Здраво генерацијо Ние освен на педијатар што одевме 1 неделно за да видиме дали напредува бидејќи сме на доење и АД, никакви други прегледи. Сега кога правевме месец педијатар ни кажа се гледаме во 9 недела за вакцина и во случај ако има потреба (не дај Боже) да одиме. Кога ќе направиме 2 месеци имам закажано за на ортопед. Доколку се е во ред со бебуш немаш потреба од дополнителни испитувања. Самиот педијатар ќе ти каже што треба. Поздрав и убав ден
Денес на 5 месеци бевме на контрола беба супер напредува, исто и вакцина имавме и ете од поручекта нервозна е Почнавме и со дохрана денес прв пат, ко за почеток инстант ориз со ванила и дадов прееска изеде пола и повеќе, на почеток некои чудни фаци правеше и вода за прв пат пие Од 10 март ми рече да и воведам банана и јаболка , а на 17ти ќе ми каже и за зеленчук
Добро утро Вчера моја беба имаше грчеви, и пошто до сега имаме давано БиоГаја и Еспумисан, и заедно и посебно и Бекутан капки и видовме дека исто е беба а со бив а без нив. Има денови со и денови без грчеви ама капките не и помагаа. Е сега викаме земавме Colief тие демек со лактаза па биле најдобри итн.... Видов дека треба да се растворат во млеко а ние сме само на цицање(мајка не успева да измолзе многу млеко) и си велам ке и дадам во адаптирано капки... И така и направивме, во 60 мл ад и ставив 3 капки, го испи гледајки ме чудно бебево она пие јас плачам (луда жена) после 2 саата од кога го испи се разбуди кашлајки и поврати еден млаз, си ја земавме со нас во кревет и заспа брзо.... После тоа во 2 се будам не можам да лежам што ми тежат градите а она спие гајле нема, земав пумпата и замислете 150 мл. без проблем извадив (остана и уште) прв пат да успеам толку да измолзам... После кратко беба пак се буди со млаз повракање :/ па за пола саат уште еднаш поврати :/ и после бараше да цица па цицавме а стомачето во мегувреме цело време го напнува Муабетот ми е дали ви се има случено на вас што само доите ваква работа ако во некој Х случај дадете ад..... Или од капките ми се исповрати :/ Душа мајкина многу сум загрижена да не и наштетија некако тие капките
Охоои 150 мл значи одлично си снабдена со млеко. НО знаеш што беља може да си направиш. Прво, правиш голема количина на ад и фактички прескокна еден оброк, со тоа градите почнуваат да произведуваат помалку млеко за секој оброк ад што го даваш. Второ додека градите сфатат дека на бебето не му треба млеко сега, ќе се преполнуваат како сношти што може да доведе до едно од најнепријатните искуства за доилка, а тоа е мастит. Трето, апел до сите, иако е кажано веќе, не е битно колку молзите, не мора ни да молзите воопшто. Посебно не ако бебето цица. И онака е ризик на бебето да му дадете шише. Тоа можеби нема да се одбие од еднаш, ама кратко време е потребно да сфати дека градата го мачи повеќе од шишето. Всушност тоа е и убавината на доењето, ни да молзиш, ни шишиња да влечкаш, само цицката да биде на дофат во секое време, не на 2 сати, туку на 2 минути. Грчевите ќе стиснеш заби ќе поминат. Нема препарати што помагаат, едноставно фаза е која мора да се помини. Адаптација. Јас пумпа употребив 3 пати дома, сите 3 пати по 20мл, ги фрлив, а бебето ми напредува и повеќе од доволно, засега барем. Може да повратило од ад-то, најверојатно од тоа е, не може да го свари, може се прејаде, бебето на мајчино млеко може си пие по помалку, од помалку се заситува, не знаеме колку пие. Колку капки се даваат, може ли во лажичка?
