1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Оваа ја користиме, не секојдневно туку кога мислам дека треба. Лицето и е мазно, меко и нормално хидрирано. Ми се свиѓа кремата.

    78A6A21C-0C5F-44CE-B74B-31103A46915F.jpeg
     
    На Ivv123 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  2. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200123_135551.jpg
    Не ми текнува колку беше.
    Од еурофарм ја земав.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    За 10 дена качени само 120 гр. :( докторот вика нека јаде. Па јаде,не му скратувам. Колку сака толку добива. Зарем 120 за 10 дена е многу малку? 5месеци и 1 недела 8120. :|
     
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    Марчи супер сте. Нема веќе по кило месечно да качува.
     
    На simonagj, Mia Fuentes, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    А што е со мерењево на 10 дена здрави прави деца? Остајте деца раат, и 120 грама во месец да напредне е ок и да стагнира е ок. Нашите генерација се, мојата има нецели 6700 па пак во ред е.


    И јас за бебла ја користам Мустелата @EvieBabe што ја постираше. Не секојдневно, кога сметам дека треба, нормална кожа има, ама некогаш и се подзасушува над веѓичињата, а иначе и ја мачкам пред излегување надвор. А плус многу убаво мириса. :D

    А со @Мариаа. се сложувам за претходниот коментар, некогаш ко ќе пише нешто си мислам ко дупли профил да ми е. :D (highfive)
     
    На Sofi.ja, Мариаа., EvieBabe и 2 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    пред една недела бевме на редовна контрола што ја правиме секој месец а денес заради вакцина бевме прво на преглед па ја примивме. Јас му викам на докторот го меревме нема потреба пак рече не ајде Ирска го прегледуваме. И вика леле за 10 дена само 120 ауу .... Викам де бе родилната килажа треба да ја триплира на година не на 6 месеци. Јас мислам за 5 месеци 8+ кг е таман
     
    На simonagj му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.983
    Допаѓања:
    166.595
    Пол:
    Женски
    Супер си е.
    Гушкајте бебиња, и уживајте.
    Да не земам стапот нареден пат!!!!! :!: :D
     
    На koritsaki, marchi-cool, Septemvri и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    :rofl: сумљиви сме. :bandit:
    :*
     
    На koritsaki, marchi-cool и Yowannty им се допаѓа ова.
  9. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички,

    Денеска бебуш ми е омалаксан, и од попладнето почна да ми поврака често.. 2-3 пати со ред поврати и веднаш го однесов на лекар.. нема температура, добра крвна слика, не е бледо рече докторката вака добро изгледа.. мешето не е тврдо.. а бебуш се стега напиња и мислам од што напиња поврака.. има и грчеви .. дали е сето од тоа.. не е и покакан денеска, има гасови.. си има апетит машала.. многу се исплашив од што може да биде.. некој сл искуство..? ако продолжи да поврака ми рече да го однесам во болница.. :(
     
  10. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Да не се прејадува па затоа да повраќа. Колку направи по колку мл пие?
     
  11. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    по 120мл на 4 саати.. 4200гр.. си има апетит мислам дека и 150 да му дадам ке си ги испија ама не го форсирам.. по 120 си пијаме некое време некогаш знае да си поврати некогаш не.. чудно ми беше дека омалаксан, а претходно 3 дена не беше покакан па со топломерче се покака, и пробав да му сменам храна хип комбиотик може и од тоа некако му се измеша, но храната му беше слаба па пак се вративме на аптамил.. аптамилов концентрирана храна е и потешка да знаев од старт не би ја дала.. сега др му се слаби и бара почесто да јаде..
     
  12. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Незнам... Моето е 4740 сега сигурно е повеќе утре одиме на мерење пие по 90мл кога на дваипол кога на 3 саати и ние сме од почеток на Аптамил ама немаме проблем со повраќање и какање до сега редовно синсе какаме од бплница Аптамил и со него си продолживме. Ако е вирус или нешто на крвната слика и на црп ќе покаже а и апетит си има
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Навечер се буди ли за јадење? По колку саати спиете сега? Кај нас почна да сврзува по 5-6-7 саати зависи кога како.. и не го будам за јадење барем така ми е кажано од лекар..
    И јас мислам ако имаше нешо не дај боже сигурно ке покажеше а нема ни темп. мерам постојано.. дали се е од грчевите.. давам нурс харви на природна база е.. утре ке сменам за колиеф да пробам.. овие некако не ни помагаат..
     
