Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Убаво ме утеши:D
    Криво ми е има бебиња од прв ден цела ноќ ја спијат:doh:

    Вие мајки 6+ не не заборавајте нас,свратете некогаш во темава за совет,искуство,додека не ве стигнеме:)
     
    На Мариаа., Presrekna, kitty.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    мене првото така,уште од вториот месец спиеше по цела ноќ мака со него ич не видов. Е ама ова ко за двајца ми наплаќа. И пак се тепам дека има и полоши случаи. Пак колку толку се спие освен последниве 2 ноќи каде не знам как се наоѓам,сеуште имам трауми. Имаше и период каде недела дена стануваше на секои 30-40 мин ама ова синоќа.... :(
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    28.140
    Пробај да го успиеш најкасно до 9 вечер, па да видиш дали исто ќе се буди. 22.30 е доцна за 4 месечно бебе. Знам дека звучи наопаку (и со маж ми едвај се убедив дека ако порано легнува повеќе ќе спие) ама порано легнување кај нас значеше подолго спиење.

    Во 4 месец има регресија на спиење, им се менува циклусот на спиење на бебињата и затоа може плус да се буди почесто.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.330
    Допаѓања:
    28.140
    Има полни пелени со мокрача ? Тешка е пелената? Ако има полни пелени не се секирај, најадено е.
     
  5. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.781
    Пол:
    Женски
    Мене никогаш не ми се тврди, навечер сме катастрофа фати пушти, плаче, се стегам некогаш тече млеко некогаш не, ама ако бебе цица ќе си извлече тоа што му треба. Си реков ќе издржам само да дојам до наредна контрола на 2 месеци и испадна се тоа било во ред, добро напредува. Не мисли на имам-немам, мене најмногу ми помогна тоа што реков што сака нека е, ќе се нервирам, нема да спијам ноќе, цел ден со цицка в уста ќе седам, ама ќе дојам. Секако, не налудничаво, ако гледам дека бебето има проблем друг ќе бараме чаре. Ама штом досега си доела без мака, а имаш млеко во друг период, имаш цел ден, ич не ја мисли.
    @Sofi.ja кога велиш има бебиња што ја преспиваат цела ноќ, еве јас две различни имам. Првото генерално си спиеше, до ден денес плус и сама во креветче, а бебево нема видено креветче, се со мене спие, јас најголемиот противник на заедничкото спиење. Ама полесно ми е, во креветче се буди, а дење нема одмор, ќерката е турбо, па дај шта даш.
    Да пробаш да го земиш со тебе после првото спиење ноќе, може ќе се наспиеш. А бидејќи сте и поголеми можеш и од лежење да доиш ноќе веќе. И не бери гајле за бебињата што спијат ноќе, ќерка ми на 2 години почна да се буди, ќе наплатат кога тогаш :devil:
    Баш сега со мм се карам за клише муабетот, нема место за мене во куќава, стави бебето во креветче да спијам со вас. Викам се буди и тој одма не, не се буди, ти сама сакаш со тебе да е. Па да, сакам, да не спијам, искривена цела ноќ, а некаде после 3-4 саат и големата ми доаѓа со барање за гушкање, сакам да:punch:
    Не дека не ми е убаво кога си го гледам мирно заспан и го гушкам:tmi:
    Се наоружав со бисквити и бајадера, шише вода и ноќта може да почне, :emo:
     
    На Meckicja, Cherry333 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  6. mici-22

    mici-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    911
    Да, си мочка редовно. Сме немале сува пелена до сега, но поретко кака. Се надевам ќе се регулира наскоро.
    Благодарам :*
     
  7. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Мајки тие што давате Д3 со омега и чисто Д3 капки на Babytol како ги давате, заедно и двете или на одредени периоди? И дали е проблем жолта течна столица? Не знам како изгледа пролив, дали е пролив или само по течна столица? Извинете на описот
     
  8. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Јас давам посебмо омега посебно Д3
    Ги давам прво Д3 па омега гледам претежнонда се во ист период од денот
    А столицата е во ред се додека има златно жолта боја син ми има цело време течна прашав доктор рече во ред е не е пролив доколку за рок од половина час не се иакака неколку пати
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    А зошто и Д3 со омега и посебно Д3?
     
