Исто и мене ми беше на почетокот, тоа е така додека лактацијата да се прилагоди според потребите на бебето. Јас се измолзував само кога градите ќе ми станеа преполни
Здраво, дали некоја има искуство со силен плач при преслекување на бебе? Уште во болница кога го преслекуваа заоѓаше бебето. Кога е смирен го проверувам секаде по телото да не има болка, на грбче на главче, секаде, ама не покажува никакви знаци си останува мирен.
Една недела имаше и ја однесовме на кафе, од тогаш нон стоп шета,надвор ветар, облачно или сонце ја вадам. Кафиња,ресторани,шопинг. Хулахопки момичево не знае што се, боди на долги,згора блузе,пантолончиња и едно џенперче. И моето е 2 месеци. Еднаш фала му на Бога не е настинато, од сабајле отварам сегде за чист воздух, тоа знам уште на болница така праева и толку и ги облекуваа, дури за контрола моравме голи да ги слечиме од соба па до докторката така низ ходник ги шетавме. Нека јача имунитет. Што повеќе го "штитиш" то помалу ќе е одпорен.
Ние полниме за 4 дена два месеци. Мамичкс не знае кај тера, беба денски не спие, таман ноќе се научи да е заспана 8/ 8 и пол, да станува тек во 4 за да си се најаде, оп и текнало највероватно скок во развој, па ни ноќе не спие. Не плаче ама има немирен сон и само си прета со ноџињата е сега, освен не спиењето денски, имаме уште два проблема. Ептен повраќа од кога е родено, во млаз, прво бев на доктор мислејќи дека е нешто не е добро пошо ненормално многу повраќа, ми кажаа дека уште не и е желудничето добро разработано и ќе престане највероватно кога ќе и воведиме цврста храна. Душа моја, само што ќе заспие ја буди тоа, па после пискотници. Држи ја исправена ми рекоја по 20 мин па легни ја, ни тоа не помага.. нон стоп е водена и нон стоп ја преслекувам, лигавчиња имаме 50. Некоја со вакво искуство? Дали навистина помина кога воведовте храна? И вториот проблем е за нас, до пред 2 недели се измолзував само за излегување или имам некоја работа па да не ја носам со мене, си пиеше од шишенцето без проблем, наеднад го фрли,купи едно,друго.. џабе. Само да цица, дури денес бев на пешачење со неа, ја носев во марама, се разбуди и се јадело, од толку врескање и лижење на блузата моја, како успеав така врзана да и ја дам градата не знам.. како ли пак да ја научам? Дали ќе се смени ако пак проба сокче.. мада мое млеко не сака да чуе.
Не давај сок, посебно не на 2 месеца. Пробај купи шише со 2 дупчиња да видиш дали ќе пие пак, може да не пие сега зошто малку му тече. Ако не, не е страшно, после 6 месеци може од чаша да пие
Јас не сум поискусна ама и сме врсници и ние сме со сличен проблем дневно мора бар 2 3 пати да поврати... Веке страв ми е да ја подригнам пошто се дешава најчесто после цицање да поврати а не ја стискаме не ја гњавиме.... И што ке ми рече педијатар ја прецицуваш мајка.... Боже па што да и мерам на штоперка и да и ја вадам од уста :/..... Само се надевам дека не е ништо сериозно пошто сем тоа малечката добро си напредува ете деновиве почнавме и да гугаме помалце А за одмолзување кога шетате те сватив се одмочзуваш и бебе е со тебе па шише даваш? Ако така зошто не си земеш од оние што се марами за криење јас имам таква и баш викендот имав можност да ја користам супер е Беба цица а никој не не гледа ако не те разбрав добро извини
Стававме до месец и пол по препорака од ортопед, после на наредната контрола ни кажа дека веќе нема потреба.
денес полниме еден месец. Радости да ве прашам им давате ли водичка? Моето по две три лажички еднаш на ден пие, и растварам апченче витамин д, една лажичка, и после уште две чиста водичка.
Јас му давам кога ика по некоја лажичка, ако е ептен тазе цицан. Не препорачуваат вода, нема потреба, ама 3 капки ништо не менуваат Пс. Големи да растете, да ви се множат месеците
Водата за ексклузивно доени деца, не само што е непотребна, туку е и непожелна. Мајчиното млеко ствара заштитна обвивка на цревата, која водата ја измива и ги прави неотпорни на стомачни вируси и бактерии. И самото млеко ги задоволува потребите за жед.
Мајки,да ве прашам, месец и пол е малата, ја облекувам со боди, ѕиври, и одозгоре памучни шпикозни, топло ни е дома, ама ме интересира да не е многу облечена ? Фала ви
Премногу е! Јас дома на 24 степени по препорака од педијатар ја облекувам само во боди, чорапчиња и шпикозни.
На бебево му се слепуваат очињата му се собира жолто, чистам со туфер со превриена вода ама пак му се собира. Не сакам да го носам на лекар сега заради ситуацијава има ли некој капки што може да се земат без рецепта или нешто друго? Има еден месец.