Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    Јас на секој преглед прашувам, докторкава го фаќа, го подотвора и вели уште не.
    Исто додека бев на болница педијатрите ми кажаа до година не, а по современи нови ставови и до 3 години.
    Јас немам искуство нека кажат и другите мајки на поголеми машки дечиња. Мојот е 2 месеци, не го ѓибам.
     
    На bela.m и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    28.140
    Нас ниеден педијатар ништо бе ни кажал и не пипаме... @Annath машки дечиња имаше? Совет?
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.820
    Допаѓања:
    38.855
    Пол:
    Женски
    После година им ги отварав. Така ми рекоа.
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    Ако сум во можност одма, ако не сум трчам. Греота е да не му се даде она што го бара, а ја бара нашата близина. Па и да се навикне ( што не е можно) затоа сме тука нели? За нив сме цел свет, замисли дури е толку мало колку лесно може да му го подариш светот, само гушкајќи го :l:
     
    На rainbowmama, crazylady, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  5. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Мајки, си ги храните ли бебенцата додека патувате, додека сте во кола? Јас додека сме во движење никако неможам, се мислам ќе ги засркнам.
    Ако ги храните, на кој начин? Си ги земате во прегратка како и дома или си седат во транспортер па вие со шишенцето накај него?
    Незнам, глупава ли сум што тоа време додека стигнеме некаде го трошам непродуктивно?
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    https://tobetheperfectmother.com/17-things-you-should-never-ever-do-to-your-baby-in-his-first-year/
    баш вчера го читав под бр. 13 - никако хранење во движење, подобро напрајвете 5 мин пауза.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Бебето се става на грб. Не смее да има поделени мислења за ова. Не ризикувајте на страна или стомаче. Главчето се деформира кај сите, незнам зошто тоа ве плаши. Детето расте и му се исправува главчето. И да се искриви и дури и да треба шлемче да носи, никогаш ама баш никогаш не би го ставала на страна или стомак бидејќи искривувањето апсолутно не прави никаква штета на мозокот. Никакви перничиња ниту плишани играчиња. Прочитајте за бљуцкање во сон. Има убави научни видеа зошто бебињата не можат да се задушат во спиење на грб. Не сум слушнала никогаш да се задуши некое од повратено, а да спие на грб. Сум слушнала да се задуши од повратено, а спиеше на стомаче.
     
    Последна измена: 13 февруари 2020
    На Mia Fuentes, Lianna Anna, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Дури бевме во болница сестрите ми велеа на страна да биде, ама беше завиткано како пакетче па остануваше на страна. И дома го ставав на страна некое време (така поучена од болница за да не се задави ако поврати) ама почнав да приметувам дека понекогаш знае напред да се навали во сон и затоа престанав. Сега спие на грб со главчето завртено на стана па и да поврати нема да се задави. И на стомаче ама само преку ден кога јас сум будна и сум над него.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    "crazylady напиша:
    Дали кога плачи бебето го земате одма во раце или го оставате малку да поплачи? Јас го земам одма и затоа можи се навикна цело време во раце.."
    Не можев да го најдам коментаров затоа вака.
    Бебето секогаш се крева в раце кога плаче. Ама секогаш. Ако не можеш ти, некој друг. И јас слушав простачки муабети, ќе му се зајакнеле градите. Ова е еден од коментарите што најмногу ме нервира за мали бебиња.
    Се изначитав дали треба или не.
    Треба секогаш.
    Тоа дека се "навикнувале" па сега плачат за в раце е глупост невидена. Бебиња се, нормално дека ќе плачат за в раце. Не можат да кажат крени ме, мора да плачат. Потребата за в раце е исто потреба како за цицање и спиење. Зошто би го цицала и заспивала на време, а да го оставаш да плаче кога му треба утеха? Докажано дека бебињата кои добивале многу гушкање цело време и кога плачеле одма биле кренати, дека тие се понезависни личности како возрасни. Оние другите често имаат страв од напуштање. Не можам јас да очекувам бебето да се прилагоди на мене, морам јас да се прилагодам на него.
    @crazylady
     
    На Puffy2019, simonagj, Darija* и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.955
    Допаѓања:
    203.281
    Пол:
    Женски
    Да, машки имам. Од некаде вториот месец отворам кај двајцата, кај големиот немаше проблеми, кај малово не се отвора доволно колку и да влечам, па ќе мора да се доотвори на хирург. Мислењата и ставовите се поделени, некои велат да не се пипа, други велат да се отвора од раѓање. Со двајцата исто правам, различен резултат. Ич не сакам да го трауматизирам детево, па како што ни е планирана една интервенција на пролет, ќе замолам да му го отворат дури е под седација. Ќе видиме.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Јас моето бебе го ставам да спие и на страна и на грб. Понекогаш кога ќе ја легнам на грб само се врти на страна, и обратно.
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Вечерва го пишувам последниот пост во оваа тема. Од утре се селиме во темата од 6 до 12 месеци. Веќе почнав да ја читам така убаво со ред да видам што е како е. Го напуштаме овој период со доста прочитани искуства со веќе стекнати вештини за понатаму ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Оставаме простор за нови бебиња тука да си испишат нови страници да си разменат нови искуства и со лесно да се подигнат. Нас овие 6 месеци пребрзо ни поминаа.
     
