За раната може,ама откако ќе ти зарасне. На бебе на ку*ето при отварање после бањање по 1 капка ставаме по препорака на педијатарот
Исто и ние машала апеттлии сме 3 месеци сме а веке пиеме по 150 и полека како да почна да бара по 180 .. сеуште не сум дала, го држам додека може да пие по 150 ама набрзо ке почнеме и по 180.. и ние сме прематурче.. најдобро да се консултираш со педијатар и мислам дека можеш да почнеш со пробување на вкусови.. сега давам на 3 часа, но полека почнува да бара на 2.5 и јас не сум дала помалку од 2.5 а и не смее, треба да се свари храната во желудничето доколку почне на помалку ке креваме на 180 кога почнавте да пиете по 180мл?
еве го, случајно го видов на рафт па читнав упатство иако моето е мало, нема ни 3 сеуште рано му е, ама ќе го имам во предвид пишува дека млеко може мајчино, ад или какво и да даваш, па ваљда покрај дозата која ја пијат, пример 150мл плус од ова. https://lino.eu/proizvod/lino-rizolino/
Мајки да ми препорачате крема за лице на бебо? Има како црвенки брунченца ситни и сакам повеќе за кога одиме надвор да му е заштитено лиценцето. До сега не сме користеле ништо на лице
И јас исто се интересирам, кај мој синко кожата на челото му е сува дури лушпи има понекогаш, а брунчиња на образите му се јавуваат. Мачкам или јакодерм или еуцерин, ама дур е намачкан е во ред, штом му измијам лице или помине време, пак се враќаат лушпите. За исхраната, последните два дена нешто не ми бара многу млеко од шише, дали се заситува од цице или пак е скок во развој, не знам. Инаку и кај него се случуваше да бара на 2 часа. Педијатар ми кажа дека ептен напреднал, нема 3 месеци а е 6 800, и ми рече да му намалам ад, само 3 пати во денот да му давам, а да ми е повеќе на цице. Не знам што да кажам, пелените му се мочкани, ама се нема убаво искакано еве втор ден. Денес и прими вакцини, па цел ден е ко поспан, и на цице по 5 -10 мин, на 2 часа е. Страв ми е да не е гладен, зошто освен на цице, тој си пиеше по 120 мл на оброк, 5-7 пати во денот, и сега од еднаш не ми бара шише. едит: за вкусови ни кажаа после 4 и пол месеци, за отварање на пилето после 6 месеци
Kombinirano go hranis ad plus doenje ili kako ? Jas prviot mesec pocesto kombinirav sega samo ednas 90 ml vo denot mu davam ad .. i neznam usye dali pravilno postapuvam se mi e strav da ne e gladen.
Јас не сум репер, зошто правам како ќе ми побара син ми. На почетокот немав млеко, па му давав ад. И потоа си почнавме прво на града, ќе цица и кога ќе почне да се тегне и да плаче тоа ми значи дека нема повеќе во града а е гладен па му правам ад. Е сега понекогаш пие 40 по некогаш 70. Ако не го ставам на града си пие по 120. Ама еве два дена по ред само на града и не ми бара повеќе. Имаше еден период кога не сакаше ни да проба со града, плачеше кога ќе го доближам, мислев се откажал зошто шишето му е полесно, повеќе тече не треба да влече ама еве пак се вративме на града. Каша попара сме, ама се додека ми напредува, полни пелени и е среќен (не плаче) ќе правам како што ќе ми побара.
Мајки совет! Малото ми има 2 месеци, изгледа настинува, поткашлува малку и омалаксана ми е. Очните капаци и се црвени. Пишав на педијатарот, вика ако кашла уште повеќе одете на брза помош. Не ми плаче, не е кенкава.. ја тера на спиење ама не заспива.. Да и дадам ли нешто на своја рака или..? Да напоменам дека сум настината и јас, може ја префаќа од мене..
Јас давав на помалку од 2.5 часа зашто ми рикаше за јадење (исклучиво на АД ми е бебушот, прематурче исто така) и немаше никаков проблем, не го повраќаше и сл.Јас давав по малку вода, чајче инстант без шеќер. Самиот ме водеше за поголема количина, на пр.кога ќе приметев дека неколку денови јаде повеќе од просекот, почнував со давање на еден оброк со повеќе мл. На 5.5 месеци воведов цврста храна зашто му здосади од млекото, почна да се интересира за храната што ја јадеме, мљацкање, оближување усте.
Да не и се спиело? (За црвенилото на очните капаци) Пиј многу лимони,побрзо да оздравеш, и провери убаво дали кашла од лиги или вистина е настината. Ако не си сигурна оди на дежурен,ама биди претпазлива заради коронава
Дури чудно ми е, вчера спиеше од 13 до 5:20 без да се разбуди, додека спиеше ја хранев. Стана ја избањавме и кај 21 заспа пак, до сабајле.. Мислев дека ни настинува и затоа ја тера на спиење. Лиги почнавме да пуштаме и рачиња во уста да ставаме, нели ни е рано? Може па од тоа се закашлала. Ние дома сем на парно се грееме и со калифер. Може и од топлото спиела..
Не претоплувајте,подобро да е поладно отколку потопло. Моево после 40 дена почна многу да се лигави,мислевме иде забче,еве го 5м уште се лигави а нема ништо,мењаме по 10 лигавки на ден
СТРУМИЧАНКИ ИТНО ај кажете некоја продавница за добра детска облека тука сме момемтално а незнам баш каде има нешто убаво бебешко да земам за мојата крофничка
Јас со пумпа и го чистев носето па белја направив и повредив капилара така да не чепкај сама ако има многу носи ја на лекар да ти покаже како јас се каам што пробав сама
Носето се чисти од плодовата вода. Доколку не е затнато нема потреба да влечеш со ништо. Прскај физиолошки по потреба.