Каква треба да биде каката на доено бебе, немислам за боја туку конзистенција. Накако многу е течна на првото каката му беше погуста ама беше на ад, знам дека не е исто мајчино и ад ама сепак. Неколку пати го фатив да кака кога му менувам пелена и како пена излегува и течна е многу. Инаку бојата е жолта.
Пие бебе прoбиoтик? Jа прашав педиjатар истo за течна кака ми рече дека не е страшнo нo да не мириса на киселo. Пoгoтoвo знае да и се случи акo не е какана 2 дена или примила рoта вакцина.
Не значи дека е нештo страшнo еднаш акo билo мoже мешетo гo бoлелo, не билo каканo 2 дена или вакцина... Не билo убавo секojа кака да е така.
Пие пробиотик пробаланс бејби му давам, какта има замирисано неколку пати така на кисело ама не секогаш редовно кака скоро секоја пелена му е покакана. Рано му е за рота вакцина нема ни месец. Убаво цица на 3 саати некогаш на 2 се буди ги празни градите млеко има на претек... дури и 400 грама има качено за нецели 2 недели. Да не е нешто од храната што ја јадам да му смета?
Мајќи ние имаме 2 месеца, сега последните неколку дена при секое јадење млекце или пиење чајче ќе ми ждригне, ама сепак ќе ми бљуцне, но не во големи количини. Понекогаш е бело и погусто, некогаш ретко. Нормално ли е? Не ја дојам, поеме Аптамил. И претходно се храневме на секои три саати, сега дури на 4,5 ја нудам, ама несака, плаче.. дури после некое време почнува да плаче и тогаш знам дека е гладна, и јаде.. Нормално ли е и тоа?
Нормално е течна златножолта кака, може да има и бели топчиња низ неа. Штом бебето е ок, редовно полни пелени и напредува убаво, добро е. Ако има 5-6 течни столици во еден час, тогаш може да е проливче.
И АД и дојам иначе пијам хип чај за доилки и давам еспумисан по 25 капки на утро и на вечер и Линекс бејби по 6капки на ден
Мајки бебето е 2 месеци последните неколку дена јаде по ептен малку,на сред јадење почнува да плаче и одбива да јаде,иначе е на адаптирано млеко,загрижена сум а и кака на 2 дена едвај.Од што може да е нејадењето?
Мoетo пие вигантoл мислам истo е. Педиjатар ми кажа акo давам сo лажичка капка плус oд пoтребната дoза да ставам затoа штo oстанува на лажиче. Jас и ставам директнo вo уста, дури oд штo е лакoма сама чека сo oтвoрена уста мисли ќе jаде.
Мајки вчера со синко бевме на лекар на мерење супер напредува ама како и да ми поткашлува и носето како затнато. Си реков јас дека сум настината па да не го фатило и него ама докторката го прегледа вика нема ништо ни грло ни на плуќа. Да ставам рече синомарин спреј ама пошто не најдов во ниедна аптека а јас претходно ставав синомарин ама какпки и влечам со пумпа од носето излегува како вода... Носе затнато со воден исцедок а не е настинат си реков од климата ама навлажнувачот постојано работи. Денес цела ден е кенкав мерев температура нема р'жи цика со раце во уста ништо не му се погодува не сака да јаде едвај по 50 мл не сака да спие едвај по 10 минути си викам од носето да не му смета ама па цуцла не пушта од уста Незнам стварно што му е Хелп