Јас колку што знам баш напротив, од светската здравствена организација со години наназад препорачуваат при ексклузивно доење ако бебето си напредува да се тера такадо 6 месеци, а потоа постепено да се воведуваат вкусови. Јас така и сторив со првата ќерка, така ќе терам и со вторава. Топло ти го препорачувам истото.
Леле истo се хипнoтизира да jа oставиш и 1 час ќе си гледа. Не е убавo за oчињата сакам да избегавам.
еве ја нашата прва крвна слика. Некаде после 3 месеци. Вредностите... Шаренило. Ама битно матичниот рече добро е. дали секретот од носето е погуст со бела боја? Штом не му е многу растечен нема мака. Обично настинка ко ќе има прилично течни мрсулчиња има ама ако е расположено немаш гајле а за лигавењето ич да не правиме муабет. Кај нас мислиш чешма е пуштена. мене матичнипт ми рече од 4ти да дадам кашички а патронажната рече немој немаш потреба. Првото дете почнав да го дохранувам на неполни 4 месеци а сега почнавме од 4ипол со пробување вкусови и тоа не секој ден.
Дрвојки ај ве молам тие штосте породени со царски дали после некое време имавте како оток на едната страна,јас еве пред 2 дена приметив на левата страна имам како оток над шиеното и ме наболува на таа страна,дали е нормално или да одам на лекар?
Јас сум пред 6 месеци царски на почетокот имав како топка од едната страна, нормално е тоа е каде што завршуваат конците. А болка сум немала.
Мајки во паѓаат ли косите? Цели прамени ми паѓаат еве веќе цел месец, бебето ми е 4 месеци. Некој ми спомна петролеј можело да се користи при доење не знам дали да пробам
Не да ми паѓа, кај и да е без коса ќе останам. Таман ми се среди малку после првата бременост, дојде и втора и пак исто. Нормално е да паѓа некој месец, ама веќе се нервирам секаде влакна. Решив да ја ишишам пократко, а не е лошо и некои витамини дополнително да пиеме. Додуша имам уште цела кутија од премама ама заборавам да се напијам. А после првата бременост знам купив еден спреј против опаѓање и после капење прскав и се масирав на главата. Ама сега немам време, мијам коса, сушам набрзина и пак со штипка ја фаќам. За петролеј не знам искрено, прв пат слушам.
Се врти како не. Се зезаме со мм како чиче некое вести прати. Ама штом го приметиме му застануваме пред лице ќе му зборнеме нешто и се врти накај нас. Не можеш да скриеш кога и ние родителите гледаме,освен да биде изгасен тв. Тогаш па со телефоните во раце ќе бидеме Како тоа не секој ден? Храната не е играчка па денес ќе си играме утре не. Ако си почнала со воведување вкусови нема назад,ќе испроба се и ќе почне каши да си јаде. Не може денес ќе цицаме,утре каши ќе јадеме
Јас би размислила сериозно за промена на педијатарот. И не заради тоа што била груба во прегледот, ниту заради тоа што била некултурна - ај, може не ѝ е ден, иако и тоа не е оправдување, туку заради грешни совети за доењето и спиењето. @Nina1985 се согласувам комплетно со тоа што го пишала @kockichka погоре!
Па мислам скоро на сите им паѓа, хормонски е и пролазен период е, тие што дојат имаме пролактин до плафон така да се е тоа очекувано. По некој месец ке престане и косата ке се обнови. По мене ништо овде не помага,едноставно треба да си помине периодот додека да се среди хормонскиот статус.
Da ne si krenala nesto potesko od bebeto?Mene mi rekoa nisto potesko od bebe da ne krevam na pocetok ama jas se zaboravav i isto si napraviv otok i me bolese ,ama za brzo se povlece.Stavaj ladna obloga na mestoto.
Колку парацетамол од сируп може да се дава на 4 месечно бебе? 6 и пол килограми има. Дома имам чепчиња еферлган, сега видов дека се до 6кг, значи малку ќе и биди дозата. И сируп имам парацетамол, ама упатството не го чувам. Инаку од вакцината очекувам да се појави температура. Да сум спремна. Или да одам да земам чепчиња за поголема килажа?
2-2,5ml сируп на 6 часа, по потреба и на пократко растојание не помало од 4 часа, за што се надевам нема да имате потреба.
Дозата е пола од килажата, ако бебето има 6кг, значи 3 мл на 6 часа. Чепчињата за поголема килажа се до 9 кг мислам. Сосема нормално, фазата се вика ефлувиум, и паѓа целата коса што не испаднала во бремноста. Накај 8-9 месеци ќе престане да паѓа. Може да потпомогнеш со драстично кратење ако имаш долга коса и витамини на база на Б-комплекс, ама уште повеќе ќе ти отворат апетит. Кај мене кратењето имаше голем ефект, ама не зборам за кратење од сантим-два, туку солидно кратење, од коса што беше до пола грб, ја скратив до под уши. Петролеј не.
Генерацијо 5+ на колку време цицате? Ние некогаш на 2ипол саати, некогаш 3саати,некогаш не бара 4 саати.. До сега ред беше на 2,ама не бара веќе на толку. Последно време ми повраќа па си викам да не му давам на краток временски рок. И... бебе си нервира ако е легнат или потпрен на нешто. Значи пишти вришти, и се исправа цело време. Ако лежи ја подига главата, ако е потпрен на нешто станува напред скроз. Му пишав на ортопедот вика ако сам сака остави го, не го спречувај. На контрола сме крај на месец. За два дена правиме 5 месеци. Рано да не му е Он иначе подолго време се напнувше, ама сега ептен има сила и се исправа да седи.
Се што може сам да прави, нека прави. Само под надзор да е, да не се преврти или нешто слично, не го спречувај.
Точно кратењето помага. Кас имав до половината ја скратив скроз жица сега блакно не паѓа. А и мене 100 кг ми се симнаа од глава
Цица на 2,5-3 саати, сега се поголеми и веројатно се најадуваат убво за пократко време, па им држи ситост. И моето се исправа сам во положба за седење и го оставам не го спречувам.