Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. Milicko*

    Milicko* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    81
    Пол:
    Женски
    Мајки на колку месеци почнавте бебето да го шетате во стандардна количка наместо во корпа?
     
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.807
    Допаѓања:
    145.399
    Јас давам Пливит од раѓање. Само едно пакување Бебитол имам дадено. До сега само Пливит.

    Пливит е препарат постар и од нас. Со него пораснале куп генерации. Бебитол е новата мода.
     
    На Isabel, crazylady и Adams им се допаѓа ова.
  3. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    За 10 дена полниме 5 месеци. Каде летнаа, кога пројдоа ;(

    Има ли нешто ново што треба да се прави/вежба/работи со бебето овој период? Дали треба да почнам да ја потседнувам онака на колено кога ја држам во скут? Да ја ставам на земја на тврдо? Да почнам со некои други вежби освен оние едните исти што ги правиме од мало бебе? Ми порасна бебето :(
     
    На bela.m и Magic13 им се допаѓа ова.
  4. Magic13

    Magic13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2019
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    2.251
    Пол:
    Женски
    Исто пребрзо ми поминаа. Мојата за 8 дена ќе наполни 5 месеци. Не знам кога помина времето.
    Сега е во фаза кога најмногу сака да се превртува. Ја ставам на спална и се врти на меше па на грб. Многу се радува.
    Кога почнувате со пробување на вкусови?
     
  5. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Докторката рече ќе се договориме на следната редовна контрола на 25.02. Секако не брзаме зашто супер напредува сп цицање, има време за јадење :) Рече околу 5.5-6 месеци ќе почнеме.
     
    На Magic13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Читам сега по интернет за milestones на четири месечно бебе (мада моево е родено во 35+2, а просек е 38-39, па си се тешам дека и е рано за некои работи) ама чудно ми е што голем дел од наведените гледам овде читајќи по форумов кај нас се смета дека е рано четврти месец. Пример: да може да седи со помош (кај нас сите паничат за седнување на бебе пред пет месеци), па пишува да покажува интерес за околината кога седи во количка свртено нанапред (кај нас исто никој не вози бебе во количка свртено нанапред пред 6 месеци мислам). Па вика, да се превртува. Мојава уште не се превртува ама знам ни многу други на 4 месеци уште не се вртат. Да знае да си ја држи тежината ако ја фатиш за раце и исправиш на нозе. Тука мислам никој на 4 месеци не ги става да стојат на нозе?

    Јас стварно не знам кои “цели” треба да ги има совладано бебево на 4.5 месеци :?:
     
    На bela.m му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Јас од првата недела кукам како ми е пораснат,како ми лета времето,сакам пак од почеток :D а машала батко напреден,на 4 месеци е скоро 8кг и 67см,цело време се смеам викам имаме дете не бебе:D
    За седење, не знам дали се препорачува исто и за женски,од 4+ го ставам на 45° агол. Не цело време,одреден период од денот кога е на под,потпрен со перница. На кревет ми е страв да не падне,количката уште не сме ја ставиле под тој агол не се снајдовме минатиот пат баш.
    За седење под агол од 80° од 5+ рече ортопедот,нагласи 80° за бебето само да се исправа до 90°и да има избор и да биде навалено.
    За целите малку и се претерува.
    Секое бебе е различно,а овде може да си споделиме кое што прави па да видиме до кај сме.
    Како заб некое што вади на 3м некое на 9м, така и други работи можат во различно или исто време да ги прават.

    Моето е 4 месеци и 1 недела гуга: деее ,еее, аааа, геее, снднхсхсдјп нешто по негово неразбирливо. Писка, се смее на глас, се смее на глас и без да го закачаме (претходно беше само на скокоткање) му повторувам што гуга,ми враќа, бара внимание,ако се оддалечам тажна фаца и почнува да цимоли,доаѓам до него се смее. Се смее на ѕе,бу и слични звуци при игри.
    Фаќа играчка ја крева нагоре ја разгледува,анализира.
    Одамна пика во уста се што ќе најде,најново си ја вади и става цуцлата.
    Ја гледа вртелешката со авиони,се радува кога ја пуштаме.
    Лежи на меше подолго време,фаќа играчка што стои пред него.
    Кога е седнат на агол 45 пробува да се исправи да седне.
    Кога лежи а го држам за двете рачиња пробува да стане.
    Пред некој ден за прв пат со многу труд и упорност додека беше на под се сврте на страна,па на меше. Притоа вториот пат(првиот помогнав јас) кога се сврте на меше сам си ги одглави рачињата.
    Помалку спие дење,не заспива на секоја вожња со кола.
    Почна да му се допаѓаат прошетките со количка,почна да се смее и надвор.
    Си ги фаќа двете рачиња,ги гледа ги врти ,па во уста.

    Се изморив пишувајќи,не ми се верува дека се ова го прави моето мало момче:inlove:
     
    На rainbowmama, koritsaki, simonagj и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.567
    Пол:
    Женски
    Боље не ни гледај или читај нешто такво. Секое дете е различно. Јас од памет се вадев поради тие видеа, се мислев каде да го влечкам по доктори бидејќи ете не ги правеше тие работи што на тие видеа се очекуваат од бебе на таа возраст. Остави тоа гледај си детето, тоа си знае кога му е време. :)
     
    На Bebac, Milicko*, bela.m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Кај секое различно, моето за два дена е 5 месеци, се врти од грб на стомак, задњо време е нервозна многу со забите, на глас се смее само кога ја бакнувам по стомаче инаку не, може и не сме и смешни не знам, кога не сум во близона цивка, а дојдам одма се расположува и се смее. Пика се во уста и од на стомаче почна да фаќа играчки и да ги пика во уста. Сакам да почне да ми се смее на глас, ама углавном сме нервозни од непцата
     
  10. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Да, тоа се работите што ги прави и ќерка ми. Јас и ти термински бевме само ден-два разлика мислам, така да има логика да се со сличен степен на развој, само моево беше порано родено, па одамна вади-стави цуцла, се крева целата нагоре за да седне, кога ќе ја фатиш за раце дури со залет се крева нагоре на нозе, ја потпираме со перници веќе месец ипол, гризе глодалки сама ги држи со две рачиња и ги става во уста. На глас се смее само на скокоткање уште и не се превртува, освен со моја помош.