Не се за лажичка Упатството вика по4 капки во15 мл млеко по секој подој Знам дека важи се она што го рече и за лактација и за одвикнување, и верувај после нокеска не пробувам пак ср..а од капки, очигледно сите се со плацебо ефект а беба пак си има грчеви не ја трујам веке за џабе. Ја збунив само безпотребно нокеска, ама еве од сабајле си цица срека моја малечка.... Се јавив и на педијатарот рече дека од ад и капки сигуено ми повратила и да за џабе не давам капки период е и до 4 месеци пиела не пиела капки тоа е... Топло на меше, цицање кога сака и масажи
Јас кога давав колиеф молзев млекце во лажиче и ставав капките. Не беа 15 мл, ама пријателки така давале. Моето не сака шише, а 15 мл млеко со лажиче колку малку и да е, пола ќе ги исплука. А инаку јас почнав да забегувам со тие капки и сфатив дека џабе е. Од еспумисан па не какаше.. Земав waya пробиотик, за сега сме добри фала богу. Знае да викне некогаш кога има мака со меше, ама во принцип нема грчеви, ќе си прдне и ок е. Капки не давам. Како и да е, подобро измолзи се него ад. Толку малку и со рака ќе измолзиш, не вреди пумпа да прљаш.
Мајки колку спиеја вашите бебиња на 2 месеци? Мојов чичко преку ден скоро и да не спие. 2-3 пати по 15-20 минути ако спои и толку. Многу немирно спие и се буди, па презаспивање, па да ти збоктиса додека дремне малце. Не знам што е ова, како да сме во скок од раѓање. Кога и дали воопшто еднаш ќе заспие без будење 6 пати не знам. Кога се поголеми се регулира ова? Или такво е бебето да се помирам. Лежење мирен исто научна фантастика. Само у раце да шета и да гледа наоколу..
Еспумисан и бекутан се исти по состав капки, така да или едни или други. Колиеф на нас многу ни помогнаа во комбинација со еспумисан. Не давај одма 60мл дохрана. 15мл можеш да измолзиш. Јас молзев наутро кога ми беа преполни градите и после вадев од тоа млеко за капки преку цел ден. Во едно млекце ставав и еспумисан и колиеф до 2 месеци и поминаа.
Значи ние сме 1 месец и се е исто како што напиша ти, миличка златна е ама за спиење како на гиљотина да ја носиш ако не е со мене или мм. Ама читав доста сите литератури велат дека на толку мало бебе неможеш да му правиш распоред. Па ние сме цицка заспивање легнување 15 минути макс спиење па плачки па пак во раце и шетање низ дома заспивање и ако спие 30 мин во раце да засшие цврсто па да ја оставиш во креветче ама тоа еднаш во денот само. Се штреца додека цица ако јас се насмеам, се штреца додека спие, се веке помкслив.....од човек што мрази бабини деветини дури паметот и на уроци ми отиде :/ нокеска се изнамачи да се искака спие и кенка шукур сабајле после 24 саати заврши работа. И некој спомна дека најнови истражувања велат дека грчевите не се поврзани со нашата исхрана.... Тој што истражувал изгледа на глувци го базирал истражувањето :/ ама озбилно детево беше горе долу мирничко, викам ајде ке јадам благо после 3 дена мое јадење благо се исфрли на лицето а и јас, сестрами ми рече никако мешункаст зеленчук јас не што знаеш ти ке јадам боранија.... Епа драги мои завчера ја јадев а вчера си ја проплакав беба цел ден грчеви џабе Colief џабе Еспумисан (мислам дека од него и неможеше да кака дете) Ама се надевам денес нов ден и поубав од вчерашниот Пријатен ден и кој е за овесна каша нека повели(помагала за лактација)
Добро утро мајки. Ние го фативме денов рано рано,на контрола кај педијатар. Иако рече овој месец да прескокнеме ради грипот,решив да го носам заради лишаите по нозе и меше. Прво за тоа ќе пишам. Користиме Мустела, рече да смениме купка и млеко за тело да земеме некоја од овие : Биоклин,Биодерма,Еуцерин или Ла Рош, да биде маслена купка и за атопична кожа. (Препорачајте која од овие е најдобра ) Рече не е ништо страшно дека очекува да се смири. Праша за алергии фамилијарно, реков нема,а од после ми текна татко ми има псоријаза...