Има ли друго 4-5 месечно бебе што уште кака по 3-4-5 пати дневно како новороденче или само моево? Знам дека бебиња на ексклузивно доење може да какаат и по секое цицање ама знам и дека има мајки овде што дојат, а малите какаат и по еднаш на два дена. Значи не се работи за некоја дијареа туку нашево откако е родено само еднаш има какано еднаш во денот, а сите други денови од 2 до 5-6 пати. Мм исто има нездраво брз метаболизам и оди во веце по 3 пати дневно ама чудно ми е мало бебе, зар може да наследи “метаболизам”? На моменти се загрижувам дали е нормално... Еве ја од сабајле 3 какање веќе. А цица најнормално, напредува нормално во килажа - не е дека ја товиме, напротив, сега периодов се друго повеќе ја интересира од цицање.
Оваа од веледа мене ми ја дадоа за лице тука ама на беба не и помогна па мама ја мачка (да не пропадне) а она викаш за пеленски осип била а? Ке си пукнам од смеа
@ddevojce да , помина. Јас се зезнав што не и ставав 5 дена ,докторката напишала така а јас од после видов.. јас 3 дена и ставав. Среќа помина и тоа и настинката
Мајки, една консултација со они кои ги хранат бебињата со ад. Моите близначиња за недела дена ќе имаат 5 месеци. Аптамил 1 веќе не ги држи сити. Со полни 6 треба да почниме со 2ка,така? Се мислам и дали да пробам некоја лажичка оризова каша. Цело време се гладни, едниот пие некогаш и 219мл, другиот 180. Многу е, знам. И дебелки се малку. Се двоумам како да постапам. Сепак станува збор за прематурчиња. Искуство?
Здраво мајкички, јас пак со прашање Некоја дали го има користено кантариновото масло на sensilis дали е погодно за бебешко газе и за мојата рана долу? Благодарам.
Бела ја имаме истата докторка на децата ние кога беме 3.5 месеци ми рече на 4 месеци и 1 недела да почнам со вкусови ја прашав нелиндека е прематурче рече не почни ама јас решив да почекам ќе почнам од 5 месеци сега на 15 правиме кај мене сеуште пие по 90 мл а супер е на килажа супер напредува. На колку време бараат да јадат? Моето бебуле на 2 часа бара ретко држи до 2 ипол.
Хммм, мене на последната контрола на 4 месеци ми рече да издржиме уште месец дена барем... Незнам сега.. Моите јадат на 3 часа ама едвај издржуваат. Некогаш кога ептен кенкаат, им давам на 2,5. На помало растојание од 2,5 не сум дала. Сакам-несакам мора да воведувам полека. Не ги држи веќе млекото само. А уште месец дена имаме да преминеме на Аптамил 2.
Ние сме 35 недела не многу критична а и поради тоа јас скоро цела бременост примав крв. Дали моето си свати од почеток на 2 часа и сега бара на 2. Во Плодност ми рекоа тигаш хранење на 2 часа да стигне килажа повеќе од 2.5 немаме издржено Може и ние кога ќе почнеме ќе издрмува повеќе. Навечер спие само еднап се буди а денскина секој 2 часа...
За раната никако не се препорачува да се мачкаш со кантарион или со спреј да прскаш. Јас се мачкав и прскав и ми се скинаа конците Само миј се со солена вода поспоро зараснува ама нема да скинеш конци