Дечки и мое бепси уште малку иде на дохрана. Негде прочитав дека СЗО ја смениле листата за дохрана, нешто во врска со алергените беше. Ама не можам да најдам ништо конкретно и официјално. План ми е да почнам со зеленчук, па ќе убацам овошје, ама паничам (веројатно џабе) дека кога ќе воведам овошје, нема да ми сака зеленчук. Таква среќа имав претходно и маскирав. По стара навика, планирам морков прво. Што мислите за сокови? Јас не планирам да давам. Вода само. Ќе има проблем и со шишето, не фаќа цуцла. Ама ќе видиме, со педијатарот прво да се консултирам. Има уште 2 недели. Леле зошто толку брзо ми поминува времето? Овие тука се си знаат. Се зезам. Има апликација, wonder weeks.
Како го стававте бебто да спие??? Читам многу со поделени мислења, јас на страна го ставам да спие.... Споделете ваше мислење.
Мојов не сака на страна. Се врти на грб. Само со главата лево десно. И да го наместам некако одма се превртува. Не знам како е најдобро..
Моево е 3 месеци и од раѓање ја ставам да спие на страна. Имам од перничињата/потпирачи и ја ставам да си спие во нив. Во текот на ноќта кога станува за јадење и ја менувам страната за да не се здрви, а и да ја обликуваме убаво главичката. Единствено кога дреме преку ден ја одтавам да спие на грб со главата на страна, многу ми е страв да не се задави, бидејќи кога беше помала бљуцкаше и сега ми остана во навика
по 2 примени инфузии живина бебчо фала богу. Продолживме со антибиотик малку уште поткашлувa денес ќе одиме на контрола инаку супер си е лошото фала богу помина. И да кај и да е веќе се префрламе во нова тема
На грб. И без перниче. Другите позииции и не се сметаат за многу безбедни кај новороденче. Вртење странично и на меше само преку ден, кога ќе можеш да надгледуваш. Кога ќе почне само да се врти, ќе спие како сака. Ако се плашиш од бљуцкање во сон, мислам дека има душечиња со наклон кај главчето.
Дали користите нешто за теменица? Бебе има доста кај фонтанелата. Сум пробала со масло бебешко да го мачкам пред бањање неколку пати ама не ми успеа баш.
Околу 350-400, мачкав после бањање,стоеше 1 час па чешлав. После тоа му беше мрсна косичката,ама поминуваа лушпите. 5-6 пати мачкав и паднаа. Можеби е подобро пред бањање да се намачка,да отстои да исчешлаш па после да се бања бебчето.
Јас не планирам сокови да давам, само вода и да цица. Со поголемото дете почнав со сокчиња, па овошни каши и многу згрешив. До 2 години вода не сакаше да пие ( среќа сега вода само пие, многу ретко сок). Исто планирам прво со морков да почнам, па тиквица, компир, батат, тиква, ориз и после со овошје. Ама имаме ние уште еден месец до дохрана, битно мама има план Се надевам лапачка ќе биде, досега е доста лакома.
Јас за да не и испаѓаат крлушки на главчето секое бањање ја челам со четкичка од Томи типи. Со првото така, и не и испаднаа, сеа со второво исто.
Здраво мајки, можеби не пишувам во вистинската тема ама би сакала да ве прашам нешто. Нашето бебе треба да пристигне во јуни. Почнавме да купуваме по нешто... Прашањето ми е колку боди на кратки а колку на долги ми требаат? Дали да купувам од најмалите 50ка или од 56ка?
Купи си по 2-3 од 50,56 а повеќетп нека ти се 62ки,тие најдолго се носат. Боди по кратки имав 10-12 за почеток, по долги 8-10 (се роди во октомври) Секогаш ми е облечен боди по кратки па одозгора блуза или шпихозни по долги. Кога е потопло дома го облекувам нагоре само по боди на долги,надоле тренерчиња. Некогаш бза надвор облекуваме боди на долги со блуза по долги. Тебе ќе ти требаат повеќе по кратки,со оглед на времето.