Ај да си прашам нешто. Тие што ги мачкавте бебите со Јекодерм на почетокот, до кога ги мачкавте? Бебе е 6 недели, можам ли да продолжам со некое масло сега, или млеко?
На мене ми пополнија формулар. А што конкретно ме прашуваа не памтам. Ова беше вториот пат. Знам само дека и од Бекутан и од Памперс добив нешто.
Мојата е 3 недели користиме pampers premium ама и Виолета ги пробавме не се лоши А за брунчињата педијатарот не советуваше Еозин течност да ставам или дексаметазон маст ама не ставам баш често од еозинот а дексата не ја ни земав, на неа не и сметаат а јас гледам и што јадам пошто е на доење па и од храна може да се исфрла А секој ден лиценцето со јекодерм и го мачкам
Исто и јас. Со Јекодерм ги мачкам. Наутро со туфнери и топла водичка им поминувам лиценце. Доволно само еднаш во денот. Потенок слој. Кога излегуваме надвор го мачкам подебел слој. Туку да ве прашам околу изнесувањето надвор. Срамота ли е да кажам дека не сме ја започнале количката? За осудување сум? Ги затворив децата дома. Кога се родија беа минијатурни, толку мали бебиња не ми е баш нормално да се изнесуваат. Прекревки беа. Сепак се прематурчиња. Зимава дома ја преседивме дека наше градче е енормно загаден. Повеќе штета ќе им направам ако ги изнесам. Пред некој ден кога беше права пролет ги изнесов во двор 10-15 минути. Инаку, на отворено биле само кога сме оделе во Скопје на контрола и до ка матичната (од дома во кола и обратно). Сум претерала ли? Додека дојдеме до прва шетка постепено да ги изнесувам надвор за да не им е наеднаш или како? Многу тупам ваљда, незнам како правилно да постапам. Тупам мозок за банални работи, а може и не?
Надвор на отворено може да ги шеташ колку сакаш, само да се соодветно облечени. Нема многу да им дојде, напротив. Баш поубаво ќе спијат. Тоа ако е убаво и мирно, да нема јак ветер и силен студ. За надвор нема ограничување, сама ќе видиш колку им е доволно. Затворени простори избегнувајте, не се мешајте со луѓе многу, лесно се фаќаат вируси и бактерии.
Фала ти за советот. Ма какво мешање, не сме излегле од дома. Освен моите, на мм и кумовите, децата друг немаат видено. Тоа беше мој став кога си дојдоа дома. Да беа пролетни или летни новороденчиња, немаше вака себично да постапувам. Некогаш ми превртуваат очи ама ич не ми е гајле. Реков дека сакам да ги исчува зимава. Децата на брат ми не ги виделе сеуште. Одат во градинка. Реков не и точка. Среќа снашка ми е ептен разбрана и ме поддржува. Да беше друга ќе напрчеше муцки. Ко божем моите стаклени се. Ама, само јас си знам што поминав додека бидам бремена, цела бременост и после породување додека си ги земам дома. Кој не поминал, не знае. Забегав од темата. Фала уште еднаш на советот
Ем што се чекани, ем се прематурчиња. Сосема нормално дека нема да ги изложуваш на непотребни работи. Има време за се, ќе пораснат.
Бела јас прв пат го изнесов коха имаше 1 недела со препорака на песијатарот во Плодност зошто имаше жолтица и по 10 минути на сонце. После се затворицме дома и ние почна ладното па загаденони така.. Е овие денови ни беше убаво времето го облеков го ставив во количка и на шетање се изнашетавме а бебе уживаше и се изнаспа ем топло ем не беше загадено. Е сега пак ладно и пак дома.....
Ама и на ладно може да го шеташ, само да нема силен ветер и да не е загадено, а сега не е. Ќе го облечеш убаво и ќе ужива.
Јас денес со ново прашање Какви активности имавте имате со бебенцата од неполн месец? И дали на таа возраст ви имаа играчки Јас сум збунета сем што и зборувам и пеам и правам и масажа овие денови на мешето гледам на нет ама се мислам дека не ја пратам доволно во развојот дека треба и други активности да имаме а мајка не знае И што вашите бебиња на таа возраст правеа???
Вие што сте само на доење, што правите кога ви штукаат бебињата, јас кога имам сварено чајче и давам да голтне, да цица во тие моменти не сака никако, а чај давам само кога повраќа повеќе и кога имаше многу грчеви иначе не гледам потреба, не варам за џабе, а свекрвата ме гледа попреку кога ќе почне да штука па минатата недела ме молеше да и дадеме вода од компот со пола кг шеќер во неа, налутена седи кога штука детево...
Ништо не и давав, нормално е и сега и се случува пак не и давам ништо. Ни се нервира она ни пак е нешто страшно.
Вода му давам, со цуцла може да прекине ама мојов не сака. Некогаш со цицање престанува, а некогаш го завиткувам во ќебенце да се стопли и прекинува. И тој се нервира и плаче коа ика.
Мајки абе моиве бебиња освен млекце, друго не милуваат да цуцаат. Едниот ајде, така ќе проба малку водичка, чајче... Другиов не сака за жива глава. Проблем ли е што се на ад, а други течности не внесуваат? За неполна недела ќе имаат 4 месеци.