Мајки ај и овде да се пријавам Синко мој задутре полни 2 месеци, имавме тежок период, месец дена бевме во болница, па после уште 1 ден и се надевам веќе е зад нас тоа. Сакав да ве прашам, вие што сте од Скопје(веќе секаде е исто де). Дали ги изнесувате надвор? Дека загаден е воздухот, и кога беше патронажната(малиот имаше 1 месец) ми рече дома да седиме. Јас сакам да го изнесам надвор ама страв ми е заради воздухот. За во рака и со ќерка ми и сега ми викаат да не ги држам. Прво, ако плачат не ни размислувам да не го земам, а друго сакам да го држам, да го гушкам. Пред некој ден, му се спие, нејќе да заспие, мм го ставил во транспортер, па го држел, лежел на кревет-не заспива и плаче. Само што го земав и гушнав одма заспа. Си ја бараат мајчината прегратка, близината. Може грешам ама па ко што рекоа други мајки - малку време дозволуваат така, потоа растат и нема толку држење во раце
Еве деновиве е супер воздухов и времево. Кога е ептен екстремно загаден и јас не го вадам надвор. Подобро му е надвор, него дома верувај Посебно вака во време на вируси затворен простор е поголемо зло Шеткајте и уживајте Браво за тебе и бебе, те читав. Ти праќам гушки.
Чувајте си ги децата во раце, гушкајте ги, нишкајте ги. Ќе пораснат, па после нема да можете и ќе ви фали овој период. Ако не сега, кога? Бебе не може да биде размазено, бебе бара близина со мајката и да биде одговорено на неговите потреби. И моите ги нишкав, па секако дојде време кога почнаа да заспиваат со приказни, не со нишкање. Фази се тоа и нормални се. Има бебиња што заспиваат сами, други сакаат нишкање, трети сакаат гушнати со мајката. И јас сум имала вакви коментари, исто и остави го да поплаче. Не дека нешто ќе му стане ако поплаче, ама зошто да плаче кога можам да го земам и смирам. Сите мајки поминуваат потешки фази, болки во кичма, бебе во раце, бесконечно нишкање, ама се тоа поминува. Секоја навика има одвика. Гледајте си ги и чувајте си ги децата така како што вие сметате дека е најдобро за двете страни, не како што ќе речат другите.
Да си напишам и друг пост во врска со гушкање и 'навикнување' На моменти кога сум преморена си викам аман нека спие сам, и нека се буди само за јадење. Ама навечер кога ќе го видам таков успан, и само што ќе го дигнам и ќе ме осети се смирува, продолжува да спие и го враќам во креветче. На неколку пати си имам размислувано колку нему тоа му е потребно. Не го размазувам, туку само одговарам на неговите сегашни потреби. Ќе порасне па нема да бара гушкање како сега. Ќе уживам додека трае Колку и да сум зомбифицирана и ненаспана
Лелеее колку ќе ги бараш тие 4+ саати спиење кога ќе ти се буди на 20 минути. Бебето се буди најчесто првата недела и особено ако има жолтица оти тогаш се повеќе успани. Иначе апсолутно нема потреба. Се чудам со педијатриве некогаш. Ако е гладно, верувај само ќе си се разбуди. Уживај додека можеш и користи да си поспиеш дур имаш шанса.
благодарам. Кај нас досега (а сме крај на 24 та недела) имаме мака само со ноќното спиење. Заспива па се буди со вриштење липа не се смирува после ко ќе заспие тера гајле нема.
Дали ги држите бебињата што уште не седат исправени на гради? Не знам како да ви објаснам ваљда сфаќате. Моево за жива глава не сака да лежи во раце, сака исправено. Главата од раѓање си ја држи, не му паѓа. Свеки вика не е убаво така да се држи и шубе ми прави. Зошто не е убаво?
Ако збориш за кренато, залепено грпче за твои гради, со раката меѓу ноџиња, ја држиме така од месец дена, а минијатурно беше родено 2200. Остави ги старите, океј е држењето. Ние денес и вчера по 6-7км шетање на кеј и во паркот на Тоше @flower30 - кога е чисто времето шетај не му ја мисли!
Да, така мислам. Не знам дали му олеснува на мешето така или сака да набљудува, ама само така се смирува.
Не губи си го времето за џабе. Може ја бивало некогаш, ама одамна е за во пензија. По совет бевме кај нејзе, многу лошо се однесуваше со детето (поголемо дете, од 5 години), сакаше да го запише кај неа да му биде матична (Боже сачувај) и ништо не ни кажа за проблемот. Вади дете надвор, воздухот и дома ви е загаден. Не е дека е баш чист, баш овие денови е најзагаден. Ако има сонце, не значи дека е чисто. Напротив.
Супер е, со оглед на тоа колку повеќе се труевме. Колку толку овие денови беше помалце загадено,на тоа мислев.
Овие денови милина сончево топло со синко се изнашетавме денес си бевме и на кафе со другарка и нејзиното детенце на отворено секако на припек бебе ужива се изнаспива надвор покрај нив малитени ние мамите ќе си се прошртаме искрено едвај чекам салам да се затопли
И ние шетавме, малце ветре имаше ама го покрив со ќебенце. Си спиеше цело време, само еднаш се размрда ама му дадов цуцла и пак заспа. Утре пак, мислам накај 12-13 пак ќе е убаво времето.
Вечерва за прв пат бебе ми плачеше во сон. Не отвори очи ама морав да ја кренам ми се растрепери срцето... зарем моево бебе има кошмари на 3ипол месеци??? Или можеби ја болеше нешто. Ја кренав, ја погушкав и понишкав малку, и зборев тивко. Бебе се смири и продолжи да спие мирно.
Ќе прашам едно глупаво прашање До колку месеци се користи цуцла со 1 дупче случајно во аптека видов цуцла чико со 2 дупчиња и на неа пишуваше 2+ Ние ќе правиме сега 4 месеци а цуцлата ни е чико ама со едно дупче па си викам да не треба да биде со 2
Да прашам до кога ли ќе бљуцкаат бебињава? Моево бута рака во уста што го дразни и по малку повраќа после си викам да не треба да го носам на лекар за повраќањето...
Тука на форумов пишуваше дека цуцли и шишиња се менуваат на 3 месеци па кога дојде време да сменам, купив од цуцлите со по две дупчиња зашто на нив пишува 3+ месеци. Веќе се поголеми бебите и побрзо влечат голтаат. @Milicko* дали вчера беше мешана со повеќе луѓе, да ја играте, да и зборите гласно, нешто такво? Нашево плаче така во сон секогаш кога ќе имаме многу гости и сите околу неа; преживуваат сѐ одново во сонот, затоа плачат.