Маjки вo 4 скoк сме, синoќа се будеше буквалнo на 15 мин jа презаспивам и пак за 15 мин...мoжнo ли да е дo скoкoт или некojа мака има? Распoлoжена е иначе, нo и преку ден не спие...
@marchi-cool Кај нас не беше присутно се ова 5 полни недели(скок 4) Имаше потешки и помалце тешки денови. Се ова поминавме но не наеднаш. Еве што вика за 5 скок
По 2 хаос дена, вчера беше ок, така шо дефинитивно сме влезени во скок. 13 ипол недели е, ама секогаш 'скока' една недела порано. Да се спремиме психички за следни 5 недели. Инаку ја имам апликацијата, мојот до сеа се правел од скокот освен јадење помалку. Он секад поише јаде коа е у скок. Сите техники за заспивање се зановаат на принципот јадење-играње-спиење, односно да не заспива на шише или на гради. Пробајте вака некое време, кога ќе стане од спиење одма да цица, па поиграјте, па легни го бебето кога е полузаспано, ама не е цврсто успиено и гали го по главче дур не се успие. Да знае дека си тука, ама да заспие само. Да Ќе се дружиме следните 5 недели. Спиење преку ден во раце максимум 30 мин. @bela.m скок е, ама кратко траат 2 и 3 скок по неколку дена. Ќе се вратат пак во нормала и после тоа ќе те изненадат со нешто ново научено
И мојата има 4 месеци, бевме на преглед и док ми кажа да и давам вкусови. Ама нема да давам уште, ќе почекам барем уште 1 месец. За сега само цица и супер напредува. Тоа се секако ПРЕПОРАКИ, а наше е дали ќе ги послушаме. Нема некои егзактни докази и за и против. Фала Богу имам доволно млеко, ќе тераме вака уште малку
На 23ти направи 4 месеци. И тропкам со играчки, повеќето од времето седи на 45 степени, ја ставам на меше, и зборам цело време, и пеам, ако не е многу загадено обавезно сме надвор 1-2 саата, се лежи сама во игрална, ги фаќа играчките, ја држам за раце и ја исправам до седење (ги стега рацете и се гази од смеење), ги допраме стапало и раче и колено и раче дијагонално и поминува денот. Сега вака кога напишав, доста активности имаме иако јас цело време мислам дека се малку. Секако, не правиме се секој ден, ама повеќето...
Јас од 2 месеца секој ден и го чистам носето така. И супер е. Нормално е да има нешто. И јас секое сабајле дувам нос...
Е да. Гледа без разлика што има. Ама 10 секунди само и толку. Ако ја приметам дека повеќе гледа го гасам. Не и давам. И телефон пред неа не чепкам, чекам да заспие, евентуално да ја сликнам и снимам само. Ако мислиме дека се мали, се снимаат
И мојата е 4 месеци, уште се нема свртено скроз, до страна само. Јас на 45 степени ја оставам веќе 2 месеца, и и е здосадено. Ја крева главата, сака да седи ама тежок е газот уште. Освен да и помагате со вртење, кои други вежби ви ги кажа?
На веледа за пеленска регија. Ставам неколку пати на ден, а и под мишка барем еднаш дневно. Треба упорност. Педијатарот ми рече и канестен, ама нема да ставам. Поминува и вака, само поспоро. Не плаче, така да нема потреба од лекови
Ич не ти се смотани, ама одговор имам само на првото. Кога беше помала и на 2 саата или кога ќе приметам дека е мочана, сега на 3, 4 месеци има. Исто така во различен период од денот различно мочаат. Сабајле и на 2 саата мењам, првите два пати. Какање не спомнувам пошо сега кака секој 4-5 дена
Мојата со 4 месеци ако ја држам на мене (јас подлегната) сака да стои на нозе. Ако ја допрам до површина, прави чекори секако не ја оставам да си ја држи цела тежина
Сама ја возам во транспортер, напред до мене. Ако плаче и зборам додека да можам да застанам негде (кај нас и онака сегде застануваат за глупости, за бебето ако треба и на сред улица ќе застанам) иако немало потреба. 4 месеци има
Немoжеш дo тoлку да jа изoлираш. Jас пред 3 дена истo немаше кoj да jа чува jа oднесoв вo игрoтека. Акo треба да се случи нештo мoже и пoстарата ќерка или ти да и пренесеш.
Мојата не се врти сама, ама последните 2 недели ќе ја успијам и кога ја оставам во креветче на грб одма се буди и се тегне на страна. Сконтав дека сака на стомак. Почнав одма на стомак да ја ставам и спие. Дури и да се подразбуди на оставање, си продолжува. Му спиеше по цела вечер од 2 до 3 месеца, еден месец зезаше и сега пак 2 вечери ги спие цели. Се надевам ќе тера подолго 4 месеци е
Слободно ќе ја означам @Adams бидејќи слична приказна пишуваме Кај "поголемиот" батко на повидок е запче? Веќе некое време, му стои така бело, прав заб чиниш. На допир не боцка, ама убаво си се знае белото "запче". Боже, Боже... Што е со децава? Прематурче, на 3,5 месеци запче? М? Малку чудно ми е. Прашањето ми е, одма ли боцка кога ќе наѕире белкото нешто?
Ништо друго, рече рано е дури од 5ти месец па натаму да очекувам за постарата ќерка сама си се вртеше од 4ти месец , не и ни помагав ни ништо.
И ние на 23ти наполнивме 4 месеци Цело време се туфкам да го ставам на 45 степени(на ортопед сме дури во март) , во транспортер се крева, тегне не му е веќе многу удобно. Незнам зашто многу често ми се витка, подкрева како мост кога правиме Ќе правам некои од твоиве вежби