Мамички има ли некоја со искуство на малечката (19дена има) во устето на долната вилица и се појави едно мало бело топче и често прави како нешто да и смета во грлото произведува некои звуци, инаку сме само на доење, и на пример вечерта од кај 8 ипол до сабајле 8 се буди дс цица на 2 до 3 саати и си заспива, ама преку ден спие по максимум 30 минути и после се расплакува и пак бара да цица А млеко имам, не е да немам се си мислам тоа во устето ја нервира и затоа се само сака да цица Сакам да ја носам кај педијатар ама па полно е со грипови и ми е страв да не ми се разболи Има ли некоја што веке поминала низ ова да ме советува што да правам???
Може да е афта и да ја боли. Најдобро да се консултираш со педијатар,ако има детето веќе матичен може да пратиш слика па да ти каже што да и ставаш,ако не сакаш да ја мешаш со болни. Има педијатри што даваат термин за здрави деца,може и да ја прегледа.
Да прашам дали има штета да цица бебево додека јас имам висока температура? Што знам по некоја логика мислам дека и млекото ќе е позагреано. И друго по 2 дена мачење со парацетамоли да не пијам антибиотици бидејќи дојам денес со тт 39.7 два пати повратив и завршив на инекции. Е за малерот па бебчо неќе АД млеко. Додека сум под терапија нели не би смеела да дојам. Лекарот ми рече дека од терапијата барем 6 часа да поминат па дури после смеам. Денес со лажичка давав АД немав друг избор не сакаше од шише па и со лажичка не испи многу. По цел ден кемкање мислам дека бебчо префати од мене. Пред малку бев на дежурна со тт 37.3 ама одев од причина што цел ден кемка и кашла тоа со тт таму го мереа. Ни дадоа антибиотик и парацетамол чепчиња. Е од болестиве човек стварно раат да не е
Јас бев со тт, на бебе ништо не му веше. Цицаше. Пиев риностоп и вит Ц. Види прашај за друга терапија. Да можеш да продолжиш да доиш.
Не. Нема бруфен. Има парацетамол, псеудоефедрин и хлорфенамин. Последниве два не се компатибилни со доење.
Анатх рапидол с биле Сега баш ги побарав. Не сум нормална кај ми текна риностоп да пишам Халуцинирам, не сум спиена со денови, ај... Ок се овие така?
Од моето мало искуство ако мораш да даваш АД а беба не сака цуцла не се мачи со лажичка земи шприц од аптека полесно ке ти е. Нас од Чаир така не советуваа.
за настинка ми рекоа во аптека афералган шумливи биле добри за жени кои дојат ги зедов пред месец ипол бев малку настината. ми закачија 3 дена инекции нема друго чаре со висока тт бев.
Моето бебе спие само во соба од 2 недели. Немавме место за креветче во спална (ни за монтажно) и немавме друг избор. Првите 2 недели ја спиев кај него во соба на душек, ама после се префрлив. Собата е одма до нашата, буквално се се слуша така што одма станувам кога се буди. Таму имам перница за доење, фиокар и преслекувална, и навечер таму го дојам и го преслакам кога треба. Не сме имале проблем до сега.
Мајки дали бебињата ви фатиа цуцла лажливка? Ние сме 2 месеца и не може да ја фати и готово. До пред 2 недели пиеше чајче без проблем, сега веќе и таа цуцла ја нејќе, едвај со плачење ја фаќаме. Како да ја натерам да фати? Лажливка одма од болница кога дојдовме купив, али џабе. Таа како да не знае како треба да ја цица, се ја врти со јазикот и ја плука.
Ќе проверам утре дали има кај нас таква. Јас купив и силиконска на чико и една друга што не е силиконска али џабе. Највеќе ми е проблем за чајчето, бидејќи кога го пиеше немаше толку болки во стомачето, али сега веќе нејќе да пие од шише. Само града, најверојатно сака кожинка да си осети детево.
И јас би да спие бебе во друга соба ама немавме можност да му оспособиме и опремиме соба, средсвата ги пренаменивме за други работи и неговата соба остана за 3-4 години @Annath, јас се разболев ептен пред една недела и ми дадоа цефалексин и бидејќи не делуваа ми појачаа на алмацин капсули(така нешто). Ми рекоа дека не сметаат на доење, прво се зачудив ама по второ мислење од друг доктор ги пиев. Таман е така?
Јас ќе прашам нешто се надевам нема да ми се смеете. Ги дигате ли бебушките под мишка пример кога некој ќе ви ја подаде да ја фатите под мишка и да си ја земете или вие некому така да ја подадете, моето е 4 и пол месеци свеки цело време така ја зема се мислам ќе ја истегне...