    Мене повеќе ми беше за она седење, „стоење“... сите различно кажуваат и стварно не знам дали да ја потседнувам, да ја учам веќе да седи кога гледам дека сака, да ја дигам нагоре на прсти да подзастанува кога скока цела да се исправи или да ја форсирам да лежи, мала е.

    Инаку, многу се плашам со ова вртењево на очи, мала беше не ги вртеше толку накосо како сега на 4 месеци. Докторката вика без гајле, сега почнува да гледа одблизу па затоа ги врти, пробува да фокусира и стварно ги криви кон носот само кога пробува да погледне некоја играчка во раце што ја држи, а кога гледа напред нормално си гледа ама многу се плашам кога ќе ја видам така. Никое ли друго бебе овде не ги криви така очите на 4 месеци? По интернет пишува до 5 месец треба целосно да се „исправат“...
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Мислам дека не треба да се спречува детето ако сака да направи нешто.
    Не мора тоа што го прави да биде по правило во подоцен период, па да се плашиме да не им дозволуваме порано.
    Напротив ме треба да се форсира. Моево некогаш кога ќе го исправам на газе во седната положба ја тресе главата нема ражнотежа,некогаш е стабилен и си седи. Тука мислам дека ќе биде форсирање ако го седнувам а не е сеуште спремен за тоа.

    За очињата кога ќе фати играчка и ја носи точно пред очи сум забележала дека чудни му се,ама не знам баш дали ги криви,ќе видам па ќе ти кажам.

    Мене ме загрижува што уште затресува долна вилица..
     
    На EvieBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.551
    Пол:
    Женски
    Затресува и моево повремено ама не така како претходно кога беше минијатурна и многу и се тресеше. Сега еднаш да речеме на секое 10 цицање знае да завибрира. Ај баш види за очите :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    И мoетo затресува еве денес прсвиме 4 месеци и сеуште не се превртува сама.

    Играчка нoси правo накаj нoсoт и oчите така и дoаѓаат бидеjќи фoкусира.

    Ме интересира какo ги пoтпирате сo перница? И oд прилика кoлку е 45 степени седење?

    @Sofi.ja @EvieBabe

    Предлoг вежби за 4 месеци?
     
  14. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Мамички не е за овде ама тука најактивни па да си прашам :)
    Какво искуство имате со др. Сајковски од Систина?
    И дали има некој кој е исто толку добар како него приватен педијатар во Ск?
    Сакам малечката да ја однесам на допплнотелен преглед кај пореномиран педијатар, оваа нашава педијатарка е така колку да пројде од ред :) ама немаме баш избпр кај што живееме
    Па сакав да ја однесам кога ке бидеме 2 месеца на еден преглед, и да ми каже што и како правиме не правиме како треба. За ортопед доага тука во градчето од Филип 2ри еден ша планирам таму да одиме, ама за педијатар ако е тој од Систина најдобар таму, но ако знаете некој од искуство кој што е исто добар ве молам предложете ми.
    Исто вие што сте ни врсници, 1 месец има мојата мачечка, на какви прегледи ги носевте бебите? Нас ни препорачаа само на педијатар и мерење на одреден период да се види како напредува, на 2 месеца кај ортопед, и по потреба пак кај матичен... А гледам една пријателка со слична возраст ехо на глава и очен преглед..... Па се прашувам дали нам пропуштиле да ни кажат дека треба или тоа се прегледи кои по пптреба се прават?
    Извинете на долг пост :* Убав ден на сите
     
    На maaitka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.885
    Допаѓања:
    10.402
    Ние имавме самo месечнo мерење на тежина и oртoпед на 2 месеци.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kockichka

    kockichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушам ехо на глава да се прави. Веројатно ако има некои индикации, матичниот педијатар би упатил. И ние само се мериме кај матичен педијатар и од нормален преглед на срце, гради и главче. На ортопед уште не сме отишле, иако веќе е скоро 12 недели, ама ќе одиме неделава. Со големата одиме кај др. Темелковски во Ново Лисиче и задоволна сум, ќе продолжиме таму и со малава.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Only1

    Only1 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Мајки од кога почнавте да им облекувате обувки на нозете.Бебе е 4 месеци сега кога ја шетам и облекувам скафандер, но кога ке почне да седи сакав да и земам некој патики.Само незнам кој број треба за 5-6 месеци бебе?
     
  18. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Ние правевме ехо на мозок и преглед за прематурна ретинопатија дека сме предвремено родени. Прво ехо одма по раѓање второ на 1 месец. Исто префлед за ретинопатија на 1 месец и 1 ипол.
    И носев скоро секоја недела на почтокот на мерење.
    Доколку се р во ред нема потреба од правење ако има некоја индикација докторот ќе ве упати каде треба да одите.
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.452
    Допаѓања:
    18.704
    Зависи од детето,на 5-6 месеци би требало да му се точни они бебешкине патики во кутии,тие се мислам 16-17 број.
     
  20. Sreka16

    Sreka16 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2019
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Најверојатно твојата пријателка се има породено предвреме па тие се задолжителни превентивни прегледи за предвремено родени деца. Уживај мајка не се секирај ❤
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.