Дали некој бил со 5-6 месечно бебе во спа центар? Ќе одиме во март семејно во спа центар (не во Македонија); не мислам да ја ставам во базен со минерална вода неа ама сакам да чујам мислења дали некој бил, дали би ставиле бебе во базен со топла вода. Постариве ми реагираа као Зошто да не го ставите и детето, топла е водата, ќе ужива. Се работи за хотел со 4*, чист и убав, а базенот е мал, не е нешто со сто души ама мене ми е шубе, мислам дека не би ја ставила. Да не грешам па да му ускратам задоволство на детето? Обожава да се бања.
Многу чудно е моево, не сака воопшто да е гол плачи хистерично исто и за банање не дава никако да го избањаш, има само 2 недели. Некој дали имал слично искуство?
Ние бевме пред краткo време. Секакo немав намера да jа бањам нo мм праша чистo инфoрмативнo и ни кажаа дека не е убавo сепак е влага вo затoрен прoстoр (ние се мењавме еден идеше друг чуваше бебе, се рабoтеше за хoтел сo 5*). Не би ти препoрачала тoлку малo бебе сo нежна кoжичка вo вoда вo кojа се става мнoгу хемиjа за заштита нели и вo кojа се бањаат разнo разни луѓе.
и кај нас беше исто на почетокот.. не знаевме се плашевме со водата да не е ладна да не е жешка и потоа почнавме со потопла вода и му прија па сеа не можиме да го извадиме од вода си ужива.. пробајте така..
И јас не би. Многу е малечка уште за тоа. @Presrekna И јас имам еден тепач дома. Сите сме тепани од него. Кој помалце, кој повеќе.
@Presrekna Исто тепа мава кубе Прегеска ми го тушна шишето од рака врз маса а масата и шишето се стаклени арно не скршивме нешто
Мајки, кажете како да препознаам настинка кај бебево ? Свекрва ми ми разби мисли од вчера вечерта дека поткашлува. А ќе слушнам дека ќе се закашла и толку ама јас мислам најчесто од што ќе и дојде да поврати па ќе се засркне.. Нема ништо друго , сега за сега. Еве ја сега моментално гриза раце и вика на глас весела си е ко и обично.
Одбива да цица ако и е затнато носето, или и тече носето, намален апетит, невесела, температура, кашла, кива, не спие убаво, се буди почесто, поплачлива е...
педијатарот ми рече треба бебушот да е блед, омалаксан, да му тече носе или затнато, може и температура, да нема апетит.. иначе вака како што кажуваш не е настинато и кај мене така се закашлува тоа му е од млекцето..
Сите на почеток плачат, после се привикнуваат и го засакуваат бањањето. Ќе има неколку фази на плачки како што ќе расте. Само трпение. И не го бањајте секој ден, еднаш на три дена е доволно. @EvieBabe не. Јас малово уште не сум го носела во спа, а има три години, и сме биле неколку пати во такви хотели. Поради многу топла вода се шират капиларите и може лесно да се прегрее. Мало е уште за тоа, има време.
Мамички на колку месеци почнаа да гугаат вашите малечки? Ние сме два месеци и сеуште не гуга, тоа си испушта звуци ама не да гуга... па во мисла ми беше.. педијатарот ми предложи да одиме на соматопед(советувалиште за развој на бебињата како вежби и сл работи..).. дали сте посетувале и вие?
Јас мислам околу 3 месеци е гугањето. Претходно испушташе моето некои звуци како аау, оооу, ама онака тивко и не беше баш како гугање. Чинам и свесно смеење тогаш почна.
Од третиот месец почна да гуга мислам дека ви е рано Фала ви @Miss.N @Mantub ќе следам ситуација овие денови како ќе е
Хахахаха абе нека се лути до сабајле. Нормално е да штука. И мојата се притресуваше, ама виде дека ја не ја рецкам и толку беше. Ништо не давам, само поминува. Прочитајте на нет, нормално е да икаат
До кај 2 месеца припазував што јадам. Иако јадев и грав и зелка... немавме мака со грчеви. После 2 месеца се јадам