Ја носев малата на лекар , на гради и на грло нема ништо. Ни рече Тобрекс да ставаме во очите и Отривин капки во носот 5 дена, па да следиме ситуација. Ако качи температура рече да ја донесеме пак. Уфф се надевам така да мине, да го избегнеме антибиотикот
Isto mi se slucuvase i na mene so pampers,no otkako gi smenivme so pufis nemame gajle veke nekolku meseci.
Здраво мајкички, се јавуваме од болница, денес не задржаа, мора 5 дена да останам овде со малата поради “ маститис” треската не поминуваше и температура 39. Сега примам антибиотик. Инаку бев на дежурен поради болки и во стомакот и таму ме извадија од памет дека имам остатоци од плацентата. На пораѓајот ја извадија беше цела, но на средина беше малку распукана, рекоа се е во ред. Еве две недели одкако сум породена стално ми е мисла тоа. Крвната слика покажа дека има зголемени вредности па затоа антибиотик морам да примам и да останам тука. Ме гледаа на ехо, овде велат нема ништо, чисто е. Прашав од кај иде тоа воспаление на крвта, вели од горе, ама као ( не исклучувам ни од доле) кога мочам ме боли, странично ме боли, а плус примим и за тромбоза инекција у стомак. Клексан ли е доле у мк А теомбоза?? И така бебка си е супер си напредува само не ме исцицува. И пумпа зеде мажот ми ама советничката за доење рече да не се пумпам бидејки стимулира упте повеќе млеко и да ги ладам градите. Ќе си пукнам од мака и грижи, умот на сто лоши страни ми оди. Аман нека е подалеку. Се молам на Бог да заврши се добро.
Ке помине и тоа, ке биде се во ред. Беба е битно добра и нека ти биде мотив за да не пагаш психички Јас вчера 40 дена после царски на едната страна од раната забележав точка гној и се јавив на док ми рече бетадин и бивацин и да пратам, дека веројатно некое конче сака да излезе па прави проблем, ама на мала душа сум сега додека не помине се таму ке ми е мислата :/Ти посакувам што побрзо да се вратиш во форма и да се гушкате со беба домче
Најверојатно температурата е од маститот. Те прочитав по другиве теми дека те виделе на ехо дека не гледаат остатоци од плацентата, па затоа и тргнав да ти пишувам. И јас два пати имав мастит со првото и еднаш сега со второво бебе. Првиот пат кренав и температура, а секој пат имав по една или повеќе грутки, односно заробено млеко и запушен канал. Мене ми поминуваше со топол туш на града, па масирање, па ставав шишиња со топла вода на местата со грутки, па рачно се одмолзував. Првиот пат кога ми беше најлош маститот употребував и пумпа, зошто немаше ефект рачното измолзување и ми изезе многу густ секрет на крајот, дури и се зачудив како може такво чудо да излелзе од толкацко дупче. Добро што пиеш антибиотици, ама веднаш да почнеш со надворешни механички третмани, за да не дојде до тотално запушување, па да мора хируршки да се вадат грутките. Не ми е целта да те исплашам, баш напротив, за се' има решение, ама најдобро е сама да го решиш маститот и да го задржиш млекото. Без паника веднаш почни, повторувај ја постапката и неколку дена по неколку пати ако треба. Од тоа не можеш да имаш штета, само ќар. Тоа што ти кажале дека со измолзување ќе се стимулира млекото е точно, ама сега немаш друг начин да го отстраниш заробеното млеко.
@*malenavolena*87 не се секирај како што ти кажала докторката завршетокот од конецот е кај некој сам излегува кај некој самиот организам неможе да го исфрли. Кај мене беше исто ме затегаше на страната и лигавеше како со крв отидов во болница кај докторката што ме правеше царски ми го извади конецот и немаше никаков проблем. Внимавај да не загнои ептен па да си отвориш работа со антибиотици. Се надевам за брзо ќе ти помине
Најдобро не го носи. Зошто да ризикуваш, секој втор е со настинка, грип. И поголемото дете последниов период не го пуштам да оди на родендени, од страв да не се разболи и да му пренеси на бебето.
Мајки девет недели сме, два месеци. Има ли некој скок во развој овој период? Веќе неколку саати сме во раце, плачење без престан.
