Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    На Vanessa9li и Starlič им се допаѓа ова.
  2. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    На Vanessa9li и Starlič им се допаѓа ова.
  3. simonagj

    simonagj Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Нормални бебешки акни. Сами поминуваат. Можеш и од твоето млеко да мачкаш, за 1 недела до 10 дена поминуваат
     
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  4. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Некој совет за 4 скок? Океј е бебево генерално ама навечер заспивање со молење, со плачење. А види дека ја навалуваш да ја заспиеш почнува да рика. До душа, првото заспивање е без проблем на цицка ама ја спушташ и се буди за 15-20 минути. После е рикање дур не остане без сила за противење. Јас и така и така, полесно ја заспивам ама мм по саат време, па и јаче. Дајте некој совет тие што поминавте: @Yowannty @Мариаа. и останати :)
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    7.163
    На Starlič му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена кога бебе имаше 4 и пол месеци бевме Банско во хотел со 5 звезди и спа центар.
    На планина ја носев секој ден, но во базен НИКАКО.
    Не помислив, но и педијатар забрани.
    Секакви бактерии има, и да ги хлорираат хлорот е штетен за бебе. Нема доволно имунитет.
    Додека мм и синко беа во спата јас и бебе шетавме надвор. Преубаво ми спиеше и цицаше после Планина и шетња. +300 гр се врати за 7 дена.
    Убав помин.

    Кашлањето им е некаква мода или привлекување внимание. Мојава еден месец поткашлува. Гледам дека не и е ништо. Весела е јади, цица, спие...
    Не тепа сите по ред @Мариаа. @Adams и не гребе.
    И брмчи со уста како моторче. Плука брмчејќи.

    Скоковите моево бебе не ги осеќа. Само како што спомна околу неделите за скок посебно 3 И 4 скок имаше вечери кога заспиваше плачејќи. Прво ќе поплачеше па Ја успивав нишајќи ја, па тек откако ќе се успиеше цицаше
    И спиеше цела ноќ.
    Еве веќе сме во 5 скок немаме на повидок ништо. Пу Пу да не заречам.

    Туку да прашам @Yowannty мислам истото го пишуваше.
    Ближиме 6 месеци и има неколку вечери а И денски некогаш градите ми се стврдуваат како на почеток.
    И ме болат. Откако ќе ги исцица бебла спласнуваат. Навечер цица од 2 гради кај 20:00 па станува кај 2-3:00 но цица само од една града И заспива. И тогаш се тешки И полни. Но кај 6-7:00 не можам да ја извадам онаа нецицаната од преполна И тврда. Ноќеска кај 5:30 морав да ја ставам Беба да цица ќе пукнеше градата.
    Искрено ми здосади молзењето. Што се вика бебе ќе почне манџи да јади а јас уште со пумпата. А И да ја будам допрва повеќе да цица ноќе не ми паѓа на памет.
    Некој совет. А ништо немам променето во цицање. Дури и помалку И давам каша еднаш денот( пола тегле од хипп) си цица редовно И убаво.
    Чудно ми е што мака имав од недоволно млеко а сега?
    А 2 мастита поминав не сакам 3
     
    На crazylady, Mia Fuentes и koritsaki им се допаѓа ова.
  7. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    9.915
    Пол:
    Женски
    Мила ако пиеш уште чаеви за доилки или лактил прекини ги, да не ти прават поголема стимулација на млеко. Јас пиев само на почетокот од тогаш ништо само течности толку колку што ми се пие.
     
    На Мариаа. и Presrekna им се допаѓа ова.
  8. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    @Presrekna значи цело време си имала доволно млеко, ама не може да го немаме тој страв на почеток. Сега бебето ти е поголемо, почнавте со храна и ти си веројатно поопуштена, па затоа се случува ова. Инаку пишав дека го имам истиот проблем, ама мојот е 2 месеци.Стандард страв дали имам млеко, дали е гладен. 2 месеци го будам ноќе на максимум 3 сати. Овие 2 дена не го будев, ненамерно, веќе немам сила и заспивам исклучувајќи аларм. По 5 саати градите камен, не можам да станам од кревет. Изгледа сакала нејќела, ќе морам да го будам пак, мал е.
    А 2 месеци претходно само 2-3 пати дали се стврднале градите.
    Со пумпата сум скарана за цел живот.
     
