Ние во ред сме сега, само тој ден кога ја прими плачеше до зајдување, беше вознемирена , душиче сега сме во ред. Туку мене ме загрижува зошто кака толку ретко , во неделата еднаш , два пати само и кажав на докторкара ми вика а дали е течна столицата, викам да течна е и толку не ми рече ништо повеќе. Си мочка нормално се, ама со какањево некако не ми е ок
Ако напредува во ред ич не се секирај, значи дека млекото што го внесува од тебе е максимално искористено па нема што да исфрли. Ако се грчи, се витка, ако е раздразлива, има грчеви, тогаш некакањето и праи проблем, ако напредува и е расположена и еднаш неделно да кака не е проблем. Следи ако има во каката како бели топчиња значи има запек, мојава има одвреме навреме па па тогаш знае да има грчеви. Ама пак само со масирање на стомачето поминува.
Мене после 3 месец цели прамени, да ти е страв да се исчешлаш.Ја скратив , исфарбав, алпецин зедов и Jamison таблети за коса,нокти,кожа. Можам да кажам дека за мбогу брзо имаше ефект,веќе нова коса ми расти
и ние какаме на 2 дена си викам да не има мака да не не може да се искака да не има запек ама не забележувам дека се мачи при какање. Се мислам да дадам компот од варени суви сливи незасладен или па кашичка од слива да дадам. Пак кај прашав сите викаат нормално е ако гледаш дека бебе нема мака.
И мojата какаше на два-три дена така oбилнo и течнo. Истo ми кажаа дека се пoправала. Ќе се регулира.
Моето од почетокот имаше мака со какање какаше секој ден по 2 3 пати ама со мака тешко сет се вцрвуваше плачеше се тегнеше а столицата нормална. Се управи некаде од 2.5 месеци сега сме 3 не се забележубва кога се кака.
Женски која е нормална температура кај бебиња? Бебушот не е покакан три дена, па пробав со топломерче со врвот во газето но пак не сака.. иначе случајно мерев 37 со 4 има.. нормално е тоа?
Ректално мерење со аксиларен ( под мишка ) термометр, не е исто како под пазува. Скалата се чита различно. Ректалната е секогаш повисока од аксиларната.Инаку нема тт. Уживај
Девојки дали давате пробиотик на вашите бебиња? Ние сме 7 недели и го прашав матичниот за биогаја или ваја и тој ми вели нема потреба се било добро со бебето, а гледам скоро секоја мајка дава. Ние за грчеви примаме еспумисан но кога сака да прдка или кака некогаш и кога мочка се грчи цела и плаче. Некогаш не може да се искака и плаче и ставам топломерче и одма и олесне. Логично кога размислеш прдкањето е поврзано со цревата а пробиотикот е добар па за нив.
на првото би капка пробиотик не сум му дала се до 6тата година кога фати кандида на грлото. Доктор ми препиша бидејќи таа бактерија (candida albicans)кога ќе слезе на дигестивен систем знае да биде опасна. За бебево дадов пробиотик кога ја прими првата вакцина рота. Мораше. Почна да се грчи да кака лигаво ко шлајм да има да кака пролив некогаш многу често некогаш еднаш на два дена.... Ама ако нема потреба не давај пробиотик
Се искака денес од четвроткот не беше какана. Си напредува ок , ни превише ни премалку , по 600-700 гр на месец
Ако е само на доење, не е страшно ако не кака. Ако има грчеви, плаче, се витка и мешето му е тврдо, тогаш може микроклизма да ставиш, топломер не брцај во газето. Ем што може да го повредиш, ем што ако мрдне лошо не дај Боже, врвот може да се скрши и да остане внатре. Тогаш што?
@koritsaki на ист ден дека се родени, следам што пишуваш. И мојов маличе почна од пред некој ден да писка по ново, некои звуци, сестра му му зборува, тој насмеан ја гледа и ѝ писка. Пробува да се сврти од грб на стомак, и речиси успева.. свртен е ама не знае да го комплетира вртењето со кревање на главата нагоре и да поседи така. И се нервира. Кога ќе го легнам на стомаче ја држи главата ама не премногу високо. А инаку жилав е за тоа, се држи целиот цврсто. Туку, аман со бљуцкањево. 4 месеци наполни. Бљуцка уште. Веројатно е нормално, ама мене ми е врежано рефлукс во главата, особено што дигестивниот систем цело време го слушам. Кога цица - го слушам буквално млекото како влегува во езофагусот накај желудникот, мислам дека желудникот е тој што грчи целиот, звуци испушта како кркорење на црева на секое негово голтање.. стомакот му крчори, и гасови има нон стоп. Некогаш дури плаче и ќенка и прднува од нервози. Пак има епизоди на ќенкање особено навечер пред спиење, плаче на цицка, го кревам, ми го цица рамото, му давам пак да цица, пак плаче.. ко кревам бљуцка, и тоа не само на мене, шлапаат на паркетот вирчиња... Пак сака да цица.. и така нервозно цица плаче бљуцка и сѐ така во круг додека не се премори и да заспие. После спие мирно. Ама не ретко слушам како се "вари" млекото во стомакот. Дали е тоа нормално? Пак читам за рефлукс, ама џабе читам оти сите испитувања што се прават ми се преинванзивни за бебе... Инаку сега со килажа е просек 500 месечно. (Некогаш 550… некогаш 490)... Што сметам дека е во ред.
Дали АД млеко го чувате направено во фрижидер? Педијатарот ми рече да го спремам во зовриена вода,да гонизладам за дабго пие бебети и тоа што ќе остане да го чувам во фрижидер? Некако ми е страв пак да го притоплувам.
Јас како што знам се приготвува се дава на бебе колку ќе испие,остатокот се фрла. Дали им помагате на бебињата да се свртат на стомак или сами се вртат? Ако им помагате како го правите тоа, на под,на кревет,легнати на страна? Моево (3м и 10 дена) од вчера го приметив кога го држам во раце допрен со главата на мене се поткрева со глава и се турка со нозе, како да сака да стане. За седнување под агол од 45 ќе почнам со полни 4,така рече ортопедот, на почеток од 5тиот месец. Друга промена,вчера се заигравме се изнсмеа на глас,и тоа траеше неколку секунди. До сега имало само хе. Почнавме да играме ѕе,му ставам марамче на глава го тргам ѕе и се смее На 27ми ќе примиме 2ра доза рота и претпоставувам пето/шестовалентна, ако можете разјаснете ми ја дилемава дали сме примиле 5 или 6: Запишано е кај Дифтерија, тетанус,пертусис, детска парализа, Хиб, ХепБ (последниве две со пенкало се запишани) Исто со пенкало е допишана рота (примена) а под неа Пнеумокок и оставено празно, дали и таа сега вториот пат се прима?
Сами треба да се вртат. Помагање не, освен ако не запне во некоја неудобна положба и да биде под надзор цело време. Без спречување и без помагање на се што прави, да се остави да прави само. Ако седи во релаксатор, обавезно врзано, или под надзор, а најарно на земја да се остави, на соодветна подлога. За вакцините, боцкаат прво шестовалентна, рота, а за пнеумокок мислам дека после 6 месеци почнуваат со вакцинирање, запишано ли е дека примило малото една доза, има датум? Следно ќе прима петовалентна и втора доза рота.
Па мислам дека може, сепак витамини и онака препорачуваат да се продолжи со пренаталните и после пороѓај,