^И кај мене знаат така да направат. Ништо загрижувачко не е. Туку, "поголемиот" синко едвај успевам да го нахранам. Толку е пргав станат, ауууу. Макар што уште од ептен мал така се однесуваше за време на оброк, едно време се управи, сега еве пак. Прета премногу. Раце, нозе, газе... Плука цуцла па одма во истиот момент се тресе по неа. Остава впечаток дека е прејаден, потоа дека е прегладнат. Незнам. Ме загрижува. Нормално ли е толкав темперамент кај толку мало бебе? За врме на оброкот често испушта гасови и ми изгледа како да има грчеви. Друга мајка со вакво "живец-бебе" додека јаде има? Адамс ми спомна дека син и исто многу е темпераментен, ама незнам дали е турбо како моево Почнуваме со прва брзина. Завршуваме со 5-та. На сред оброк има потреба да го прекинам, да ждригне и пак да се дојаде. Цел е процедури тој. Брат му за 7-8 минути е најаден. Исто сакав да се консултирам околу количината на еден оброк. Јас уште ги хранам на 3 часа, всушност и самите тогаш бараат. Е сега, едниот пие од 120-180 мл, кога-како. Другиот пие од 90-150мл. Нели мислите дека некако многу пијат? Ова што го опишав погоре веќе е прилично буцкасто, образесто бебе со дебели ноџенца и заоблено меше. Секое споделено искуство многу би ми значело мајки
Исто леле некогаш искрено и нервоза ме фаќа Се тресе за цуцлата па рацете ги пика со неа нотмално не собира се па се нервира Па ќе го завртам за да ждригне па не сака така мрда мава прета раце нозе квичи Се препотувам дури го нахранам исто е и дење и ноќе како црви да има во дупот Му викам на мм дури го нахранам дур се намести млекото ќе се расипе И не само за јадење такво е детето пргаво набечер шета по креветче се тушка со ножињата па се открива борби како да водиме. Во понеделникот беме на мерење и докторката вика ова дете не е за само оставање го заврте на меше се влече ко да лазе Моето пое 90/100 мл и сме 5200гр
Со што мачкате суви лишајчиња кај бебето? Му се појави не едната нога на две три места и на лицето над веѓите. На лице знаат од време на време да се вцрвенат. Или да не не му одговара козметиката,Мустела користиме..
Исти сме и ние а скоро сме два месеци.. се бориме за јадење, за пресоблекување јас мислев дека само моево е немирко од мало ) Колку месеци сте вие? Ние јадеме по 120мл сеа, а почнав и по 150 навечер си бара си ручка
На доење е ама ако ја легнам во креветче неждригната знае да почне панично да се врти како да се дави и јас тогаш ќе ја кренам и одма ќе си ждригне. Арно ама навечер зошто е успана не го прави тоа подолго време и јаа незнам кога ќе и дојде тој момент и тоа не плаши зошто имам впечаток ко да се дави.
Леле како моево да го опишуваш. Или ќе заспие па ќе се разбуди без да ждригне па успивај го, или само ќе си продолжи да спие. Страв ми е да заспијам и јас после
Да прашам во колку степени вода го качете бебињата? Ние сме 5+ месеци првиот месец беше лесно после работата стана леле мајко. Доволно е само со прстето да допре во водата за да почне да рика. Значи да рика. Со маж ми се расправаме околу топлината на водата. Викам да не му е топла многу тој вика не брзо се лади во коритце таман му е. Инаку околу скоковите. Имам забележано дека промените не се случуваат според датумот "веројатен термин" туку според денот на раѓање. Роден е среда и секоја наредна среда - секоја нова среда се случуваат промените. Од денес 24та недела и има промени во спиењето. Го чекам громчето на 26та па да видам што ќе "кркаме"
Мојот сака да се бања...ужива. температура не сум мерела на водата така со рака пробувам. Пробај некое играче стави во коритцето да му привлече внимание,можеби ке сака. Во врска со скоковите и ние сме 24 недела од раѓање. Незнам дали се должи на тоа, два дена преку ден спие многу кратко,по нервозен е, во раце пола ден го поминуваме. Се мислев заби да не му растат, но сеуште нема ништо на повидок.
Ние ја бањаме бебушка од 36 до 38 степени топлина на вода мада мислам дека 38 и е претопла и не и е баш удобна на почеток. Ама после кратко време се опушта и супер и е. Може и во меѓувреме постепено се лади водата па затоа. Ама се над и под овие температури мислам дека не се ОК.
Мамички дали се надзирува запче? Со мм се контраме он вика побелено иде и отечено а мене не ми иде така
На колку време ви цицаат бебињата? Ноќе успех е првото будење ако е после 4 часа од заспивање, после следните две се на 2ипол,3 часа. Се буди од спиење и не бара да цица скоро 5 часа. Да не му понудев(зошто сакам да прошетаме,да не бара надвор) може немаше да побара. Па пи*ка ти мајчина, што не спиеш ноќе 5 саати
Бебе почна да се врти на страна или на стомак во спиење. Втора вечер по ред го прави истото. Заспан на меше го наоѓам. Првиот пат кога го видов,се здрвив А се нервира што е во вреќа и неможе убаво да се сврти. Му ја извадив пред некој ден, и си се врти. Фаза е или вака ќе спие од сега? Да не зборам за 5ти скок. Спиење по 15мин,и се буди како да спиел 15саати. Вчера беше буден од 2 до 5ипол сабајле. Брбља, збори, пишти, се тепа Зомби сум
Која недела сте Мацо? Кога е 5 скок? Мојава се изеде во рачињата. Нон стоп во уста и се. Се чеша и ги гризе. Дури мене нервозно сака да ме гризне во вилица, нос.. . Веќе некое време вреска на цел глас. Да, и се тепа со тупаници по носот, главата . .. Смешки е. И исто се врти од стомакот на грб и обратно. Уште ноќе да почне како вас и блазе ми. Мојава е изгледа голема спанка. Нити скоковите нити регресијата во спиењето не ја додирнува. Спие од 20:00-8:00 само 1-2 станува за цицка. Ама многу нервозно заспива. Врти глава лево десно и немирна е. Дали заби ја мачат, дали период не знам. Преку ден е мирна во главно, но има периоди од денот кога е право ѕвере само кенка во раце сака. Обично пред спиење. Тој 1 час ми е вечност. И давајте совет. Додека цица се борам како со Мечка. Само прета, вади и става цицка, цела се врти. Не можам да видам дали и колку цица. Само ноќе мирно цица спиејќи.
Биди само сигурна дека знае да си ја намести главата, лево-десно. Јас не спиев 1 недела дур не ја научам да си ја врти главата, бидејќи ринеше во нос и така ја наоѓав. Инаку фаза е им поминува после меракот.
Пак јас. Малку хелп. @Septemvri или друг фармацевт. Мм сношти го пратив во еурофарм по пробиотик. Ми донесе линекс капки и од др Волтс како на сликата подолу. До сега користевме провен но само во зегин ги има. Дали некои од овие се ок за 5месеци бебе или да барам провен