Здраво мамички, Бебчето ми се нафрли првин на главчето а потоа и на мешето само на ножињата нема.. дали се потпарци ова или се раб за нешо др..? за главчето кога имаше прашав педијатар рече дека се потпарци, а сега овие нз дека и надолу се проширија..
Мамички кога му ја купивте првата играчка на вашето бебче? И што беше тоа.... Ние сме 4та недела и уште немаме купено играчка, ама мислам дека веке ни треба. Дали сте задоволни од оние како кебенца со играчки горе као да ја легнеш беба и она да си гледа во играчките или бебе мое е мало уште за тоа? И друго користиме Памперс Премииум 1 овуе 2 дена ни ја пропушта каката, не е дека незнам да и наместам до сега само јас и менам пелени да не знаев и до сега ке се видеше, а беба има 4 кила на 1цата пишува дека е од 3 до 6 па незз дал е за поголеми дал нешто не штима.... Дал има некоја мама со вакво искуство?
Каде што имам читано за етапите на сон на бебињата, пишува дека кога преминува сонот од една во друга етапа, бебето лесно се буди. Првиот премин е на 20мин. За тоа јас навечер и по 1 саат ја држам на цицка, додека не заспие убаво и не се најаде, после спие цела вечер. 4 + е. Пробајте така. Малку подолго нека седи на цицка додека не и се зацврсти сонот. Нешто друго што приметив околу третиот месец: кога ја оставав во креветче, иако цврсто заспана, се будеше и се тегнеше на страна. Сфатив дека сака да спие на стомак. Од тогаш ја оставам на стомак и да се разбуди при оставање, сама се успива и продолжува. Знам дека е ризик од SIDS, ама се и тргнав што може да дофати и да стави во уста. Знае некогаш да го забие носот во душек, ама за некоја секунда сама се врти... Зборев и со педијатарот, вика ризик е, ама ако не сака на грб и ја врти главата, тоа е. Битно да е се тргнато и чаршавот да е со ластик
Прво шо купив беше вртелашката над креветче имаше 1м и така само гледаше сега сме 4 месеци се радува скока писка црка по неа. А исто и ние користиме памперс премиум пд кога сме родени до сега ни нема пропуштено ни кака ни мочки. Може треба 2 да земиш ти ќе си видиш дали му е мало
Супер е таа играчка, и по 1 саат си седи во неа. И да купите порано, не е страшно. Брзо растат, ќе се зачудите кога ќе почне да покажува интерес.
Моето има таква играчка од пред да се роди ама не му ја пуштав мислев нема да го занимава толку мал, ама може од тука месец отприлика пробав да му ја пуштам, зошто е бебе на кое се му здосадува за 5 минути со ова се занимава дури малку подолго. Ги следи тие што се вртат, прета со раце и нозе.. За памперс јас користам обичен, брзо го сменив кецот, сигурно околу 4 кила имаше тогаш, а е од 2 до 5. Гледај како му одговара, може е за поголем. Едит: Лошо сум разбрала за играчката, мислев збориш за таа над кревет што се врти. Ваква немаме, мислам дека е рано.
Здраво мамички... дали сте имале период со вашите бебиња да плачат додека се бањаат, а претходно да сакале да се бањаат? Веќе вторпат по ред бебуш ми плаче во бањање и не сака да се бања, се плаши, а не се случило ништо за да се исплаши. Инаку е во период на 4ти скок и не знам дали плачењето може да се должи на тоа. Секој совет за да сака повторно да се бања е добредојден.
Здраво мамички, бебушот има доста шлајм вадиме со пумпица, но не изл се, приметив во изметот има и поврака шлајм, а сме 2 месеци и 1 недела.. дали треба да почнеме со инхалации или сеуште сме мали? немам искуство со тоа..
