Па и не мора да фати цуцла. Има деца што не фаќаат. Јас не ни пробав, на болница му ставаа, дозволив, дома заврши таа песна, ни лажалка ни шише. Ако е само на доење и дои на барање, лажалката може да направи проблем. Ова според советничката за доење, немам лично искуство за да кажам. А цуцли купив пред да се породам и не ги понудив од страв. Ете ги седат две авент, џабе пари. И шише купив,исто авент, со ќерка ми уште го користиме, ама неговото така седи, ќе го пробаме за вода за некој месец, иако чисто се сомневам дека ќе фати по толку време. @ocicka2014 компатибилни се алмацин и доење. И јас ги пиев со ќерка ми кога се породив, кренав 39 тт имаше некој вирус, па овие ги зедов, а педијатар ми дозволи.
Нормално дека да. А ти како ја зимаш? И јас цело време под мишка ја фаќам. Не знам како би се истегнала
нит цуцла лажливка фати нит па шише да пие. На почеток подпивнуваше од шише ама се откажа. Цуцла сега фати за да ја ѕвака и да ги чешка забите за друго не ни служи
@Tinkerbell11 моево е 4,5 месеци и фати уште првиот месец цуцла лажливка. Почнав да и давам дека многу плачеше , сега е по смирена и не и давам толку често , ептен кога имам некоја работа по дома и за да ја залажам и ја ставам. Да бидам искрена кога ќе и пораснат првите заби веќе нема да и давам (ептен ми е страв да не ја искине со забите )
Јас многу се секирав пред да се породам како ќе седи сам, нели сите препораки се да биде бар 6 месеци со родителите, ама мери соби, врти кревети, немаше шанса никако да се наместиме сите во соба. Па со поддршка од блиска пријателка која имале ист таков случај и малите исто од почеток и спиеле сами во соба, се решивме вака и функционира. Ова го пишувам повеќе и за други кои ќе се најдат во иста ситуација.
Мајки, тројката памперс актив бејби нема индикатор? Од вчера поголемиот батко носи 3-ка (мајка цела радости дека порасна детето), матичната ме искара дека му се мали 2. Не искара и дека малку е буцко Ја прашав и од кога дохрана здравје, моиве термитчиња ништо не ги заситува Многу сме мали уште за кашички, ама мене ми се брза бидејќи ќе ми биде полесно хранењето кога сум сама дома. Сепак, додека не созреат доволно и не добијам виза од педијатар, не експериментирам. На прематурчињата системот за варење покасно им се доразвива. Денес тмурно времево, а јас огреана од две сонца дома...
@koritsaki првото дете од денот ко се роди фати цуцла па се до 3та година и едвај го одучив. И да,гризеше и ја кинеше ама тоа некаде после 2ипо - 3 години. Нема толку сила да кине со првите забчиња бидејќи кога ќе излезат едни тоа ќе гризе на друга страна кај што ќе излагаат наредни за да се чешка
Дали тие што сте породени на гак ви се јавиле од Бекутан? Се јави една девојка ни да се претстави која е,од каде се јавува ми почна муабет сте се породиле на гак сте пополниле формулар... Викам чекај малце од каде се јавуваш,а од Бекутан (мисли Алкалоид? ) дали сме користеле нивни производи. Кажав не и ја откачив. Сега добро размислив јас не сум пополнила никаков формулар, зар не се сеќавам од пред 4 месеци??
Мајки со што ги мачкате на лице бебињата од месец и една недела ни се појавија како ситни ретки брунчиња. И од кои Памперс пелени сте најзадоволни?
Памерс ПроКаре, ги користевме кога беше новороденче и сега пак почнавме, 4м мачевме пеленски осип само со овие се среди.
Жирафата Софи чешка убаво? Груба е или мека, ми треба погруба да се исчешка убаво и кое гелче да земам за непца, точка бела ни се гледа на непце од сега да славам или да зачекам уште да подизлезе???
Мајки сте го користеле ли овој спреј за носе,задоволни ли сте? На маж ми му го дале во аптека демек добар бил. Мајка си прсна во носе да испроба,ок е
Јас ставам на Феизи Дерм и кај нас има 2 забелени точки во Аптека ми рекоа упте сега а и братучедка ми е стоматолог ми рече може уште сега да се малка за да му ги лади непцето
@Darija* Мојот ја обожава . имаме 2, едната е бела, класичната, и другата е портокалова со мирис на ванила. Белата е подобра, има две кругчиња, едното за да ја држи со рачето сам, другото оди во уста. Од каучук е и е помека од пластичните.
Не ставај ти од спрејот н бебе. Може да имаш некоја бактерија да ја пренесеш на бебето , а и треба прскалото да биде стерилно. Инаку сите бебешки се обичен физиолошки раствор. Јас Марисимо ставам.