@koritsaki јас во декември го носев со мене на божиќната забава во градинка кај ќерката. Во кенгур. Спиеше цело време на мене. Немав многу избор. Маж дома со 40 температура, а бебе пустото само што вакцинирано претходниот ден. Во градинка три групи заедно слават. Деца плус родители. Гужва невидена. Ама тоа е. Мислам дека се доста заштитени преку млекото.
Пробај. Не знам кај кој ортопед одите, ама нас Видоевски на првиот преглед после 1 месец, ни кажа да ја ставаме на 45 степени.
Мене ова што го опиша ми го прави при цицање. Многу рано од 1м на 45°? Нас Талески ни рече со полни 3м,на почеток на 4ти месец да го ставаме во таа положба
@Sofi.ja почна да го прави тоа почесто, најизразено кога ќе почне да се нервира, го прави некогаш и при цицање па ми отежнува и имаме мала борба додека го наместа убаво да цица. Негде прочитав тоа е дека ќе почнел да се врти на меше ама незнам. По колку време го оставаш во количка на 45?
Моето малечко на нос малце потешко дише, педијатарот ми рече да земам солени капки, ама не ми кажа кои. Какви користите вие? Од кои сте задоволни? Моето главчето го врти само, и ако ја ставам на грб да спие, сама се мести на страна. На меше ја ставам од сам почеток. Ќе ја легнам и ја масирам по грбчето. И кога има грчеви ја ставам на меше.
Изгледа сите “мрднати” мајки сме собрани тука на форумов... Двапати во два дена ме направија будала дека сме ја заспивале со думкање во раце... Јас па мислев толку мали бебиња сите ги заспиваат во раце ама не, лежејќи онака само до нив. Овде читам претежно сите нишкаме, думкаме, шетаме по куќа. Се осетив дури глупаво некако, Аа не никако во раце заспивање, зошто така сте ја научиле? Можно е ние да грешиме некаде...
Ако може да ни дадат совети како да ги заспиваме онака само лежејќи до нив? Јас од тие муабети и читање на интернет помислив дека грешам со тоа што со нишкање го успивам моето 3 месечно бебе. Инаку, веќе 3ти ден како навечер кога се успиваме бебуш ми плаче ептен жално и после тој плач одма заспива... според апликација не сме во скок, не го боли ништо, а зошто така почна да ми прави не знам. Дали некоја се соочила со слично нешто?
И јас не го сфаќам тоа во раце го научивте.. Па што да правам, да го оставам да рика мало бебе беспомошно
Исто и ние така правиме, така се заспиваме и пееме песнички, "нани нани", "тапши тапши танана","гуси гуси бабо" така го шетаме низ цел стан. И мене ми викаат во раце ќе ја научите, не ја учете така, епа не е возрасен човек и да го легнеш сама да заспие. Секако кога ќе ни пораснат за некоја годинка нема во раце да сакаат да ги носиме, туку да трчкаат покрај нас. Јас воопшто не се замарам. И не се секирајте тоа не не прави лоши мајки.
Уште не сме почнале,за 10 дена,да влеземе во 4ти месец. А по колку време треба не знам. Мислам дека добронамерно ви го кажуваат тоа за заспивање со нишкање,зошто на бебето му преминува во навика и после ќе биде проблем,секое спиење со нишкање. Секој човек е различен,па така и секое бебе. Како ќе ти се погоди. Моево од старт беше спанко и немаше многу молење за спиење. Сам ќе си заспиеше,кога ќе се разбуди а не е за јадење,ќе го погалев за чело и пак ќе презаспиеше. Едно време се будеше во сред ноќ наспан,па го нишав во количка,ама мајка ми ме разубеди да не го правам тоа дека после ќе си имам мака. Зборам за бебе што не плаче,па да мораш да примениш се што знаеш за да заспие.
Во иста ситуација се најдов и јас вчера ме направија најголема будала на свет. Бебето само требало да заспие нејзиното само заспивало до нејзе а не јас сум шетала сум се траќала и пеела Мене па ми е страв да легнам до него инда заспијам како пто аум лоша на сон недај боже ќе направам белја. Така секој во својот кревет И се ежам од тоа ете го научивте во раце и сега ќе си имате мака..... Ќе неможиш рабита да оотераш бла бла бла.... А како да оставам само бебе со грчеви кое плаче се зајдува ќе го погледам па самото ќе заспие божее господе Па и сега ако не ги држиме во раце не ги нишаме и думкаме пееме кога кога ќе пораснат???
