Машала, машала. Ајде, нека јадат само. Јас сакам да им скратам ама џабе, си бараат тие, па не ми успева ете... Од пред 4 полни месеци едниот почна со 180мл. Другиот од пред две недели. И височки се и крупни. И двајцата плукнати на татко им. Здрави и живи да се само. На дебелина не треба да се радуваме, ама мене секој грам плус ми беше важен. И уште ми е, ако матичната ни вели дека имаат повеќе од што треба. Јас радости сум Како и да е, за брзо ќе мора да им давам нешто плус, барем на поголемиот батко. Него дефинитивно веќе не го држи само млекото.
Касно палам сори дури сега гледам Убава облека имаш во Силви бутиците, исто и низ детските бутици во Глобал трговскиот. Се надевам дека најде неште и без моја помош
Бевме до тритекс (имаат големи попусти на бебешка облека) и до Лотус.... Беба толку дозволи кафе и сендвич за носење а и но заврна.... Ај здравје следен пат поголеми ке сме па може повеке ке сакаме да прошетаме
5 месеци ќе прави за некој ден,ниту еднаш не сум го чистела носето иако имам купено и капки и аспиратор Носе фрида. Кога ќе видам суво мрсулче блиску до лице му го потфаќам со нокт.
Мислев јас сум единствена што со нокт му вади суви мрсулчиња, ако можам да ги дофатам нормално . Аспиратор немам уште, немал течни мрсулчиња, читав тука не било добро суви да се вадат со него.
Јас после секое бањање ја масирам. Ја мачкам со масленце и ја масирам. 3 недели сме. Јас и го листев со кујнска хартија од тие појаките кје направев ќошенце како боцка и ќе ги извадев мрдолчињата.пред некој ден почнав со помпичка ако ептен и смета, ако и хрчи носето. Клинци или четка попознато се влакнеца или народски брада кои никнат на грбче, рамења, газенце лактови бутови и му смета на бебето. Бебето се грчи се врти како да го боцка и да му смета нешто, не му е пријатно. Таткото со брич ги бричи влакненцата и олекнува на бебето. Исто народски кажано надворешна болмаџа ( или болмаџа кога бебето има шлајмови, па го носат на некоја бајачка му ги чисти шлајмовите со перја)
Сакав да ве прашам на колку време ви цицат бебињата?? Мојата ден ноќ на два часа или два ипол ако спие подолго. пелени им менувате ли навечер, колку често?? Јас по секој подој и ја менувам, полна е и искакана.
Еве што не спасува нас, само треба да внимаваш. Суви мрсулчиња не се чистат со аспиратор. Ќе капнуваш физиолошки раствор по 1-2 капки во ноздра ќе почекаш 5-10 секунди и ќе шмукнеш со аспиратор. Ако не излезе ништо не влечи повеќе, пробај после некое време пак. И не ставај од еднаш во двете ноздри раствор, прво во едната исчисти после во другата. Ако е ептен на отворот мрсулчето натопувам чепкалка бебешка со растворот и нежно ја отстранувам, не пикам длабоко.
Моето цица отприлика некаде на 2 саати , ноќе може да се случи и на 4 саати еднаш па пак продолжува на секој 2 саати. А пелена менувам само ако е какан .
Нели им ја менувате ако им е полна?? Мислам нели проверувате дали е искакана па ако е помочана да ја смените?? Мојата се покакува додека спиенпа кога ќе се разбуди проверуувам и да е помочана ќе и ја сменам. Многу И е цела вечер да стои со помочана пелена, не ја трпи пелената одма протестира и сака да и се смени.
Ако се искака во текот на ноќта да инаку не. Ставам пред спиење и сабајле кога ќецстане кај 6 7 тогаш досега не сме имаки ни потпарњбо ни црвенило ништо
Јас еве 2 имам и никогаш навечер не сум менувала. Ако е какано да, ама тоа многу ретко се случува. Ставам навечер во 8, ја вадам сабајле кога ќе стане 6-7. Помалото неколку пати се случи да го пресоблекувам околу 5 и ми настина дека ладно во собата, а не чекаше да се стопли. Затоа не практикувам ноќе да му менувам.
Mami, Tara si fati red za cicanje... veke ne se molzam.. fala mu na gospod.Ovie dva dena na 2 saata mi traze i toa ubavo si cica.. Misla mi e, na racinjata i na nozinjata ovie denovi se lupe , nema crvenilo ili bilo sto. Normalno li e i da ja mackam li nesto ili i se obnovuva kozickata ( 10 dena e bebe). Fala vi
На 2 до 3 часа преку ден му давам, ако го чекам да заплаче за јадење може и 3 ипол да поминат. Навечер 2 пати цица. Не менувам пелена тогаш, преку ден на 3 саати во просек. Кака еднаш дневно, сега почна и еднаш во 2 дена.
Супер што сте фатиле ред Инаку тоа што се лупи и нашата отприлика тој период и се лупеше кожичката, патронажната ми рече дека се чисти од моите хормони и и стававме Јекодерм и пројде после неколку дена се исчисти скроз
Бебињата по целото тело имаат заштитна обвивка која мора да им падне. И кај моето беше изразена на раце и нозе, мачкав јекодерм,а по бањање низ цело тело млеко за тело. Ќе падне и ќе се среди,,немај гајле