Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.703
    Моево е 3м и 20 дена, истиве работи ги прави.
    Рацете нон стоп во уста, сега се научи една за друга да ги фаќа,па така и двете ги пика. Глодалка,играчка ќе ја подржи,ќе ја полиже 5мин и ја фрла,пак раката во уста.
    Го фаќаме за раце да се исправи во седечка положба,се исправа и одма иде накај мојата рака да ја лапне:D
    Се научи да ја вади цуцлата со рака,и става рака,а некогаш и цуцла и прсте има во уста.
    Се лигави многу,запче ќе немало во скоро време рече педијатарот.
    Почна и да писка и на глас се смее.
    Се заигра со балон на хелиум,му го врзавме на ноџе и почна аооо бооо еее да му збори:D
    Исто се мава со тупаници по глава и во креветот мава.
    Уште не се врти на стомак и на страна,ама почна кога е во раце или транспортер,релаксатор да се поткрева со глава и грбче ,си прави сам агол 45°:D
    И за цицањето сме исти,2 минути активно влече и после има фати,пушти ,разгледува,се смее,ме погледнува,се смее,фаќа цицка,пушта и се така во круг.
    Исто ноќе убаво си цица десетина минути:D

    Супер е баткото,само ќе видиме мака со млечниве продукти.
    Матичната рече месец два,да се воздржам од се млечно,дури ни преработено,тешко е мн,како кога постиш од се се пазиш. Еве 5 дена како внимавам,еднаш два пати по едно мноогу ситно "зрнце" крв имаше.
    Во недела сум на ручек во кој што ќе има хопла,па ќе јадам и ќе видам после каква ќе е пелената..
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    Darmflora ептен запек прави. Другите дај ги, Дармфлора само при пролив или ептен течна столица
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    5ти е од 23та до 26недела.
    Ние сме 25.
    На велико не дрма скоков. Плус забите. Пишти од болка. Очекувам да се појави кај и да е.
    Блазе тебе ако не ги осеќате скоковите.

    Иначе за немирно цицање и јас пред некое време пишував.
    Сеуште е исто.
    Цица и дига нозе, се врти, пробува да станува, ме тепа, гребе, тегне и така... :)
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Мамички си ја знаете ли крвната група на бебушките?мене никој не ми ја кажал,ни за првото ни за второто и не знам а може ќе ни треба за нешто.... Знам во трансфузиологија се испитува ама таму прашуваат ако е за возачка за абортус или за бременост инаку ако се нема потреба не се испитува. Барем кај нас е така.
     
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    и јас си рака досега сум пробувала вода за бањање ама ... Ете нему потоплото му смета. Инаку околу нервозата и бутањето раце во уста,и кај нас е така става дури од оние тетра пелени во уста и стиска гризе. Тоа си чешка додека да избијат иако ние не гледаме нешто на повидок
     
  6. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Мами мора ли да чекам половина час за колиефот да отстои во ад млекото?? Буци различно ми се буди некогаш на 2 часа некогаш на 3 и не му се чека половина час веднаш сака јадење, а зошто различно станува не можам да знам па однапред да го спремам. Се откинува од плачење дур помине тој пола час. Ја прашав аптекарката вели не мораш малце нека отстои и давај му. Што ќе ме советувате вие?
     
  7. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    @Presrekna незнам зошто не ми стигнала нотификација дека сум тагната. Ако даваш само за имунитет давај беби Линекс. Дамфлора е со појачан состав од дневните потреби на 5м бебе. Плус содржи б витамин што ако нема особен потреба немора да се дава секојдневно.
    @marchi-cool јас сум рх негатив, задолжително после пораѓај се прави крвна група на бебето бидејќи од тоа зависи дали мајката треба да прими рогам или не. Во другите случаи не се испитува во родилиште, ке испитате вие дополнително.
     
    На marchi-cool и Presrekna им се допаѓа ова.
  8. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Мене ми рекоа 15 мин до половина час јас повеќето давав да стои половина час ретко 15 мин
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Хсххахах ме изнасмеа сите бебки исти се...
    Веќе се правам oнесвестена кoга ќе jа слушнам :D
    Стаj вo другo шише 15 мл сo капките и даj пoсле oбрoкoт. Таман ќе е наjаденo.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Може и после оброк? Не знаев.
    Гледам сега на официјалната страница на колиеф можело да се направи ад со капки и во фрижидер да се чува, па да се затопли и така да го пие.
     
  11. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Jас така правев.
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Фала. Давам превентивно бидејќи почнавме со вкусови колку да не и е оптоварено мешето. Ќе давам линекс. Ова има рок ќе го чувам за понатака не отворено. (fingers)

    И моево бебе ужива да се бања. Штом слушне водата како шушка цела се треси од радост. (poolparty)Во вода ужива. Плива И кога е на меше се крева на ноџиња.
    @marchi-cool во плодност и мене ми рекоа водата барем2-3 степени повисока од телесната. На 40 ја бањам.
    @Мариаа. Значи допрва следува громче кај нас. Се надевам и 5 скок ќе го скокнеме:music:
    Уште ова претање и врескање да го намали(lalala) ќе биде бебе бајче ко од филм.
    @Yowannty како сте вие? Те немам читнато 1-2 дена.
     