Мајки како ви спијат бебињата преку ден, а како преку ноќ? Ние сме 2 месеца а преку ден дали еднаш ќе спие по 1 саат, а се друго е од 10 мин до пола саат. Навечер заспиваме од 11 па некад може да не фане 1 часот и се буди некогаш на 2 а некогаш па на 3 саати. Некогаш ме фаќа паника како да ја изнесам надвор кога ми е страв да не заплаче бидејќи само на града се смирува, али се надевам нема тогаш да има проблеми.
Исто преку ден. И се му здосадува лесно. Мајмун изигравам цел ден. Исто ми е страв да одам негде. Прееска го изнесовме на воздух, зајде од плачење. Е навечер спие, врзува повеќе саати и се заборава па го будам за јадење ако не успеам спиејќи да му пикнам. Ваљда кога ќе пораснат ќе биде подобро..
@Tinkerbell11 и што ако заплаче надвор? Ќе си го земеш на града и ќе си го смириш. Греота е да ги чувате дома само оти можело да заплачат надвор. Што убаво е времето деновиве, нив им треба прошетка и воздух. @Cherry333 ако врзува часови нема потреба од будење ноќе. Користи додека спие, па спиј и ти оти тоа може преку ноќ да се смени па ќе ги бараш овие ноќи после. @EvieBabe значи која глупост. Првата година на бебето најмногу му е потребна сигурност која ја чувствува во гушка кај мама. Не за џабе секогаш кога се вознемирени нас не бараат. Плус колку брзо растат, ако сега не ги гушкаме и нишкаме кога? Напорно е, ама боже мој, тоа е твој одговор на нејзината потреба. Некои бебиња се полесни. Може да заспијат и така. Ама ако плаче и те бара зошто да се мачите и двете? Батали такви муабети.
Нас исто ни беше 2ипол месеци. Без никаков ред. Решивме да бидеме до крај дисциплинирани и наместо да ја заспиваме после 10 навечер почнавме од 9. Прво ја дојам точно во 9 и после малку нишкање малку гушкање зс кратко заспа и спиеше 4 часа без прекин. А после на 2 саата се подразбудуваше па ја доев заспана и назад во кревет ја ставав. Еве сеуште така спиеме. Пробајте порано да ја заспивате. Јас успевав и со детски песни ја Јутјуб ќр и пуштев и и пеев Наташа од трето три и така уште побрзо ми заспива
Знам, ама педијатар ми рече буди го додека е мало. И сега ептен ако се заборави 4+ саати, тогаш будам..
Јас така кога се породив , во болницата ја имав постојано во раце, сакав да си ја држам, сестрите ме искараа ајде остај ја , не ја учи во раце , ќе си имаш проблем. Пред да излеземе педијатарот ми вика, и ајде почесто да си ја држиш во раце, да ја гушкаш, кај мајка се осеќаат сигурно. И мене ми е глупаво кога некои даваат такви совети. Инаку, ќерка ми заспива сама каде и да е ако е ептен успана и ако и ја ставам цуцлата во уста
И мене постојано ми го носеа во соба ама никогаш не рекоа сестрите ќе го научиш во раце која глупосто боже напротив идеа и викаа ајде на гушкање и галење со мама. Добро рекол педијатарот и кај мене син ми му ставам цуцла и знае дека треба да спие ама пак со нишкање мазење галење гушкање
Јас не се налутив уопште за коментарите, туку дојдов дома замислена да не грешам некаде. Не дека си го држам бебето во раце општо туку конкретно ете за заспивањето, си викам може има друг начин стварно. Ама факт е дека не се сите бебиња исти; некои помирни, некои потемпераметни, некои поспанковци, некои поживи, некои лесно заспиваат, но може па имаат мака со друго. А и фази има, моево прво заспиваше при цицање и само ја ставав во креветче. После месец дена заспиваше во корпата во количка со нишкање напред назад. Па месец дена заспиваше легната со галкање по главче и цуце. Откако почнаа 3 и еве сега одма 4 скок заспиваме со цицање или шетање низ дома - јас и пеам, она ме гледа и цуца цуце - ако престанам да пеам, престанува да цуца и ги збрчкува веѓите, како Зошто престана?