Добро што е ова црвенило нон стоп што се појавува? Алергија за колку време би се појавила преку млекото? Од почестите алергени само кикирики јадам. Мислев да не му е од топло ама само тука појавено? После дремка го забележав дека избило. Пред неколку дена имаше од другата страна. После туширање знае да се вцрвени доста, температура на водата е секогаш 36-37. Дома ни е топло деновиве, преку 25, пуштаме вентилатор. По кратки да го чувам? Му се појавуваат и губат и на главата. Мачкав со Стелатопиа и една маст на база на антихистамин препорачана во аптека. Прашувам тука зашто доктор не ни е опција во блиска иднина, освен не дај Боже ако е нешто ептен сериозно. А советите од мајка ми и свеки...... Фала однапред.
Фала на советот и споделеното искуство ми значи. Оф вчера набљудувам и ставам Бетадине и Бивацин па после бањање кога стиснав видов малце сукрвичава слуз и крвче, ама и едно конче како да е заробено па валда до тоа ке е
Мајка и кај нас е исто, само што ќе видам дека кака одма пресоблекувам ама лом е и грбчето и нозете. И ние користиме Памперс Премиум не знам до што е работата. Каква столица има беба? Кај нас е многу течна и мислев заради тоа е така ова со пелените.
Исто течна златножолта Ништо не помага и одма мењање пробав неколку пати, ама мојава па кака на рати и само што мислиш завршила она продолжува на 2 пати така напрсвивме бербат прелривки на јастуче се Затоа ја оставам од кога ке чујам дека кака уште 15 мин. За да си заврши раат да не ме искака додека ја бришам Денес земав Виолета да пробам тие 2ка се од 3 до 6 килца па ке видиме, ма да аптекарката ме усреки вика кои и да ги земеш исто е сите пропуштаат
Не е за тука ама може и некоја од вас ке се поистовети :/ Денеска ме совладаа темници од сабајле, една депра ме акна, ми се плачеше на цел глас изгледа од ова што сум по дома цели денови па и беба ми беше кенкава од сабајле и само ми се ројат прашања... Можда јас не сум за ова, моето бебе кутро со ваква мајка не знае да го заспие. Па почнав и јас со неа да плачам а знам дека не смеам да си допуштам дека осекаат вознемиреност ама ете и јас сум човек. Но се средив излегов до продавница пуштив нога 1 саат и се врстив дома како друга мајка спремна за давање несебична љубов на своето чедо. Ви се случила ли ваква епизода :?
Исто е и на моето. Се се прашав дали е од што ја бакнуваме, дали од детергентот за нашите алишта па нелк ја држиш и се лепи за нив па и тој го сменив со беби дали и е претопло дома е 25 степени дал и е од тоа што јадам..... И никако неможам да сватам.... Земав на Еуцерин Лосионче Атопи Контрол тестер па гледам од тој на вратчето подпбро и е.... Белки ке се исчисти.... А докторката што ке рече купете Хлорамфеникол маст ке помине... Е знам дека ке помине ама од непплни 2 месеца ли со такви гомненици детево да го мачкам Мајка немам :/ ама советите на свеки не се за пишување :/секако и секогаш сум јас крива :/
Истите прашања и претпоставки. Ама се’ мислам дека е од топлото зашто кога го дојам раката кај што ми лежи и неговата глава се 500 степени. Нормално дека ние сме криви. Првиот месец накачи 800г, педијатарката као тоа била најниска граница на нормала требало барем 900, коментар - слабо ти е млекото. Сега бебе се исфрла, коментар - јако ти е млекото. Абе ајде!? После како нема да те мава депра. Може ти било момент на замор или нешто, или потреба да видиш нешто друго освен бебе и 4 ѕида, штом ти прошло така. Не се секирај нормално е. Патем како облекуваш бебе на 25 степени?
Да. Мислам дека е нормално. Цел ден сме сами дома со бебе, кој и да е ќе попушти. И јас на неколку пати плачам заедно со бебе, но мора да се соземеме. Тоа е добро, барем 1 саат да се издуваш малку надвор ако има кој да го чува бебе. Сега па и ќе се стопли времето, ќе си шеткаме и со бебите. Јас се тешам дека најлошото помина, зимата поминува, бебињата растат Ќе биде само подобро
И на моето вака му се појавува, некогаш се вцрвува и го чеша, а некогаш не се приметува дека гп има. На допир е како посува кожичката на тоа место, нешто како лишајче, егзема... го мачкам со Бепантен таа е витаминска и може почесто да се користи и со хидратантната на Мустела за лице што е.