Како ви заспиваат бебињата?? Моето тешко заспива, не плаче, но ржи, прета, не кенка но така и е тешко да заспие. Неможе да се занесе и само се буди и штрепа од се. Додека заспие цврсто ќе помине некое време. Заспива и во раце и само на креветот или во креветче. На цице се разбира и е најубаво. и сакав да ве прашам за чајче. Гледам некои мајки дават чајче, од кое давате и дали има ефект за стомачето?? Кога прашав за вода дали давате, некој пиша дека дава по малку кога ика, некој пиша дека не се давало вода. Па нели е исто како со чајчето?? Ние немаме грчеви многу одвреме навреме ќе закенка ќе поцрвени цела и поминува. Па се мислам дали да и дадам чајче по 20/30 мл на ден.
Моето не се врти сеуште од грб на меше ама од грб на страна да и се шета низ цел кревет не заграден нема шанси
Исти сме со спиењето, ваа е лошка. На почетокот беше супер, сеа кој знае шо е, заспива и се буди на 5 мин, кај мене коа цица веднаш заспива и така си спие, ја оставиш ли за 5 мин ококорила очи. Ви почнуваат маќите
Исто, а не е плачливо бебе. ќе се сетам и големата беше така имаше период кога се будеше на секој пет десет минити и тоа баш овие месеци докај третиот. Навечер кога се буди цица и одма заспива нема проблем пу пу. Неколку вечери спиевме во дневна а таму потопло па сигурно и сметаше и жешкото, сега си спиеме во спална и се гледа дека подобро и е за спиење навечер дека поладничко е.
Мајки, Аптамил на Milupa и Аптамил на Nutricia е едно те исто? Во аптека кажаа дека паковањето е променето. Знае точно некој?
Јас користам Аптамил1 и на кутиите има мала налепница, пишува дека ќе има ново пакување, а ист состав.
Даа богами... Ново ни е сега прчиме нози чорапите ги соблекуваме и нозите си ги ставаме во устата Мали ќе биде изгледа белаџија
Море и давам цуце, некогаш фаќа потерува, ама некогаш ни цуце, ни термофор не помага, ја зима и мажот ми плаче и кај него, аа викам и се цица, како да не..ја зимам кај мене ја ставам да цица, коа она плука цице, и се тегне се мести да ме гледа, аман бре дете викам..ти кај мене ли сакаш ? Ама ја оставам на кревет, или во креветче, зошто со двете сум дома, и на другово му треба внимание, или да јаде, или шо и да е, ајде ќе помине и вој период Машкуданец Уште малце ќе почне да лази, па после да се крева, па ќе прооде и коа годината поминала Ако е настината, инхалации, капки Марисол во носе, и влечење со пумпица. Ако не е , ништо не и е, може кива од прашинка, од парфем , бебињата киваат многу често, и кај мене кива многу, 3-4 пати во серија.
Пошто имаме веке 2 месеца ке ти кажам како ние се справуваме со се она за што се прашуваш. Прво за спиењето ако е тивко околу неа се штреца и неможе да заспие а ако има галама полесно и е, порано мн потешко заспиваше сега последниве 2 недели не е страшна, инаку заспива во раце па ја оставам и приметив дека кога ми е во кебе во раце и заспие мн подобро спие.... На цице ја оставам да заспие само навечер пред да ја легнам во креветче. Вода и чаеви не сум дала до сега пошто сме на ексклузивно доење, сегде е кажано дека бебето не само што не му треба туку може и да го збуни сето тоа давање вода и чаеви ако е на ексклузивно доење. Чај пиев јас некое време од ким и од анасон тој што е всушност за бебе па ја смируваше и неа. За грчеви мораш да знаеш дека тоа е само нелагодност не и болка (медицински докажано став на педијатри) Јас пробав капки и едни и други и трети(Becutan, Espumisan, Colief) и не сменија многу па ги оставив во фиока Давам Биогаја(пробиотик) секој ден и од нив приметувам дека мн прди бебе и олеснува, исто доста и помага термофорче на меше и масажичка и секако подригнување после секое цицање (на почетокот беше хорор никако не можевме сега веке оди доста понормално) Ние инаку денес собравме храброст и ја однесовме беба на вакцина 5валентна ја прими. Јас мислев само Рота кога ми рекоа 5валентна и молам Бога да пројдеме без реакции. УБАВ ДЕН МАМИЧКИ
Машала дечкич Ние денес на вакцина 2 мес. има и докторката ми вика дека треба да ја вежбам да ја седнувам.... Знаеш она додека лежи на грб да ја фатам за рачиња и да ја носам до седечка положба..... Незнам нели е некако рано за тоа? Или јас незнам баш Инаку вчера ставивме Фрези ама не е дека нешто помогна мн ама и јас да не очекувам ко со стапче магично да ги снема тие
Кај мене е месец и пол, и од неќна почнав да ја потрекавам како за седнување, така правев и со првото, иначе за вратот се тие вежби, да знае да го стегнува кога ќе ја зимаш и да си ја држи главата
Бебе треба на тврдо да се става за да полесно и побрзо научи да се врти. Од 2 месеца ја ставав на подлога на под.