Ние треба да одиме на 2 месеца на ортопед, ама со ситуацијава тешко,му се молам ма бога да биде се во ред, ама некако не ми се ризикува со одење. Се си мислам со одење може полошо да направам едит: ни на вакцина не сме биле.
Бебуш некако многу се задишува и забрзано дише, вчера на контрола заборавив да прашам, а и тие не спомнаа ништо. Некоја со слично искуство за што може да се работи?
Женски само да ви порачам да се чувате, и седете си дома со бебушите. Ние фамилијарно сме во Кина, малово два месеци не било на контрола и вакцина, скоро отворија и сега чекаме да ни дојде ред. Скоро сите (или сите?) вакцини можат да се одложат, така што не се секирајте за тоа. Евентуално снабдете се со пелени плус и млеко тие што се на ад. Иако мислам да помине некој ден би требало да се среди ситуацијата со маркетите, барем тука така беше. Уште еднаш, на лекар само за нешто сериозно, не дај боже.
Новороденчињата е нормално да дишат забрзано...не сум стручна да ти објаснам ама знам дека е нормално исто и срцето побрзо им чука од возрасен
мајки можно ли е по слабо крварење да кажеме кафеаво жолтеникаво наеднаш да се јави обилно крв?? Можно ли е да е периодот-менструација или уште се чистам од пораѓајот? 35 дена како сум породена. инаку бев минатата недела на приватен гинеколог за второ мислење рече се е во ред, нема повеќе застој има уште малку крв што треба да се исфрли. Па далаи сега менструација ми дојде или уште е тоа чистење?? Така дишат бебињата. Имат побрзи откуцаи. Мојата најчесто у спиење го прави тоа. Каква е сега состојбста таму, се шири ли уште вирусот или уништен е?
Е, да, ние ротата ја испуштивме. Здравје. @ddevojce Прилично е под контрола, во мојов град десетина дена немало нов случај. Во некои места најавија и школите ќе отвараат кај и да е, рестораните полека се враќаат во работа. Сепак со бебе ќе се воздржам од непотребно шетање. Еве ни јавија утре за вакцина, и некако језиво ми е.
Таму ли живеете, знаеш ли кинески ? Јас се јавив вчера на педијатерот да прашам за вакцина дали ги осложуваат, рекоа не. Вакцинираат ако детето било здраво последните две недели. Ама не ги носам. И големата треба ммр да ја прими за упис у школо
Се уште се чистиш мене така ми престана па после неколку чисти дена пак ми продолжи.... Вкупно 50 и некој ден крварев а царски сум
Па рота требаше денес да примиме.... Не отидовме.... Сега па се мислам ситуацијава ке оди само накак полошо..... Детево невакцинирано ке ми остане до даљњег незнаеме ни ние со мм што да правиме @KuklickaSk
Маж ми сабајле ѕвонел во Јане Сандански и му рекле обавезно на 2м и 14 дена да одиме да ја примиме вакцината. Така да во понеделник одиме.
Да да, со години, научив и јазик, отприлика. Туку да прашам, меурчиња во каки од што се јавуваат? Еден месец не му имав дадено пробиотик и не знам што ми требаше да му дадам завчера, следниот ден два пати се покака (обично еднаш на 4-5 дена), вториот пат со меурчиња.