    На Kaetana и Presrekna им се допаѓа ова.
  9. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Да лактилот ги намалив на 1 на ден. А чаеви пијам сеуште. Ајде ќе пробам да откажам љубов со стимулантите за млеко.
    Само што помислив дека немам млеко и како што ќе биде еве доказ дека имам цело време. И пресреќна сум што можеби( дај Боже) ќе доживеам да бидам ЦИЦО како @Chanell* и ќе имам долг доенечки стаж барем над година.
    Да цели 6 месеци бев во агонија како секоја мајка дали имам и колку млеко.
    Палчица моја напредува секогаш убаво АД дадов неколку пати, се на се 1-2 кутии од 300 гр, дали испи, а стравот од немање млеко е уште тука.
    Не дека нема што да дадам, плус се фаќа и пие. И цицка и цуцла, чај, АД, се сака, но заради близината најмногу ми беше. Цицањето за мене е благодет. Уживам при секој подој. Ме исполнува и прави горда мајка.
    А ова со воведувањето дохрана има логика. Не дека многу јаде но психички се опуштив.
    И никако не учи бебе да будиш. Мојава како црв се роди плус не растеше во мене се водеше како прематурче првите недели иако 39+ е родена., еднаш не ја пробудив за цицање. Ноќе над 4-5 часа стануваше. И убаво си напредуваше.
     
    Последна измена: 9 февруари 2020
    На Kaetana, Lianna Anna, Mia Fuentes и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.608
    Допаѓања:
    185.145
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe совет: стисни заби и број денови. :D Цели 5 недели ноќе спиеше само по 15-20 минути, дење исто, плус само во раце. :worried: Едвај издржував навечер. Башка ја шетав надвор скоро секој ден за демек да спие поубаво, џабе беше, оти спиеше подолго само во количка надвор дур шетавме. Период е. Ќе помине. Може кај вас пократко ќе трае. :) Пробај да ја играш навечер пред спиење да се измори. Кај нас не помагаше ни тоа, ама не знаеш што ќе упали. :)

    @Presrekna мајка џабе секирањето за млеко, машала палчица понапредна и од моја бебла. :)
    Јас толку бев одлучна дека ќе дојдам што ниту еднаш не се посомневав дека немав млеко ниту купив формула да имам за секој случај. Си пијуцкав пиво чат пат само. Еве сеа ништо не пијам и се осеќам ко млекара. Градиве полни и нон стоп ми цедат, па ми се здосади искрено нон стоп да се пазам да не ми мрдне влошката па да се млекаросам цела. :|



    Туку ја сега имам проблем, не знам дали е проблем додуша... Бебе е во 5ти скок, за сеа не можам да се пожалам. Не дека не е напорно ама многу е полесно од 4ти, а очекував потешко. Овие 2 дена не цица доволно. Или цица доволно, ама градиве не ми се празнат. Си стојат полни и после цицање. И претходно ми се стврднуваа, ама кога ќе цицаше ќе омекнеа, сега не. Цица таа ама не се меки. Вчера навечер 3 пати по ред форсирав една града на пола час за да се омекне стврднатиот дел од страна, оти цел ден не омекна саглам и нормално вечерта се преполни.
    Бебе не е гладно, расположена е, полни пелени се тоа, ама не цица толку колку претходно.. :| Поцицува малку и почнува да кенка да се трга, да се тегне за да ја оставам на кревет. Да го кривам 5ти скок? :?:
     
    На Kaetana, Lianna Anna, Мариаа. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    @EvieBabe тоа е најтешкиот период и трае најдолго,во комбинавија со слип регрешн.
    Пак јас со 'само тропение' :)
    И стварно, нема што друго да правиш него да истрпиш и да помине. Мене сеуште 4ти скок ми е фобија. Страшно го поминавме.
    Пробај да го вадиш надвор кога е чист воздух и убаво време. Ние така поубаво спиевме.

    @Presrekna и јас уште си пијам чај, а ми се лоши од миризбата више.
    Од толку фобии дека се нема млеко, ни пораснаа бебушки и до цврста храна стигнаа :)
    И јас да допијам чај што имам по дома и тоа е. Не се замарам веќе.6ти месец дојде, ние уште чаеви пиеме:D

    @Yowannty здраво сесре моја :)
    Ај да си споделиме иста судбина секој скок.
    Истото го прави.
    Цица само 2минути,и се трга ако го вратам да доцица се трга.
    Ама многу е заинтересиран за храна. Така да може и време дојде полека, полека да се спремаме за ручкање :)
    И мене ми се полни градиве ама мислам дека ми е од чајот. Мора да престанам да пијам.

    Иначе бебе мое почна пак да нејќе да спие. Оваа недела е крајот на скокот. Се надевам од утре па натака сонце ќе не огрее, и во очекување на 6ти скок ќе сме.
     