Мајка ние имаме таква подлога со играчки и нема да згрешиш ако купиш. Ние ја добивме поклон кога мали имаше два месеци. Искрено паметна работа , дотогаш дремев над него со по некоја траскалка да го занимавам. Интересно е што кога ќе се загледа во некое играче одма посига да го дофати и почнува да се врти. На кутијата во која ми беше спакувана пишува 6+ , а јас веќе еден месец има како ја имам кренато, а бебе ми е 5+. Одкако почна да се врти на меше веќе ништо над нас не не интересира, така што баш ти е погоден момент сега да земеш и што е можно пошаренко да привлекува внимание.
@Мариаа. Мене на вакцини сестрата ми рече да намачкам со масло да одстои околу еден саат и да го измијам и исчешлам со чешле за теменица. Можело да фати инфекција. Ете за тоа не сум знаела. Пробав со Бекутан масло не помогна. Чешле имам за теменица со запци ама ми е шубе да го користам да не го изгребам или повредам така да ќе купам четка за главчето и има масло во спреј од dalin sampon па со него ќе пробам.
Однеси го на педијатар. Не сакам да те плашам, ама моето бебе симна на плуќа на 2 ипол месеци а правев и инхалации со физиолошки. После уште 2 недели бевме со терапија со пулмикор, со тапкање на грб, влечење шлајм со пумпица... Не е мало за инхалација, ама многу малку треба за да се направи беља кај толку мали деца, затоа сите педијатри препорачуваат одма да се носи на доктор толку мало бебе ако има секрет.
бевме на лекар пред неколку денови, немаше ништо баш го наслуша.. али пак ке се исконсултирам за секој случај.. фала ти..
Повишена температура кај мајката значи дека е активиран имунолошкиот систем поради некоја инфекција. Тоа воопшто не му штети на бебето и може слободно да продолжи да цица без никаква бојазност. Е сега ако пиеш антибиотици ќе треба да се консултираш со педијатар дали е препорачливо да го доиш бебето дури ги пиеш.
Нема врска чешлањето. Не се појавуваат на секое бебе. Можеби од како ќе се појават, чешлањето помага да паднат, ама не превенира. Се појавуваат од хормоните на мајката
Уште од прв ден можеш да му воведеш играчка. Јас на мојата и ставав покрај неа музичка кутија во облик на месечина и бебево сега на 4 месеци најмногу ја сака. Тие играчки што први ќе му ги дадеш и на таа возраст кога сеуште не пројавува интерес после ќе му бидат омилени, така што не чекај. За памперсот пробај поголем број може ќе и се таман.
Епа тапкај го да исфрли побрзо тоа што има. Нормално е да повраќа и да кака шлајм, нема како да го искашла и го голта или го повраќа. Ќе помине.
@*malenavolena*87 од третиот месец јас почнав да и давам играчки , почна да ги удира прво , па сега скоро пет месеца е и ги фаќа , ги влече , ги става во уста Кај нас ништо ново нема , затоа и ме нема нешто да чкртнам бебка моја на велико става раце во уста , лиги течат од сите страни , лигавчињата во денот неколку пати ги проперувам среќа има добри денови па се сушат. Во уста се става , ќебиња , лигавчиња , играчки што и дојде при рака ќе ја фати големата дада за коса па ќе и остане некое влакно во рака и цело време морам во рацете да и гледам. Период е и ова , ќе пројде.Инаку си спие супер , легнува околу 22 часот и спие до сабајле до кај 8-8и30 И ние полека полека се спремаме за цврста храна , во понеделник сме на контрола и вакцина па ќе видиме што ќе каже педијатарот за да и воведам. Пред 8,5 години и големата ќерка беше на ексклузивно доење и од 5тиот месец се сеќавам дека и воведе храна тогаш беше прво овошје (банана , јаболка , крушка) , инстант креми од ориз (со или без ад млеко внатре) па потоа зеленчук (тиквичка , компир , морков). Сега слушам од мајки што неодамна децата има наполниле 5+ , почнуваат прво со сладок компир т.е. со зеленчук , бидејќи бебињата преферираат прво благо па затоа сега со зеленчук ќе почнеме. Јас го немав овој проблем со првата ќерка , јадеше баш се. купивме лажички , чашка , во понеделник ќе докупам уште силиконско лигавче и чинивче Не ми се верува дека уште малку ќе се одјавуваме од темава