Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мајки сакам да прашам за столица кај бебе од 20 дена некогаш е жолта некогаш жолто зелена и низ неа има како семки од сончоглед. А кога е само жолто златна е чиста нема ништо. Има ли некој вакво искуство и од што може да е. Инаку сме на адаптирано од почеток. Извинете за деталниот опис
     
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    18.878
    За зрнцата знам дека е непреработено млеко (ние сме на доење тоа ми го кажаа за мајчино)
    За бојата и моево менува некогаш златно жолта , со зрнца ило без,некогаш жолто зелена,некогаш сенф боја.
     
    На koritsaki и Sreka16 им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. За цицањето ние уште сме на тоа кога сака и колку сака. Некогаш на сат ипол некогаш на 2
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    18.878
    Мајки ми стигна резултатот од пап,ми пиша сестрата има инфекција треба да примаш терапија.
    До сега никогаш на пап не ми покажало инфекција (освен пред 8 години за хпв)
    Ако имате искуство каква инфекција може да биде? И како се лечи,дали со вагиналети или таблети? (Со оглед на доењето..:x )
    И не ми е јасно како во бременост 3 пати направив брисеви ниедна немаше..или може сега мм ми ја префрлил?
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.444
    Допаѓања:
    111.222
    Пол:
    Женски
    Денеска сме 4 месеци, бевме на педијатар, беба супер напредува, одлично ја држи главата, и реков гуга, се смее , писка силно , е сега уште се нема свртено. Ми рече рано е за тоа, следниот месец, меѓувреме ми кажа вежби какви да правиме да и потпомогнам да се врти :lol: месецов има качено 600 грама, така да сме 6кг.
    Ми даде зелено светло во врска со полуседечката положба па така да и ја подигнав количката на првото ниво :)
    Ја примивме и втората доза од првата (шестовалентната ) вакцина. Ја гледам сега дека е нервозна ептен па најверојатно ќе и дадам парацетамол да се потсмири малку.
    Земавме и упат за да снимаме бубрези, па со Господ напред во понеделник ќе правиме ехо :sweat:
     
    На Kaetana, KuklickaSk, Mia Fuentes и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.588
    Пол:
    Женски
    Здраво мами. Последниве неколку дена бебе ми бљуцка. А преку ден некогаш се заборава на цицка. Јас се уште не знам колку му е доволно и го нудам, а он како што си има мака со мешето од сабајле, му одговара и дреме.. Од прејадување ли повраќа или? :(
     
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.521
    Допаѓања:
    18.878
    Ако повратеното личи на урда,прејадено е.
     
  8. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    @koritsaki и ние денес примивме вакцина. Оваа ни е прва после тие на болница. Одлагавме бидејќи беше настината. Кемкава е и мојата, температура 37.5 сега и мерев, имаат поминато 11 саати од вакцината. Не знам дали да и дадам парцетамол или да чекам повисока. Само лепенка и ставив на боцнатото.
    Прегледот добро помина, тежината и е супер 6500 грама, долга 60.5см. Уште една недела ќе полни 4 месеци.
    Само за вежби ништо не ми кажаа, освен тие за колкчињата.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.444
    Допаѓања:
    111.222
    Пол:
    Женски
    @Magic13 супер сте :inlove:
    Моево зајде од плачење сега, педијатаров ми рече можам и ако е нервозна мн да и дадам парацетамол , а температура нема...и дадов 3мл според тежината пола го голтна, пола го плукна (facepalm) па ја ставив да цицне и заспа. Дури солзи и течеа уффф :( ќе помине што да правиме:(
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    ова кај вас редовна контрола е или нешто на ваше барање? Бидејќи кај нас никогаш не се спомнува ехо на бубрезите освен ако нема навистина некој проблем.

    Инаку прееска не довршив во коментарот за @Мариаа. Генерацијо што само се накрева да стане да седне не го спречувај. Можеш со помош да го доисправиш ама да го спречуваш не. Моето кога "вежба стомачни" и пробува да стане од лежечка во седечка го фаќам за рачиња и благо го кревам додека не дојде до седечка положба. Не го оставам така да седи и веднаш го легнувам. Кога само ќе заседи тогаш ќе дозволам подолго седење. Инаку ние научивме во 20та недела да се вртиме само на лева страна а во 21ва на лева страна и на меше после си го вади рачето и леже со крената глава. На моменти ќе си легне на меше со глава настрана. Многу е слатко. Е ама маката е што не можам веќе да го оставам само морам да сум со него или кој и да е да биде присутен.
     
    На Мариаа. му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Мојата цица на 1,5-2 часа преку ден ноќе на 6-7 часа.

    Инаку ЗАГРИЖЕНА сум што овие два дена немам доволно млеко. Бебе трга трга ќе се нервира и плаче.
    Морав вчера да и дадам АД, вечерва пак.
    Многу тешко ми слегува млекото и кога ќе слезе кратко време цица со голтање , а потоа плаче бидејќи нема млеко. Вечерва прв пат заспа со АД и се осеаќам виновно.
    Сега ќе се измолзам, па да видиме ноќеска како ќе помине.
    Инаку вчера се вративме од Банско малку сум заморена, неспана, цела вечер со куфери и машини се траштав. Денес пак. Исто сум и ослабната доста.
    Денес бевме на педијатар за недела дена во Банско е напредната 300 грама што е одлично.
    Дали може преку ноќ да ми секне млекото.
    @Mia Fuentes , @Kaetana , @Lianna Anna мислам дека се постручни за доењето. Ќе ве молам за совет со бавното слегување на млекото и некој совет да си останеме на доење, бидејки палчица ама воопшто не го сака АД и често го повраќа.