  14. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    4.924
    Јас давав био гаја со колиеф супер беше сега веќе немаме само био гаја давам. Навечер си спие заспива во 20 се буди еднаш во текот на ноќта. Јас го будев дури направи килажа на секој 2 часа сега веќе не.
     
    На Miss.N му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    И ние исто на почетокот на 2ипол часа со сила го теравмр да јади го будевме.. давам и јас био гаја али нема некое подобрување..
     
  16. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    И јас почнав со Колиеф и Биогаја од вчера. Вчера си беше прекрасен си спиеше како до сега на 3 саати, цел ден беше супер, ама вечерва од 12 па еве до сега 4.40 уста не затвори. Плачење до бескрај, и на секое прткање и ќе се искака. Не знам дали е до капките и пробиотикот или нешто друго се случува.☹️
    А и мајка ми ме изнервира прееска беа на гости и дур им ставам кафе да земе да му го даде млекото останато во шишето што го доранував. Имаше останато некои 40 мл. А млекото од пред 2 и пол часа направено со Колиеф внатре. Како не го тргнав веднаш шишето што не го испи, ама додоа и да се видам и заворавив. Не ми се веруваше дека таква глупост ќе направи. А што е најјако маж ми во соба уште работеше смената му беше при крај, нит да го праша Зете може ли од ова млеко да му дадам??? Абе коса ми се крена. И велам добро што правиш???? Гладен бил. А јас си го дојам и ако ми побара уште му додавам ад, и цел ден си цицаше од мене само дали 30 мл ад ми испи. А што е најјако уште не му беше ни време за јадење на буци. Значи целосно од колосек ме извади и што уште повеќе ме налути што никаква почит ни кон маж ми ни кон мене да не праша бе дали дете е за јадење или не дали може од тоа млеко да му даде... Не бе стари луѓе они се знаат. И на крај ми вика Леле сега цела вечер ќе ве мислам нема да заспијам... Требаше да и се јавам и да седи со нас до сега. Извинете за долгиот пост ама ептен сум уморна и изнервирана и загрижена.
    Значи прашањето ми е дали е нормално толку многу да кака, на секое менување на пелена по малце е цврцнат и дали е тоа од биогаја и колиефот или е од застоеното млеко баба му што му го даде :@
     
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.043
    Колкаво е?
    На почеток,првите месец дена мислам скоро на секое менување пелена имаше кака, нормално е.
     
    На Vanessa9li и Adams им се допаѓа ова.
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Од старото млеко е го има фатено проливче. Знаеш нас како не боли меше кога имаме пролив исто и него.
    Кај бебиња пролив е ако кака над 3-4 пати во саат така да тоа ќе да е.
    Пишува на млеката максимум пола час да се дава ако е стоено, а ова е замисли два ипол часа... Рсипано било гарант.
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Месец и една недела. И да на почетокот повеќе какаше ама му се нормализира и последните недели по еднаш дневно си какаше. Ама сега на секое прткање. Како и да е се надевам ќе му се смири меше денес, еве го доев и си заспа и го осеќам како си пртка. Колиеф уште не сум му дала денес. Нека се смири малце проливот ќе му дадам.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Е уште ова немав видено... Синоќа на менување пелена ми се виде како мааалку чудна течност на дудето на бебе. Не бев сигурна дали е стопена павловичева или што, си реков не е ваљда некаков исцедок кај толку мало бебе. Сега и ја менувам пелената, кога гледам пак истото, како вагинален исцедок, малку тегаво како мрсулче :o :worried: Не е можно... што може да е? Ви се десило ли со женско бебе??

    Беше и какана па си реков да не летнало нагоре некое шлајмче/мрсулче што ги голта со растворот ама па баш беше горе на отворот од дудето,а каките не беа стигнати до таму. Инаку хигиена ни е на ниво 100000, пред секое менување пелена средство за дезинфекција на раце, миење газе по неколку дневно, нови пелени на 2-3 саати... Што може да е? Ќе пукнам ако и е некоја инфекција. Ама од каде бре? Не е ваљда :(:(

    Инаку, мене денес изгледа за првпат ми пробива добиено откако сум породена. Да не е некоја хормонска реакција преку млекото што се пренела на неа?