@marchi-cool ова за бубрезите не прати педијатарот, ќерка ми се роди со две дупчиња на увото , и исто така има малку поразлична форма , дупчињата се вакви, едно има напред и едно позади ресичката на сликата се гледаат. Наводно луѓето што се раѓаат со вакви дупчиња докторите ги поврзуваат со некои аномалии на бубрезите а и не мора да значи дека ќе има нешто.. Од тоа на ресичката минатиот месец излезе нешто ко бело ко гној, ама докторката рече не било гној зошто не ја боли. И рече да не го стискаме. Читав на интернет ги има под назив preauricual pit.. Ако некоја има бебе/дете со вакви дупчиња на ушите баш би ме интересирале и др мислења.. А за сирупот ми рече според тежината (6кг) да и давам 3мл..
И моето бебе има направено ехо на мозок колк и бубрези во болница одма по раѓање чисто превентивно дека е родено пред време. Незнам дали на сите им прават јас се пиродив во Плодност ако има некоја мама исто породена таму нека каже
Мене во клиниката каде што се породив (во Грција се породив) ништо не ми спомнаа ни за дупчињата, ни за бубрезите.. потоа на педијатар кај што ја носиме кога и реков дека од едното дупче нешто бело густо излезе тогаш рече да и направиме ехо на бубрези. Работата е што на сите скрининзи кога бев бремена се беше во ред со нејзините бубрези , па се надевам дека сега нема нешто да најдат..
Здраво. За запек кај 2 месеци бебе колку дена беше нормално да не е искакано? Пред недела дена една недела чекав па му ставив чепче со консултација со педијатар, после тоа 4 дена,па сега веќе 5ти ден уште нема ништо, само гасови кои многу му мирисаат. И чај од суви сливи пијам не му помага. Колку сливи да сварам? Или нема врска?
Што ставате за црвенило на вратче? Од што му се превиткува кожата има жар црвена линија. Пробано со пудра во прав,јекодерм и не се смирува. Дали може судокрем или нешто друго?
@koritsaki не се секирај, сигурно се ќе биде во ред. @Sofi.ja од истата крема што ја користиш за пеленска регија. И на мојата и се црвенееше во линии каде што се преклопуваше. Од кремата ќе поминеше, ама наредно кога ќе се запотеше пак исто. Па не форсирав креми оти џабе е, кожата се преклопува. Замивав само со памукче и чиста вода. Кога и се издолжи вратчето и почна повеќе да мрда глава, си помина само од себе.
Моето прими во средата шестовалентна плус рота.. Од средата вечер малаксан со температура се затна скроз, на педијатар крвна слика, ни кажаа закачил друг вирус. На сите 7 вируси што ги прими преку вакцина си закачи уште еден. Ќе пукнам од мака на целото чување пред вакцина да биде здрав, нити гости сме имале нити сум го носела во затворен простор, само шетавме на отворено на чист воздух. крвна слика супер пред вакцина, стварно не знам како вака лошо поминавме. Сега борба да не му отиде на плуќа со инхалации, аспирации, плачки зошто не знае да дише на уста и не може да дише. Ќе пукнам од мака.
Исто сме и ние, после вакцина и двајцата клапнаа. Купивме инхалатор, матичната едниот и го аспирираше, вадам мрсолчиња со пумпица, мачкам ароматичен балзам на плуќа и грбче. Подобри се. Ама се пренервирав!
На ексклузивно доење е нормално до десет дена да не се кака. Ако не се витка, не се мачи, весело е, редовно мочка, нема зошто да ставаш чепчиња, само ќе се искака. Дали столицата е течна или тврда кога ќе се искака? Ако има запек, тврда и сува ќе биде.
Аман бре луѓе, од вакцината нешто па да не е, или не може да даде таа таква реакција? Ние треба да ја примиме шестовалентната на 05.02 заедно сп втора доза рота - сега ме фати страв и шубе и мене. И онака нерви скинав од настинката, уште нешто полошо ми фали.
Мене од прва доза рота дете ми се искина од грчеви друга реакција не ама грчеви страшни за греови беше на 3 ден. Сега е добар уште утре и понина една недела
Течна му е. Некогаш е вознемирен некогаш е супер, пелени си полни нормално. Можно е дека јадам почесто сува храна некое време.
Ние немавме реакциjа oд првата рoта и шестo. вакцина, oсвен пoтечна стoлица. Бебка лежи им се се смее и кoга jа бoцнаа вo нoџе и дoктoрката се извади oд памет кoга заjде oд плачење. Душички
На сајтот на вакцината RotaTeq во несакани реакции пишува дека ЧЕСТИ несакани последици се и кашлање, кивање, инфекција на уво, воспалено грло. Не знам само зошто не кажуваат на вакцинален пункт туку кажуваат само диареа. Знам колку е лош рота вирусот од блиски луѓе кои го поминале и секако ќе го вакцинирав, само треба подобро да не информираат.
Задолжително е рота да се прими? Јас не би ставила да не е при вакви нус ефекти.Ете за ќерка ми не ставив, 3 години е, ја немаше тогаш, па како ја пазам неа така и него.