    Инаку @Мариаа. И мојата седнува сама и веќе кренавме количка на 1 ниво 45 степени. Денес др ми рече ок е ако сама го прави.
     
    На Mia Fuentes, Magic13 и Мариаа. им се допаѓа ова.
  12. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Душа мала :inlove: Ајде ќе помине.
    Денес срце ми се кинеше кога ја боцнаа. Како си беше весела, насмеана со сестрите и докторките, кога ја боцнаа без воздух остана од плачење. :(
    Се слушнав и јас со педијатарот, рече пред спиење да и дадам парацетамол, да ја опушти.
    Со дохрана кога почнувате?
    Мене денес ми кажаа слободно може до 6 само на доење бидејќи убаво напредува. Родена е 2740, на неполни 4 месеци има 6500. Така да има време за кашички :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.615
    Допаѓања:
    10.686
    Пол:
    Женски
    Можеби намаленото млекце се должи на умор, ненаспаност ...гледај да бидеш одморени, редовно јади и пиј течности мила.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.000
    Допаѓања:
    190.151
    Пол:
    Женски
    Мојава си цица на 2 саати. Од досада си бара и на еден саат, за да си игра фати пушти и сега последно сака да гледа наопаку. На пример да ја држам ја како за доење, а таа да ја наведнува главата наопаку и така да си разгледува.

    Додека лежи хоризонтала сеуште не пробува да седне сама, пробува само ако е подигната на перница. Се подига до седечка позиција само ако ме држи мене за прсти и до пред 2 дена тоа траеше неколку секунди и паѓаше назад, а еве 2 дена како е поцврста и ако се држи за мене не паѓа.
    Од грб на стомак се врти лесно ама обратно тешко и оди и почнува да плаче. Уште ја нема усовршено таа тактика.
    На ортопед не сме биле. Педијатар детално ја прегледува и кога прашав за ортопед ми рече ако има потреба секако ќе не прати.
    Е сега, почна плачењето да го користи како протест кога нешто не сака, или за да добие тоа што сака. Е тоа баш и не ми се допаѓа. :D
     
    На Mia Fuentes, Sofi.ja, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.444
    Допаѓања:
    111.222
    Пол:
    Женски
    @Magic13 да , дај и , јас ќе видам ако пак плаче така ептен , ќе и дадам за 4 саата пак.
    Инаку , со дохрана од 6 месеци и ние сме само на доење :) и мене ми рече супер сме сега , штом напредува не ни треба нешто плус (моето е родено 36 недела 3125 кг )
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.403
    Допаѓања:
    206.455
    Пол:
    Женски
    Промената влијае на тоа што детето не цица. Дека преку ноќ ќе секне млеко, не баш. Освен ако немаш некој екстремно тежок стрес. Можеби и скок во развој поминува.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.628
    Пол:
    Женски
    Незнам колкави сте, ама према муабетот го поминувате скокот ризичен за доењето. Исти бевме со судни маки, плачеше она, плачев јас и пикав цицка, дур дојде млеко нервози па пак плачки. Период е не се откажувај. Јас не давав Ад.
     
    На Kaetana и Presrekna им се допаѓа ова.
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    За некој ден полни 5 месеци.21-22 недела по термин. До сега скоковите ги поминивавме незабележано. Немаше никакви промени.
    И јас сум против АД но морав вечерва да дадам. Како што пишав во темата доење многу труд и трпение вложив за да стигне до тука само со доење, но не жалам. За мене доењето е задоволство.
    @Septemvri @Annath ви благодарам и вас. После 1 час откако заспа со АД ,се измолзив околу 110мл. Значи има млеко. Малку ни треба да се вратиме во колосек. Како што рече и @Annath патувањето делува на бебе, па и на мене. Или е некој период. Инаку немав никаков стрес.
    Сепак во благодарам.
     
    На marchi-cool и BabyT* им се допаѓа ова.
  19. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.505
    Пол:
    Женски
    3 мл не е многу? Нас ни препиша матичниот 2.5 мл. За температура а за болка да давам помала доза - 2/3 од тие 2.5 мл. Колку е тешка? Ние 6+ кг бевме ко ни ја препиша дозата.
    @Presrekna како што кажа annath преку ноќ не секнува млекото. Сега со воспоставена лактација мислам дека шансите за секнување се многу мали. Плус и ете со молзење 110 мл си извадила а со цицање бебе повеќе влече. Ама сигурно му е некој период или заби или не му ќејфот. Не дава АД јас така првите 2 месеца еднаш во денот давав АД мислејќи дека не му е доволно дека нема да може да спие... За на крај последните две кутии повеќе од пола да го фрлам оти нели не траат повеќе од 3 недели после отварање. И баталив АД.
     
    На koritsaki и Presrekna им се допаѓа ова.
  20. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.249
    Пол:
    Женски
    Мајка воопшто не сум експерт, а и една од помладите тука сум само имам голема желба за доење:D

    Како што ти пиша некој погоре, мислам дека и ти си била преморена, и на бебе му дојде промена па затоа така ти делувало, а пак и штом си измолзила толку, супер сте :clap:

    А знаеш и сама, бебињата менуваат, па скок, па непогодени, па заби, од се по нешто:D
     
    На Kaetana и Presrekna им се допаѓа ова.