па ако влече некој ген од дедо Како фати зима го бањаме на 2 дена,рече и тоа е многу на 3 или 4 дена да се бања,а по потреба газе да се мие и секојдневно. Да избегнуваме омекнувач(не користиме) и два пати плакнење на прашок(тоа и го правиме). Да не го бањаме во многу топла вода (бањаме на 37°). Тоа во однос на лишаите. Диши диши,грло,меше провери се е уредно, наскоро може да очекуваме забче на долна вилица Многу се лигавел зошто ставал се во уста,а плунката не ја голтал. Почесто да го оставаме на под,да се учи да се превртува. Пред некој ден се сврте јас и мм скокавме од среќа,од тогаш не е свртен ама не го ни форсирам,кога сака тогаш. Го качи на вага 8 кила батко со 67см должина Рече многу дека качува на килажа,дека требало на 6м да дуплира тежина,а он тоа го направи на 3м, праша ноќе дали цица,рече да го презаспиваме кога ќе се разбуди да не давам цице. Прашав дали може со вода да го залажувам,вика не ќе се научи на цуцла така. Со оваа тежина можел до 6м да биде на ексклузивно доење ама може со 5+ да почнеме со воведување на вкусови. Ни смени пробиотик,и кажав Ваја дека користиме рече подобро да земеме Нормиа. Д3+омега може да ги даваме истовремено со Вигантолот. И така,мислам дека кажав се
Аjде и ние сo пoсетата на педиjатар. Бебе тешкo 6200 сo 64 дoлжина. Влече oд таткo и ќе биде дoлга. Дoктoрката вели муабетчика е се закача за да и збoриме а штo нема да е устава цел ден ми пее и збoри. Пoчнав и да си измислувам песни. Дojдoв да и кажам на @Yowannty за пoстoт oд маjчински дека сите дoктoри си се различна песна. Jас пак jа прашувам мojава какви вежби да и правам треба нештo нoвo ,а oна ми вели не треба ништo веќе сама ќе се вежба. Така да не се грижи децата си напредуваат сoсема нoрмалнo ,а дoктoриве се сo различни приказни. Нештo пoранo пoчнуваат да прават нештo пoкаснo.
24 часа не е многу. Ако каките се меки какви што треба да бидат, значи нема запек без разлика колку пати кака. А на ад е или цица? Ако цица е скрос нормално 24 часа се ништо, мајчиното млеко скоро цело го прима организмот, нема што да искака.
Мајки тие што давате Colief капки по колку капки и во колку мл ставате? На нас ни рече педијатарката по 4-5 капки а не прашав дали има врска во колку мл. Ние даваме по 90мл и ставаме 4 капки, ама еве сеа направив 60мл и ставив 2 капки. Не знам како е правилно.
Исто, исто, пресликано. Само што јас не го презаспивам, не спиеш-не спиеш! Па околу 18 часот кога ќр го фати лудило, пишти, фати цицка пушти, јас потам, големата збеснува итн итн...Да седиш нема шанса, не е доволно само да е во раце, треба и да се шета Ноќе спие до мене, припиен до мене и го гушкам Еве во моментов ми спие на меше, ми се моча ми се плаче, ама нема Сакав да ве прашам мајки кои доите, овие дена памперсите не му се толку тешки од мочки, на колку време менувате пелена ако не е какан и како ја рачунате за "полна"?
Значи исти се.. И мојов у 6 го фаќа лудилото дома не стресува сите. Само се тешам навечер спие добро е тоа. @*malenavolena*87 Јаз пазам што јадам. Еднаш јадев печурки бебе пиштеше и од тогаш не јадам грав леќа, грашок, боранија, лук и кромид избегавам.. Ма ништо не јадам само благо ми бара душава а цел живот сум анти благо човек. Ме истоштува доењето многу. Тоа не му смета на бебо. Ајде уште малце ќе помине ризичниот период за грчеви па полабави ќе бидеме
https://images.app.goo.gl/F9SkLhcLUe7YXDw1A Јас ја користам оваа од почеток, многу е нежна, мада мислам бебо мој нема баш нежна кожа. Вчера баш видов, на попуст е во зегин. 500 и нешто денари, вака е 675 мислам.
Абе благо не и смета за грчеви, ама приметив по мене себороичниот дерматит ми се активира деновиве а единствено што смрнив е тоа што пак се опнав на благо.... Па затоа се тешам дека можеби и нејзината "атопија" е од тоа и од млечни производи предизвикана.... Што не мора да е за секое бе е репер ама ние со мм сме двајцата со себ. Дерматит па и детево понежничко. Инаку за 18 часот изгледа имаат нашите деца исто програмиран саат и кај нас тоа време се шетаме низ дома , аспираторот бучи цицаме на пола саат к се горе наведено Со мм рековме ке почнеме тоа време да ја бањаме да се опушти дете, гревче ми е да ја гледам како се нервира И да спиеше пола саат сама и еве ја сега пак врз мене.... Срека стигнав да кснам и да мочам Ама си викам ке пројде и ова и мојата мајка не спиела од грижи за јас да пораснам сега е на мене редот Убав ден