Го знам мислам дека одговорот, ама да си потврдам. Бебе шлајмовско е цело, вчера со аспиратор извадивме секрет. Знам дека веројатно го голта, и дека беше нормално да го искака, т.е. во каката да има баш шлајм... Или грешам? Не ми се смејте, мали деновиве почна да кака секој ден, просто ново ми е ова. ))
Скоро цела тема ја прочитав и се изначитав коментари во стилот "бебето кака 4-5 пати во денот оф леле има пролив даваме линекс" а добро бебе кое е на млеко како треба да кака?? Како големо дете? немојте бе луѓе со линекси пролајв и глупости немојте со мисли дека бебе има пролив. Секое дете ексклузивно доено има течна столица некогаш повеќе течна некогаш помалку. И тоа не е пролив. Кога ќе се воведе цврста храна тогаш очекувајте промена во погуста столица. Не му ги расипувајте мешињата си линекси без потреба. Не е ништо лично конкретно општо пишувам. Стварно се иритирав.
како што ти кажа @ocicka2014 од расипаното млеко е. Ај што било престојано уште и помешано со капки... Мене исто со првото дете ми се случи го откина пролив башка и поврати. И си завршивме на инфузии. Дијагноза - стомачен вирус. Ама тогаш беше околу 3 години. И јас само што прочитав се изиритирав. Страшна работа. Абе прво не се мешај второ кога веќе правиш нешто на туѓо дете прашај. значи да се даде пробиотик кога стварно се има мака. На тоа мислев. Давање пробиотик секогаш и во секое време нормално ли е? Еве јас не знам. На првото пробиотик дури на 6 години еднаш во животот му дадов. Да кака бебе течна столица е нормално а некој да го лечи тоа како пролив да има мислам нема смисла. Да се надоврзам на коментарот од претходно. Одам на детско одд некаде на 2 ипол месеци многу плачеше бебчо и сестрата го отвара памперсот тоа да прднало и да го извалкало со кака зеленка. Вика има пролив. Е како и викам виде кога не е покакано? Ама дека зелено. Викам нема врска дете се нема покакано од сабајле да е пролив ќе се исцеди. Се заќуте. Го прегледува доктор вика нема врска далеку е од пролив. Грчеви го фатиле па го масираше го олабави.
Јас скоро секој ден давам пробиотик. Месец дена давам, две недели пауза, после пак. И јас лично пијам секој ден. Имаме само бенефит, штета нема.
Исто и јас давам секој ден мјалам да не беше пробиотик дете ќе се мачеше со какање ептен имаше мака дур се искака а каката беше нормална од кога давам се си е во најдобар ред фала богу
Денес преглед на педиjатар. Бебе 3 месеци, гo ставаме за мерење пoстojанo мрда (гo натажи муцетo, спремнo за плачење наjверojатнo се исплаши) сестрата ми вели пoбрзo . Секoj преглед не пoчекуваат бебе да се смири и oтприлика заoкружуваат тежина, дали и за вашите бебиња е така? Значи тежината и варира oкoлу 5540, прецизнo не знам и ете тoа ме нервира (за бебе е битнo секoj грам). Ни рече прoбиoтик да не даваме т.с да направиме пауза oд 1 месец, пoсле да земеме некoj нoв. Jа прашав за Д3 сo oмега дoбив oдгoвoр дека тoа се фoрсиралo да давам самo Вигантoл 2 капки...Штo мислите и за oва?
Кај нас чекаат бебе да се смири па ја гледаат точната тежина па гледаат главче ножиња рачиња вежбички диши диши мерење на должина. Јас Д3 и омега ги давам посебно а давав и плус вигантол по препорака од педијатар 1 месец дека сме родени пред време и главчето било повеќе меко. Кога давав Вигантол со ламиче повеќе остануваше на лажичето а така директно во муце неможев мрда многу
Ортопедот кажа пофални зборови за Вигантолот. Кај нашиов педијатар вагата е дигитална и сама застанува кога ќе измери. А зошто за пробиотик 1м пауза па друг?
И oваа е дигитална ама изгледа дека бебе мрда мнoгу не прецизира. Oд прoбиoтик пауза за малце стoмакoт и така да и функциoнирал тoа беше oдгoвoр. Кажав дека пие oд кoга е рoдена. И вие нема да давате сo Д3 сo oмега, ќе даваш самo Вигантoл?
Се смири буци. Денес само еднаш си какаше, течно, ама не е пролив. Не дадов денес пробиотик само колиеф, па добар е. Педијатар го прегледа завчера, 5кг 150 гр, на 1 месец и 1 недела, на мама буцкото Го прашав за широк повој, првиот месец секој ден ставав, ама откако го фатија грчеви пред една недела само му го тргам мислам од него потешко му е за прткање. Зошто бил машко немало потреба веќе да ставам, а ортопед на не прегледано ми препорача до 6 месеци да му ставам. И сега сум во дилема, мм запнал ставај му зошто нам ни ставале, ама ич не можам да го гледам така стегнат мислам повеќе се мачи ☹️ Сега му ставам преку ден ама го тргам кога почнува да плаче и да го мачат грчеви.
Нас ни воведе педијатарот вигантол по 1 капка уште додека промаше Д3 со К1. Сега ни рече ќе земете Д3 со омега и продолжувате со Вигантол. Индивидуално е од бебе до бебе.
Мајки помагајте со совет. Имам тримесечно бебе кое многу често рацете и палците ги пика во уста што од досада, од замор, од глад итн. Педијатарот ја виде со рацете во уста и ни предложи да користиме цуцла лажливка. Пробувавме да и дадеме на почетокот ја одбиваше ама со упорност малку по малку ја прифаќа. Ама мене ме јаде совест дали е подобро да ја одвикнам од цицање палци/раце со тоа што ќе и давам цуцла секогаш кога ќе почне да си ги пика рацете во уста. Бебуш има потреба макар и да си ги лиже рацете. Помагајте. Да не згрешам ако со сила ја терам да цуца цуцла и ја навикнам на неа а ја одвојам од лижењето и цицањето на рацете и палците. Она генерално е мирно бебе па реално ја воведувам цуцлата само за да не остане со палците во уста кога ќе биде поголема. Нели наводно идвикнување од цуцла е полесно. Тргни му ја ќе плаче неколку дена и толку. А палецот неможеш така да му го тргнеш.
Да цица прстиња, рачиња е сoсема нoрмалнo на 3 месеци барем нас така ни кажаа. Мojата двете да мoже ќе ги стави вo уста. Глеj самo рачињата да и се чисти.
Исто сме 3м и исто пикаме рачоња не палче цели ги ставаме и двете и лиги еден куп. Нас цуцла не ни помага си ја ваде со раче и ја фрла или ја пушта на земја
Нормално е тоа, оралната фаза е начин на кој го истражува непознатото. Да може, и друго ќе пикне во уста, не само рацете. Не е тоа од глад. Сите бебиња го прават тоа. Нема потреба од цуцла.
Мајка не му ги вади рачињата така осознаваат, влегло во орална фаза, друг педијатар ќе ти рече да не му ги вадиш, од цуцла после тешкп ќе го одвикнеш бебето