@Мариаа. ооо па супер, ти плански спремна. Ете исто размислуваме, и јас сакав да почнам некој ден порано. Ќе ја барам неделава педијатарката да ми даде некое упатство, не верувам дека има многу разлика со кај нас и ова ти што го пиша, ама да бидам мирна. @EvieBabe пиххх ти супер си. Чим тера часови ноќе блазе тебе. Моја бебла цела ноќ на 15 мин будење цели 5 недели. 45 мин. ретко кога ќе поврзеше наспана бев. Иначе мене сега во 5ти скок ми праи проблем за заспивање. Измеѓу 4ти и 5ти скок почна да заспива во 8 и да тера 2-3 часа пресреќна бев. Сега во 5ти пак од 8 заспива, спие пола час па се буди и до 10-11 е будна. Ама бар пак поврзува некој час последнава недела ипол. За во креветче не се секирај. Во 4ти скок и јас ја прибрав со нас на кревет. Искрено попрактично ми беше така оти се будеше на 15 мин. После скокот откако се смири, ја вратив во креветче. Еве ја месец подоцна уште си спие таму.
Е па добро штом е така; искрено многу ми е страв за тоа спиење на спална - не сум уопште себична, бебето ми е најважно ама живи искривени сме со мм, се будиме цели укочени од што спиеме на раб двајцата за да не ја удриме неа. Башка не сакам да ја научам толку да биде зависна од мене, залепена за мене и никој друг; мене ми годи ама не сакам да им плаче на другите после, само мама мама, па да ми замеруваат, да ја сметаат за лигаво дете Ќе убијам некого
Кога се во скок и спијат на спална не се важи И мое бебе спиеше на спална кога беше 4ти скок, а и сега некоја вечер заспива до нас, зошто е премногу кенкав, па најубаво е сите да сме наспани. Нема да се научи на спална, не се секирај. Кога е во добар муд, ставај го во креветче.
Исто бевме по термин со бебињата, и кај нас е исто. Заспива со плачење, се буди со плачење, кенка денски, вришти во раце кај непознати, преку ден само по 30мин спие.. Во количка надвор ужива. Ајде уште 3 недели ќе се дружиме.
@The Unicorn знам дека не мислеше ништо лошо со постот нити кон мене имаш нешто против. Не ги потценувам мајките што не дојат. Напротив мислам дека доењето е далеку полесно, а давањето ад е поскапо, станувањето ноќе е мачнина секоја чест на тие мајки. Но јас само си сум горда на сама себеси што заради тоа што успеав со доењето. Со синко за жал зезнав. Немав доволно млеко, млада бев и дадов многу рано дохрана наместо АД. Сега многу се изнамачив но успеав. Јас ја немам таа среќа како многу мајки да имам многу млеко. Како сестра ми на пример вадеше цицка и во секое време имаше полни гради. Ниту пиеше нешто нити се мислеше. @Мариаа. Фала на подршката баш ми ја сфати поентата на постот горда мајка. Ми го знаеш патот мила. И се мислам генерацио (@Мариаа. @Yowannty, @Septemvri @The Unicorn, @marchi-cool , @Lianna Anna , @Mia Fuentes ,@PoisonGirl @maja1511 , ако заборавив некој допишете) ште некој ден И треба да се отселиме од темава во совети од 6-12 месеци. Леле како лета времето. Само здрави и живи да ни се. Инаку @marchi-cool како сте? Оздраве бебушот?
@Presrekna дефинитивно си ни најсмирена и најсталожена мама у генерација. И да сакам неможам да се расправам со тебе одма ќе ме смириш и ќе ме решиш А да си седиме во темава? Да глумиме дека бебињава уште ни се новороденчиња Мразам нови работи и непознат терен
Женички, знам прашањево е 100 пати прашано..имено, малата ми има бело на јазичето ама ептен, ја чистам со сода, прашањето ми е колку пати дневно смее да се чисти со сода, и за колку време мине ? Утре сопругот ќе земе капки Нистатин. Фала ви
Мајќи вие што давате Адаптирано млеко каква вода користите? Јас купивам Аква Вива, превривам во ѓезве, и потоа по потреба ја топлам и правам млекце. Како правите вие? Која вода ја користите?
Јас користам Бебелан. Само ја затоплувам не ја превривам. Инаку вода што е веќе еднаш превриена па оладена не е пожелно повторно да се затоплува.
Морам така, бидејќи навечер кога се буди, вришти на цел глас ако веднаш не и се даде млеко Но штом нема потреба да ја превривам нема да правам така. Од каде ја купуваш таа вода?
За првото користев обична од чешма само превриена , вода у пластика со рок на траење и не сум баш љубител за користење.
Водата од чешма воопшто не ми се дава, мириса, и прави многу каменец и има хлор.. Затоа купувам.. Се мислиме со маж ми да купиме Пролом, таа да и ја даваме. Да почнам само да ја топлам, без превривање.
Во зегин или еурофарм. На неа пишува дека е препорачливо 24 часа по отварањето да се преврие но не го правам тоа. Проблем сум немала. А и бебе ми пие веќе поише од литар дневно па едно шише не користам поише од ден ипол.
Јас ја чистев после секој подој исто ако доиш и градите чисти си ги. Досадна е кандидата и со Нистатин не помина одма кај нас.
Јас мислев дека 3 пати дневно со сода е многу, ама чим смеам супер. А градите како ги чистеше ? Дојам да.
Значи да се разбереме убаво. Содата ја растварав во вода, газата после ја натопував во неа и бришев устата внатре цела, со истата течност ги чистев и градите. Во едно шишенце од 200мл ставав една рамна лажичка сода.
@Starlič пролом не. Нивоата ма калциум и натриум не се прилагодени за бебе. Ја пијат оние со бубрежни проблеми, нема потреба да земате таква. Јас за ќерка ми земав вода во стаклени шишиња, купувам од скопска пивара пакети роса од 750мл. До 6м ја превривав и неа, ептен забегано. Сега и давам ладна, пластични шишиња. И за мене лично ладна ми е најубава и најпитка вода. Ако е нетрпеливо бебето, чувај си превриена вода во термос, другаркиве така носеа на кафе кога сме оделе или во парк за да дадат ад. @Presrekna јас не го рачунам досега доењево поефтино, ваш вчера со мм с зафркавав, 800 и нешто денари лактилот, по 1000ка за чаеви за доење месечно најмалку, секој ден кило јогурт, кило сок од јаболка, а некогаш си дозволувам и чоколадно млеко. Мислам дека повеќе трошам од ад да купувам. Но, неспоредливо е секако, уште толку би дала.
Свари чај од камилица и премачкувај ја по неколку пати на ден со памукче. Имаше и моето, така ми препорача патронажната да правам и му се исчистија.