  10. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    6.562
    Пол:
    Женски
    На некои бебиња им треба поголема доза на Д3 витамин.

    @Sreka16 јас давам Д3 со омега + Вигантол и ги давам заедно.
     
    На Adams, Sreka16 и Мариаа. им се допаѓа ова.
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Ортопедот ми рече и д3 со омега и плус д3 (јас давам вигантол) да се даваат заедно, насабајле.
     
    На Sreka16 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    По препорака од педијатар не било доволно само Д3 со омега, туку и чист Д3.
     
    На dromka и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  13. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам јас сабајле ги дадов на растојание од два часа, ама ќе давам веќе заедно ❤
     
    На dromka и The Unicorn им се допаѓа ова.
  14. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Мајки здраво вчера беме на ортопед докторот ни рече јадрата не биле оформени дека кај некои деца покасно се оформувале. Ни речеда ги дотрошам тие на babytol и да земам Пливит д3 да сме стимулирале за побрзо развивање
    дали некој има искуство со тие капки?
     
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    И ние како вас Д3 со омега и 1 капка Вигантол.

    Не знаев дека може двете истовремено да се даваат.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    786
    Пол:
    Женски
    Јас давам Пливит од почеток. Такви му дадоа на мм во аптека кога побарал д капки. Капките се горчливи и можно е да ти ги плука. Јас капнувам 3-4 капки млеко во лажичето со капките и така му ги давам и веднаш или цуцлата ја пикам или шишето со млекце. Ги пробав и јас (имам навика се да пробувам пред да му дадам на буци) не се страшни ама не се ни кој знае колку вкусни.
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Мајки, како ги поднесувате лактил капсулите вие што ги користите?
    Јас подолго време ги користам, веќе 4то пакување. Но во последно време имам гадење и болки во желудникот. Мислам дека е од нив. Или евентуално од чајот лактамикс.
    Колку време смее да се користат? Планирав уште овие да ги допијам, па секако уште малку почнуваме со дохрана.
     
  18. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    И на моето бебе му дадоа вигантол И д3 со Омега. Давав наутро и навечер но сега заедно ќе давам.

    Јас сеуште ги пијам само наутро. Некни имав повеќе млеко ги прекинав но пак продолжив да ги пијам.
    До сега немам забележано гадење или болка. Истовремено ги земам и прегнезол комплет.
    Ние веќе имаме еден оброк а се друго е на цицка
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Не одиме нигде. Тука сме на форум заедно. Халаха
    Моево од бебе кое 6 месеци спиеше цела ноќ и стануваше само еднаш, еве 3 ноќ редовно на 3 часа се буди.
    Дали дека по дома сме сите болни и стануваме ноќе, кој кашла, кој Кива и офка.
    Или среде 5 скок сме а си ја подреков дека скок не ја додирнува не знам. Инаку ништо не и менувам. Капење во 19:30 најкасно 20:00 е заспана.
    Можеби менува, можеби ја врви вирус не знам. Ќе почекаме.
     
  20. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Можеби од скокот се буди.
    Пак не е страшно на 3 саати. Мојата од кога е родена 3 саати поврзани само кога ќе ја заспијам спие, после тоа цела ноќ на саат се буди. Како во бунило спијам, стани легни хахаха. Колку пати ми се причинува како земјотрес да има, ќе скокнам од кревет :)
    Мм ме зафркава ајде пак земјотрес :D
    Со син ми раат бев, од 2 месеци цела ноќ ја спиеше и за чување беше полесен, со сите седеше. Затоа ќерката ќе ми наплати и за него :)