Јас не реков млекото да има бактерии... Во окцето ако има од млекото ќе се размножат. Ама затоа реков ти си му мајка ти си знаеш најдобро за твоето дете... Само нека му помине тоа е најбитно
Млекото е влажно и полно со шеќери. Поидеална средина за развој на бактерии амин. Тоа само не содржи бактерии секако, но инфицираната средина уште повеќе се инфицира со помош на млекото. Капнуваш и бактериите си се размножуваат во шеќер и вода.
Не знам искрено кај нас помина вториот пат и тоа веднаш од цитералот не од млекото помина.. стававме и камилица по предлог на педијатарот на очно викаат камилицата има бактерии да не ставаш, а и тоа е од време од постари.. физиолошкиот раствор го форсираат повеќе.. тоа е секој со искуството..
Ние на почеток бевме само на АД мојата уште во болница пиеше 60 мл значи и на 15 дена пиеше отприлика 60. Од болница почнаа да и дават Хип комбиотик и со тоа продолживме дома. Јас би ти рекла да се молзиш за кога ќе престанеш со терапија да имаш доволно млеко. Мојата сега пие 100 мл од кои 30 мл Ад и 70 мајчино се молзам со пумпа ибдавам така бидејки несакаше чисто мајчино кога ми дојде мене млеко па морам да ја залажувам со минимална доза Ад колку за вкус.
Ај и овде пак. На пупичката имаше жолт леплив исцедок, од што може да е? На второто менување пелена исто имаше само помалку. Сега пак малку. Не знам. Пак мислам да не е од лекарствата
https://www.google.de/amp/s/mk.draf...2%D0%BE%D1%98%D1%87%D0%B5-%D0%B8%D0%BC%D0%B0/ И бабицата шо ми идеше дома рече дека е нормално ѓенско бебе да има исцедок, можно е и крвав. Се чистат од хормоните а и градичките може да им се отечени. сте приметиле таков исцедок?? Ај бечким тоа е да не почнам да паничам оти на работ на лудило сум
Aptamil pre davav po 60 ml nekade 6- 7 pati dnevno.Od toa mleko pocnas da mu davaat vo bolnica zatoa i so toa prodolziv.
Го има да мислам околу 400 ден беше може и помалку ми рекоа се сатава 3 пати во ден. Ама кај нас некако не покажа ефект не мачи скоро месец ипол напапено е со дупче ама никако да пробие
Имале ли вашите бебушки вакво жолтило на окцето?? Под цело окце е развлечено и лепливо. Што е тоа?? Некаде прочитав сте давале торбекс капки за очичлите, поради тоа ли??
@ddevojce моето бебе има , ама поради тоа што настина е кај нас. Од понеделникот почна да тече околу окото, па бевме на лекар ни даде тобрекс, додека ставав се беше ок , еве сега два дена не и ставам, сабајлево гледам пак има ќе си пукнам, не знам што да правам и јас. И го чистев со камилица сега. Прашај најдобро лекар , твоето е баш новороденче , ќе ти кажат што да правиш.
Да баш сега ги прашав сестрите о ќе слегнам на детска клиника долу. Чекам само да помине визитата. Аман веќе главата ми е збркана.
Коњуктивитис е. Ми дадоа капки. Ја преслушаа, грло, ушиња,тем нема. Кога кива по малку водни месулчиња излеват. Папчето е во ред. @koritsaki не смееме со камилица или со мајчино млеко да миеме. Може да се направи поголема инфекција. инаку мене денес “нема” да ме пуштат. Дојде у соба таа мутавата докторка шо ме прими у болница и шо ме гледаше на ехо да ја провери жњната до мене. И ги гледаше со ехо бубрезите и ја отпушти да си оди. Мене ми вели вие ќе си одите утре нели?? Викам како утре треба денес антибиотикот ми заврши бромилата ми е извадена. Вика ако не крвараш од апчињатата значи запушена си у матката имаш крв сега нема време да те гледам на другата страна сум. Велам ми кажаа денеска да си одсм и сакам да си одам денес а не утре. Можеш вика ама ќе се потпишеш и ќе си одаш. Ако имам време до вечер ќе дојдам ќе те гледам на ехо и ја тресна вратата Едно тешко шо ми стана очите со солзи ми се наполнија луда работа овде. Вчера тој вели мислам дека немаш повеќе менструација штом не течеш и покрај апчињата, пред да си одиш ќе те гледам на ехо. Дојде сабајле и зеде крв на жената и си отиде. А никој не кажува какви ми се резултатите од урината и крвта шо ми ја земаа вчера. Шо им е финтата не знам, само си играт играчка со мене. Ќерка ми има утре роденден, чека да си одам, чекам и јас. Ај со другсрчиња ќе славиме у среда имаме закажано. Сакав дома да и направам торта за домашните утре е родена сакам итре да дува свеќи. Ај роденден може секој ден да славиме, ама неизвесноста дали ми е чиста матката или не, е проблем. Не знам на што сум а и тие не знаат.
Женички може сум ви фосадна ама само тука можам да се искажам и да ме раберете. Сега мм се јавува цел затнат болен и ми вели големата ќерка има температура 39 боже мили на која страна да фатам??? Дали да ја донесел на прњглед. Велам аман седи дома му кажав шо да и даде, велам оддолу од амбуланта идам со бебето лудница е доле се чека дури до кантината со маленки деца. Ситњ болни. Телефонски се јавуват прашуват за корона вирус, таа вели ако не сте биле у италија кина тие поопасните места нема потреба од грижа ауууу да се побрка човек апелирам до фемина да направи смајли како се побркува човек, бидејќи нема а мене тоа смајли многу ми треба у моментов
Девојки дали некоја од вас за малечкото има користено крема за лице на Frezy Derm за исфрлано лиценце и како сте задоволни? Каде ја наогате и која цена е?
Јас ја добив на поклон за бебе, и првиот пат кога имаше црвенко на газето немав купено судокрем па од неа ставив 2-3 пати и му помина. Јас искрено сум задоволна од кремата. Мачкам само на црвениот дел а на остатокот му ставам пудра на бекутан за да му ја земе влагата во пелената. Сега за сега сум ја користела само во пределот за пелена, не на лице. На лице го премивам со чај од камилица и понекогаш ако не се смири го мачкам со еуцерин атопи. Еве баш сега има брунчиња на обравчињата па ќе го измијам со камилица. Страв ми е да му ставам на лицето зошто на неа си пишува дека е за делот за пелена. Инаку мислам дека ја видов во Зегин, ако мислиш на оваа крема.
Да за таа линија ама гледав на нет дека има посебно кремче и за лиценце па мислев таа некој да не ја има употребувано