица за нос...Штом докторите ја слушнале и рекле дека нема ништо на гради нема потреба од паника...
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    meU немаш голем избор околу вакцинација на детето. Мора да се вакцинирате.
     
  18. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Осум и пол месеци сме, сме примиле прва доза хепатит б што ја даваат 24 часа од кога ке се роди и втора доза на два месеци.
    Со носето од 2 месец се бориме, но благи симтоми беа тогаш, стававме Марисол и Аква Марис капки, и со тенџеретото со морска сол, исто и во бањање во кадичката.
    Но пред две недели , почна и со кашлица нокно тешко дишење и грчење, го имаше видено педијатарот правевме и крвна слика, рече природно со домашни инхалации и свежо овошје, тоа секако ни е на мени од 4 и пол месеци секој ден, вие мислам дека сте уште малечки.
    Се надевам дека се доите,знаеш доењето е незаменливо и млекото ствара најголем имунитет кај малото.
    За инхалаторот не знам, пишав погоре размислуваме да земиме, но сега Анатх ме стави во мисла.

    За вакцинирањето, грл1985 не е морално, секој родител одлучува за своето дете.
    Јас дури не стекни добар имунитет и не видам екстра добра крвна слика моето дете не го пракам на вакцини, и потоа е прашање со консултација ке видиме кои ке ги прими.
    Кај нас здравствениот систем доцни,се ставаат вакцини за болести кои ги нема веке 30 години(Во Европа никој не ви кажува дека вашето дете мора да прими вакцини , напротив се разговара со родителите детално се објануваат можните нус појави, поради зачестеноста на аутизмот и се оставаат самите родители да си одлучат) , а да не зборувам за квалитетот на истите, сите добро знаеме од кај ги набавуваат и кој е нивниот состав.
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Не е баш така. Знам многу луѓе кои по свој избор не ги вакцинираат децата, тука, во Мк. Лекарите настапуваат така, МОРА и готово, ама не е така. Никој не може да те принуди на било каква лекарска интервенција ако не сакаш. Посебно ако на пример побарате на писмено кои и какви компликации и последици може да има од вакцината (не реакција, туку токму последица), или ако побарате на писмено да ве известат за законските санкции во случај да не се вакцинира детето итн. Значи, ставот МОРА не е точен, зависи колку енергија е спремен човек да вложи во тоа и секако дали верува или не во потребата од вакцинирање.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.646
    Допаѓања:
    202.137
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажа педијатар дека бебето при таква класична инхалација со маска не знае дека треба да го вдише топлиот воздух што ќе му надојде, може да се уплаши, па ќе почне да плаче, џабе маската. Башка што нема шанси да ти седи повеќе од пет минути со маска на лицето. Подобра опција е шатор за инхалација, или во близина на тенџере со вода што испарува. Ептен ако мора, значи, ако има шлајм кој што не може никако поинаку да се исфрли, и постои опасност да се симне на бели дробови, тогаш класична инхалација, макар и со сила, бидејќи во секој случај е подобра опција од антибиотик. Инхалатор е добра инвестиција ако детето почесто има проблеми со дишните патишта, односно често настинува. Инаку, не мора, мислам дека и кај матичен лекар може да се прави по потреба (зборам за поголеми деца), а освен тоа, кога се инхалира со други препарати освен со физиолошки раствор, препорачливо е под надзор на лекар, или евентуално дома, во строго пропишани дози.
    Секаде на интернет пишува дека инхалацијата може да се применува кај доенчиња, бебиња и деца, што мене ме зачуди, ама можеби и мојов педијатар греши?

    Инаку, јас син ми го инхалирам само кога го бањам. Повеќе немало потреба, фала му на Бога. Деновиве и тој беше затнат. Има уште малку шлајм, ама не дава ни физиолошки раствор да му ставам во носот, ниту пак со аспиратор да му го извлечам. Само бањањето ми помага. Што убаво беше кога беше мал, ем полесно, ем поинтересно. Сега не сака.
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.