Мајки,какви д3 капки давате на вашите бебиња доколку се комбинирано на доење и ад? Нели за доење имало едни и за ад други...и уште нешто да прашам како ги вадите засушените мрсулчиња од носот? Не ми е болно детето ама има такви засушени и фучи кога дише...
Au tie засушени многу ме нервират и фучи и мојата. Кога беше помала ( не дека сега е голема ) од палома или кујнски папир, мотев и правев боцка и така вадев по нешто. Сега зедов солен раствор за бебиња и со пумпица. Синоќа и вадев руда од носот па интересно и е
Ги користиш 2 во едно, д3+ омега така? Ние сега ќе почнеме, сега пиеме 2 типа капки, д3+к1 и омега. Прашањето ми е, дали ако користиме едни капки д3+омега, го имаат потребното количество витамини
Низ истото поминуваме и ние, веќе втора недела ни е така. Инаку сме стари 5нед. И почнавме со капки колиеф и пробиотик, па се надевам дека ќе се среди од нив..демек грчеви биле и така се манифестирале кај нас.
Мајки веќе еден месец сме цело време цица и повраќа и се грчи целиот не спие убаво пробавме три вида капки гас, ко лактазе и еспумисан нема со никои подобрување.. Само на града се смирува со цицање и одма повраќа и се така во круг се вртиме.. Поради коронава ми е страв на доктор да го носам не знам што да правам веќе
Апетитот и мочањето немаат врска со пробиотикот, за разлика од столицата. Првите месеци и моите не какаа секој ден. Спие ли тој период што го наведе дека не јаде? Во текот на денот на колку часа јаде? Треба да мочка и да се тешки пелените. Сепак, консултирај ја повторно матичната.
Така кога прави јадена ли била претходно? И мене така ми прави, и кога ќе почне така да прави знам и се спие, ама сака да има цице во уста, ама да не пушта млеко, се нервира коа ќе почне да и тече ,не е гладна а само сака да спие.
Да да јас така правам, ама ја прашам @ddevojce кога најчесто и се нервира. Ја бутам цуце секогаш кога можам
Ние утре шест недели. Повраќањето е нормално, грчевите се нормални, се е нормално. Кога е гладна, кога не е гладна, кога и се спие, кога е расположена. А ја наместам за да цица одма полудева и штом да ја допре градата се тегне ржи мрчи гуга, ама не плаче. И тоа ќе цица пак ќе пушти, па пак ќе цица к пак ќе пушти. Цуцла бутам и јас и тоа кога веќе нема да цица сама ќе се пушти ако почне да се раскенкува. Многу е тешка за заспивање, ќе се испонервира дур да заспие. Исто ржи мрчи ама не плаче онака си кенка. Ама па и сама ми заспива у креветче или на спална и тоа е добро. Може да поржи малку и вкреветче и потоа сама си заспива. А има и моменти кога без проблем ќе ја ставам и сама Заспива. Тоа е добро шо и сама ми заспива.
Да додам дека па ич не е плачливо небе. Плаче кога ептен веќе нема да ја дигнам или ако е прегладнета се буди од сон одма е гладна и бара да цица. Ноќите кога се буди ја осеќам дека се буди испушта звуци и најчесто гуга не плаче ќе и дадам да цица ако ждригне пк ако не пак продолжува. Се случува исто често да ржи ама ќе исцепам на тњлњфонот дожд и грмотевици и ја смируват тие звуџци и продолжува. Некогаш и се нишкаме у раце дур заспие. А најчесто се буди у 3 и знаеме да си поседиме докај 4 или 5 си гуга си разгледува. И се така у круг. Многу менуваат. Разни периоди има еднаш така еднаш вака.
Исто како моето да го опиша, исто ! Нека е нека плаче, и кај мене така прави, свиркај си, ќе помине, ја не се с'клетисувам околу тоа
Да чукнам во дрво добри сме денес. Сабајле и дадов Ваја пробиотик, околу 12 се искака, и ја терам да јаде на два часа по 40/60 си мочка убаво, ама претходната ноќ сува беше пелената. Сега се избањавме и ја легнав да спие.. Се мислиме дали да отидеме неколку дена кај моите, страв ми е да седиме тука.. Се бањате ли секој ден вие?
Ние се бањаме секој ден. Знам дека не препорачуваат веќе педијатрите, ама така си фативме ред. Многу сака да се бања, а и не го миеме гзето преку ден со вода, влажни користиме па таман доаѓа, бањање па кревет