    На Lianna Anna, koritsaki, KuklickaSk и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @Presrekna Цицо на квадрат ќе бидеме :)
    Јас со Лактил и чаеви бев до 4тиот месец, и од тоа “немам млеко” еве 19 месеци дојам :)
    И јас бев будалче кое даваше ад а млеко имав,наутро маицата мокра и градите тврди, мене ми викаа неам млеко.
    Толку ја разбирав.
    Регулирана ти е лактацијата до сега, доста ти е со капсули, немаТ да го снемаТ млекото :D
     
    На Kaetana, Lianna Anna и Presrekna им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.608
    Допаѓања:
    185.145
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. сесре :hug:
    Значи горе долу исто е. Само спиењето ноќе не ни е проблем една недела и +/- некој ден. Претходно спиеше по 2-3 часа па будење, а ноќеска после многу долго време спиеше од 10 до 4 сабајле. И нормално се разбуди свежа и спремна за журка следни 2 часа. (facepalm)
    Сега со цицањево се пекмези. Ај претходните денови некако се трпеше, ама последниве 2, не ги празни градиве. :worried:

    Да одмориме малце па да спремаме живци за 6ката. :D

    Конечно и моја бебла се интересира за храна. (poolparty) Значи не за џабе почнувањето се поврзува со 6ти месец. Кога сме кај дохраната, имаш разговарано со педијатар? Знаеш како ќе почнуваш и со што? И кога? Имаш некој план? Јас се мислам дали да почекам до контролата тогаш ќе има 6 + некој ден, или да се консултирам со педијатар некој ден претходно..
     
    На Kaetana, Мариаа., Presrekna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Јас наредна недела ќе почнам. На ден два пред да наполни 6.
    Педијатар ми кажа со кои намирници да почнам, па кога ќе сме на наредна контрола ќе ми каже што како.
    За почеток ќе биде зеленчук, па овошје и инстант оризот од хип. Од зеленчук прво е: морков, компир, батат, брокула, пашканат, тиквица. А овошје: јаболко, круша, слива, тиква, кајсија, банана.
    Додека проба вкусови од се ова, па после ќе мешаме и да стигнеме до еден оброк. Таков е планот.
    Време е да почнеме, веќе им се лапка :)
    Држам среќа да бидат јадачи, и да немаме молење со храна.

    И ајде сите генерациски одиме во темата 6-12 :)
    Леле ни пораснаа бебињава :)
     
    На Kaetana, Pocahontas9, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    И ние што не доиме сме горди мајки 8)
    И :!: блиски сме со бебе!
     
    На Sreka16, Sesil, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Во неколку теми само кај што префрлаш те имам прочитано. Why?

    Членката @Presrekna не кажа ништо лошо за тие што не дојат, туку колку она се измачи за да дои, даваше ад, па мастит фати и така тешок пат имаше и горда е на тоа што покрај се успеала.
     
    На Lianna Anna и Presrekna им се допаѓа ова.
  17. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    @Yowannty @Мариаа. значи јас уствари треба да сум среќна - ние само со плачки заспиваме и знае да прсне да плаче ако ја земе во раце некој што не доаѓа често, а штом заспие цврсто, после тера до кај 3-4 сабајле, па цица во сон и продолжува до сабајле. Преку ден исто фино спие, шетаме со саати, спие во количка па после дома пак задремува. Еве денес по ручеци по слаткарници, златна беше си нуни во количката со саати.

    Ама заспивањето е страшно станато. Прво ме цица ме цица, мислиш ќе ме издише од цицање, па заспива, станува и рика небаре ја колеш, не ја успиваш. Сака да е светло запалено, да зјапа во тв, да нема чувство дека ја успиваш. На крај заспива уморна од плачење, гушната со мене на спална. Неколку дена веќе спие со нас на спална ради ова. Се плашам дека ќе заебеме работа, да не можам да ја вратам во креветче после скокот - ама не знам друг начин стварно, инаку нема цела ноќ да спиеме сите. Осети ли дека нема некој до неа, се буди.

    Инаку јас исто планирам да терам ексклузивно доење до 6 месеци. Млеко имам, ништо не пијам веќе фала Му на Бога освен вода ама одлично напредува бебе, од 600 до 800 грама месечно. Се смее и на глас конечно :) ама најнапредна е во физички дел, веќе се крева буквално целата нагоре - ќе и ги притиснам коленцата со рака и сама се исправува во седечка позиција, како возрасен стомачни кога прави :rofl:
     
    На Kaetana, Lianna Anna, Presrekna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Немав тагнато ниедна членка! @Presrekna ни е генерација и баш ми е мила! Не знам кај си ме читала да префрлам. Ниту јас не кажав ништо лошо за тие што дојат. И јас сама доев некој период.
    Муабетов е за во мајчински.
     
    Последна измена: 9 февруари 2020
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    @Presrekna погоре има напишано дека е горда што успеала да дои, и ти подоле пишуваш 'и ние што не доиме сме горди мајки'
    Па очигледно на тоа алудираш.

    Како и да е. Сите го сакаме најдоброто за нашите деца.
    И само позитива нека има :)
    Тука сме да си помагаме.
     
    На Lianna Anna, Presrekna и The Unicorn им се допаѓа ова.
  20. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    Коментарот поише ми беше за тие што не успеале да дојат од х причини. Ништо лично кон @Presrekna .
     
    На Septemvri и Presrekna им се допаѓа ова.