    На marchi-cool, Adams, Мариаа. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.605
    Допаѓања:
    185.087
    Пол:
    Женски
    @Presrekna деновиве ми е доста напорно. Една недела ми се чини меѓу скокови беше бајче. Преку ноќ се се смени. Ништо не и се погодува. Ноќе се буди цело време. И дење е кенкава и плачлива ништо не и држи внимание, имаше 2 дремки по час и половина во просек, сега 4-5 по 20-30 мин. Ич не сакам да гледа тв од сега, ама чат пат и пуштам кокомелон тоа сака да слуша и гледа, колку кичма да одморам.
    Сака многу да е седната. Не сака да лежи, нејќе да е подисправена туку седната. А не и може г’зот уште, и не треба, не е добро за коските од сега да ја седнувам, многу рано е, ама така може да седи и да е мирна и среќна. Па ја шетам во раце, оти се е подобро отколку да ја седнам. :sweat: И надвор. Кога шетаме надвор, заборава и на цицање. (facepalm)

    Туку сакав јас тебе да те прашам оти вие веќе почнавте со дохрана, каката и се смени откако почнавте? И стана поцврста или уште е рано за тоа?

    Во потрага сум по играчка каде има пеење, значи не само музика такви имаме илјада, туку и пеење. И купив телефон играчка и има кратки строфи и гледам му се радува, ама треба цело време да сум до неа и да стискам копчиња за да почне, па барам играчка каде тоа би траело подолго. Ако некој знае нешто такво би ви била благодарна.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јаз забележав дека кога е во фаза на будење се врти на страна па на меше и веќе се разбудил. Да не подречам ама кај нас скокот не се осеќа многу. Навечер спие а на дење на секои 2 сати по 20мин. Или па рано ни е тек ќе се маткаме со неспиење
    не се труди да видиш колку цица оти нема да дознаеш :lol: кај нас е исто. И тоа ќе ја фати брадавицата ќе цица и кога престане да цица уште ја држи со јазикот и горното непце и ме тегне ме гмечи :worried: има момени кога цица и кога се зафркава баш како што опиша.
    кога јас задавав прво што се промени е тоа да не кака неколку пати на ден после и да кака еднаш на два три дена и тек на крај веќе се смени густината на храната.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Мами што значи да се покачени тромбоцитите? Резултатот е 574, а горна граница е 475. Пред неколку дена наполни 2 месеци.
     
  16. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Првите денови немаше промена во какањето. Потоа малку се задебели, меко но формирано како виршли:| (извини на опис не знам како поинаку да објаснам) и потешко какаше со црвенеење на лицето и со тресење. А сега пак си оди потечно како пасирана тиква или банана:) и воопшто не можам да ја осетам кога Кака. И помалку и мириса.
    Ама по препорака на педијатар ставам по неколку капки маслиново во зеленчукот.

    Вие почнувате? Ајде среќно:inlove: и да си јаде како другарка и палчица-прасица. :hug:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Нас не исплаши истото на прва крвна слика, но имаше две објаснувања. Прво, за бебе границата била 600 или 650, таа 475-500 е за возрасни само не им е ставена табелата за бебе во резултатот. Второ, на нашево не му течеше убаво крв од минијатурното прсте па ја стискаа таму скоро 5 минути и педијатарот рече дека тримбоцитите се покачени поради коагулација. Се засири крвта дур ја соберат.[/QUOTE]
     
    На kockichka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    28.140
    Мами што го преживеавте 4 скок @Yowannty @Мариаа. да ми кажете дали го проаѓаме зошо више не знам што му е на детето. Кенкање вклучено на најјако, се нешто не му е погодено, плаче во релаксатор, плаче во раце кај баба му, кај чичко му. само кај мене о татко му не плаче под услов да се шеташ цело време. За цицање почнува да вришти како да го коле некој ако у први 3 секунди не му дојде млеко... :?:(facepalm) Од супер лесно бебе за чување, стана невиден напор, само сака да го шеташ, да му збориш буквално цело време. Ќе пројде? :rain:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Кojа недела сте? И ние сме синoќа стануваше на секoj 10-15 мин и пак се успивавме.
    И jас какo @Yowannty знам да и пуштам кoкoмелoн кoлку да испиjам кафе да се расoнам.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    [/QUOTE]
    Ти благодарам Еви :l:, многу ми олесни. Се сомневав во коагулација, иако има антикоагулант во епруветата во која собираат крв, ама веројатно додека се стркала минијатурното капкиче крв до доле кај антикоагулантот, си реагира. За вредностите не знаев и на крај памет не ми падна дека е можно нешто такво.
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.