Софи и ја не би ги држела, успани се ептен, ги легнувам за две минути почнуваат да се грчат, да кенкаат па ако не ги кренам ќе почнат и да плачат...
Оф душички. Ги тапкаш по грбче свртени према тебе со лицето? Сигурна си дека баш за тоа кенкаат,да не им е шифра за гушкање со мама? Ние сме немале проблем до сега,на почетокот многу долго му требаше дење да подждригне,сега веднаш го исправам после цицање,некогаш ждригнува некогаш не,а ноќе поспани и двајцата едвај чекам да го вратам во креветче
Пробај да ги држиш обратно Не со мешето кон тебе туку со грбот да бидат исправени. Коа ќе ја држам така исправена одма ждрига и тоа многу А кога ми е легната на мене заспива и многу време и треба. А и понекогап ја легнувам без да ждригне и ништо не и е
Јас му ги чешлам. Го мачкам со масло на џонсон за спиење (не мора да е тоа било кое може) и со чешелче негово,не четка, нежно го чешлам. Лушпите остануваат на чешелот. После чешелот го мијам под млаз врела вода. Ако ги приметам повторно пак исто. А ете гледаш не сум пробала дур го бањам, може така е полесно зошто од топлата вода омекнети се лушпите. Може да пробам ако му се појават повторно.
Здраво мајки сакам да ве прашам каде може да најдам добра облека за женско бебенце 1месец ми треба за кума треба да го дотерам бебнцето но бидеки сеуште немам деца не ги знам добро продавниците каде можам да куопам за толку мало и сепеак убава облека ви благодарам
Мајки, совет барам: Две недели има моево бебче. Денски некогаш е кенкаво, но најчесто мирно си спие. Навечер е хорор. Вчера вечер почна да плаче, појма немавме од што. Најаден, напиен. Навечер обично не го преслекуваме, вчера го преслековме, утоп пелената измочана. Е сеа нов проблем, он е навикнат после секое преслекување му даваме млекце, а беше јаден скоро. Па пак думкај думкај, не бива, бара млекце. Не сакам на многу често да му давам пошо ќе го фатат грчеви, навечер е на адаптирано. И така навечер штом му се наруши сонот, многу е тешко да го смириш. Совет некој?
Јас ќе го носам утре.. Рота ќе прима. Поарно сега него натака, мислам уште полошо ќе биде. Ќе ставам покривка врз транспортер и готово.
Ние вторник сме за рота и сега мислев да прашам што да правам А и петок на ортопед сме закажани ама нигде не ми се носи
И ние денес требаше да се боцкаме за рота ама откажавме бидејќи во петок правиме 2 месеци и рано е и оставивме за нареден вторник. Се јавив да прашам дали ќе има проблем за наредна недела ради вирисот ми кажаа дека сега за сега немаат никакво соопштение како ќе биде, наредна недела да се јавам па ќе ми кажат. Се надевам дека ќе биде добро несакам да ја пропуштиме ротата
Да, во секое млекце ставам colief, ставаме пелена топла на стомачето.. Мислам дека вчера немаше грчеви, сакаше држење во раце, пеење, занимавање, а ние преморени...
Кажаа на неколку емисии периодов дека никаде во светот досега нема дете под 6 години заболено од корона. Имале некоја своја природна заштита. Јас си викам, Господ ги чува најмалите и најкревките. Одете си на вакцини ама чак-чак, одма назад
Те молам повеќе информирај се, не е само детето, можеш и ти нешто да чепнеш и после на него. Јас би одложила вакцина, така и правам. Седите си дома
Некаде грешка гледаш. Има куп деца. Германија почна со 4 деца заразени во градинка. Според статистиките полесно минуваат. Ама дека има заболени, има.
12 недела сме, ќе ја пропуштиме ако не примаме сега. Ќе оди мм утре ќе види. Шпионски влагаме во секој случај
Ние бевме на ортопед вчера. Никој немаше, ок поминавме. Чекавме термин од јануари, башка не сме биле до сега на ортопед. Требаше да се обави прегледов. Дури и крвна слика правевме. На пат накај дома дознав за кравана од дерматологија што направила, може ќе испаничев повеќе да знаев.