    На rainbowmama, simonagj, лукајана и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Ние почнавме од втор месец,ама не знаеме ни јас ни мм,не ни успева, па се мислам патронажната да ја викнам да не обучи.

    Ај да шкртнам нешто и јас :)
    Ова дете мое уште нема фатено некој ред за спиење, вчера околу 21 го избањавме, во 22 цицаше и заспа. Му викам на мм не ми се верува до сабајле да тера вака, кога изненади,не се разбуди.
    Обично после бањање знаеше да дремне пола саат,40мин.
    А го бањаме преку еден ден,секогаш во различно време,па ако му е поубаво навечер бањање па спиење,ќе си фатиме така ред.

    И таман се израдував дека не се разбуди,ете го во 2:00 за цицање. Ај добро викам од 22 не е јаден.
    Во 4:00 пак се буди,давам цуцла плука и вика. Мене ми се спие ми се плаче. Ајде го земав цицаше. Во 7:02 како навиен,се буди и не плаче него писка! Ајде цицање,спиење уште една тура.
    Од 9ипол почна да цифка,отвори очи затвори, јас станувам од спиење а уморна,ајде викам ќе станам. Го свртев накај мене го расонив и почна да се смее.
    Да не му понудив цице во 10и20 (отидов да правам крвна слика) немаше да побара.

    Не знам како да го одвикнам од ноќно цицање на 2,3 часа. Дење не бара по 4,5 часа, па не е фер. Едно цицање да скокнеме ноќта ќе бидам најсреќна..

    Почнав овие денови по малку вода да му давам,пие по 10-20мл,таман колку да се навикне. Се мислам ноќе да пробам со вода,да му понудам кога ќе се разбуди:^) (еднаш решив ќе пробам,се разбуди ми беше жал му дадов цице)

    Инаку на доење сме и супер напредува,на 4м е 7800г, со 66-67см.
    Овој месец не отидовме на контрола,докторката рече ако немаме некаков проблем да прескокнеме заради грипот.
    Ја прашав за дохрана ми рече од 5+.

    Почнав да го ставам на под,на тепих јорганче и потпрен со перници. Пред него подлогата за играње, ги фаќа играчките се тегне за нив и пробува да се исправи. Мајка се радува,вежба мускули за седење:D

    Во последно време почна место плачење да писка,како нервозно да се жали. Вчера во таков момент со глодалка му ги почешкав непцата и се смири.
    Можно е да му се воспалени за забче? Вака не ѕирка ништо.

    @koritsaki и моево јаде се што ќе фати,рацете да не зборам по 5 прста од двете раце става одеднаш,сите играчки се пробани по вкус:D исто тегне тетра,ќебенве,лигавче се става во уста и шмука:D

    Гелче за непца освен Фрезидерм и Озанит да препорачате? Нешто овие ми се увртиле како најефикасни:^)

    Бебе е неуморно, бара внимание,сака да си игра. Се смее на ѕе, се заигрува со играчка,не фаќа по лице.
    Почнав и млечни производи да јадам,уредна му е каката.
    Само ме загрижуваат лишаите по нозе и стомак, едвај чекам да се видиме со педијатарот:x
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Ќе ти се придружиме сите комплет.
    У комбе идеме заедно:D
     
    На Presrekna, Yowannty и marchi-cool им се допаѓа ова.
  15. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Колку вашите бебиња се приврзани за вас во смисла дали седат кај други луѓе? Мислам на поблиски луѓе што ги гледаат често.
    Мојата бебушка како лепенка е до мене. Кај никој не сака да седи, единствено кај мм и со него не баш многу. Не знам како може бебе од 4 месеци да прави разлика т.е уште од помала возраст не сака кај никој друг.
    Со син ми немав воопшто мака, без проблем го чуваа бабите. Сега буквално не можам да мрднам, не седи ни 1 саат. Кога имам обврски низ град ја носам со мене. Два пати ја оставив се изнаплачи, дури липаше кога се вратив. Само што ме виде секундарно престана.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.289
    Пол:
    Женски
    Охоо и те како дека знаат. Моево ако го држи маж ми или некој друг, ќе се одере од плачење, ја земам и се смирува веднаш. Само месец дена е.
     
    На Magic13 и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Значи душа ми извади ова бебе мое:|
    Цицање 22и30, будење 1,3,5 очекувам 7 па 9.
    Зошто ноќе на два саати дење дури 4 или 5(facepalm)
    Ова ли е скок во развој:x
     
    На Magic13 и Vanessa9li им се допаѓа ова.
  18. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Исти сме вечерва. :clap:
     
    На Vanessa9li му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Ние сме сега на секој час. Значи јаде, заспива и се буди за 1 час, па се нишкаме, плачеме, урламе, се смееме уште еден час и пол, па пак јово на ново, а што ме нервира градите ми се полни млеко ама навечер кога е во оваа фаза не сака цице ни за жива глава, мислиш го колам ако го доближам до града. А ад млеко не давам дур не поминат барем 2 и пол часа. И така утре ги чекам саб симплекс да стигнат од Бугарија уште тоа ми остана да пробам, ако не помогне и тоа ќе си се помирам со фактот дека нема да спијам и ќе чекам да наполни 3 месеци.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Каj нас пoмагаше тoпла тетра, термoфoр и вежби сo нoзете.

    Еве jа уште гуга и писка наjакo штo мoже ]:)