Мајки,што користите за попарено газе? 10 дена сме и кај што се спојуват двете тртки е многу црвено...
Таква треба да е каката. Кога кака дури шприца и пена знае да има. Златни Жолтеникава. нистатин со Цинк оксид бебето многу ми е на лицето нафрлено со акни. Двете обравчиња и челото. Имат ли вашите бебушки и со што третирате?? Знам дека се чисти ама ептен е нафрлена. Бабица рече тоа се акни кај новороденчиња и низ цело тело се појавуваат. По телото имавме упте од раѓање сега се избистри ама лиценцето и е цело
Веледа за пеленска регија, природна е и многу добра. Ако е железо или содржи железо да. Може и баш црна да е. @ddevojce бебешки акни се, скоро секое бебе ги има. Знам дека е тешко за гледање ама ќе се повлечат сами за 2 до 3 недели. Нема потреба од користење хемија на нив, скроз се нормални бебе се чисти.
^^ Да, за хемоглобинот го примаат и двајцата. На почеток од примањето и кај двајцата беше темна (до тогаш си имаа златеста кака). Кај едниот се врати златната кака и покрај тоа што сеуште му давам пико фер, додека кај другиот сеуште си е таква темна. Ваљда и до организмот е, незнам. Инаку, пико фер и пико ц и на двајцата за рекордно брзо време им го качи хемоглобинот. Поентата ми беше да споделам дека сум задоволна.
Јас на пико не користам, имаат конзерванси. Не знам за пико фер, ама пико ц имаат. Земам едни други од еурофарм, презадоволна сум 2 години веќе.
Mundisal е за жлебинките кога чешаат, смирува затоа што има алкохол, тука во Грција скоро и да не го препорачува ниеден педијатар, пред извесно време го стопираа и од продажба....
Фала за споделеното. Другарка фармацевт ми го препорача она и го мачкаше на малата. Купив дентинокс, не му мачкам веќе мундисал.
Мами абе што ке кажете за ортопеди??? Дали има некој што е специјалист педијатар ортопед? Како е Каличанин? И дали некој има искуство со Младеновски од Филип 2ри?
Имаше мислам еден во радовиш или штип не се сеќавам видоевски мислам се викаше многу го фалеа. инаку бабицата ми ја препорача од веледа крема за лиценцето на мојата бебушка многу и е суво и црвено. Да не е неуродерматитис или егзема??? Очичките и се добри од капките . Само што трипати и ставив одма и помина тој секретот. Антибиотски се до утре ќе и ги ставам.
Само шо се вратив од педојатар у аптека ми рекоа поарно да ја виде педијатар, и мене ми беше шубе да и ставам крема. Па рече дека се бебешки акни и да и го бршам лицето со црн чај. Три ќесички црн чај во чаша вода да отстојат 10 мин и со изладенИот чај да ја одмивам и ќе се повлечат. Да не користам ништо. Ај ми падна камен од срце и за очите му реков за капките вика не е страшно многу бебиња имат вели не е ништо од тебе пренесено.
Бидејќи прашував за павловичева маст еве да ви оокажам јас што користам. Плавата кутија пенатен, белата крема многу сум задоволна од неа. Со големата воопшто немав пеленски осип или црвено газе, сега ќе видам како ќе се покаже со второто бебе. Ми донесоа од мк павловичева маст, а имам и на веледа од невен. Досега ја немам користено на веледа не знам каква е. Споделете ако имате користено. А со павловичева само една кутија, кога бев во мк со големата беше уште бебе искористив една кутија и арна се покажа. * масло од бадем за мачкање на сува кожа, многу и ја прави мека и ја хидратира и масло од ким за грчеви за масирање на стомачето. Досега само еднаш ја имам измасиремо, нема покажано дека има грчеви.