Знам дека има мм праша во зегин,веќе две недели ја бараме ја нема,ќе побарам на друго место,ако не ќе ги разгледам Лино,Фрутек и некоја во кам, дали се без шеќер. Пишуваше дека содржеле шеќер,а и кајсијата од хип имала шеќер а таа ја дадов,од после разбрав. Само не ми е јасно ако не смеат да јадат шеќер зошто ставаат во бебешки каши. А мајка ми ми е лута што не му давам од домашните компоти,дека имаат по малку шеќер. Инаку за 2 недели прави 6м, таман време да испроба се што смее за 5+ па после другото. Инаку во бебе готвач стои дека може брокула и карфиол од 6+, јас по оваа табела се водам и за пробување вкусови 5+ . Како и да е ,ќе наполни 6 пред да ги проба овие две. Па не,продолжувам со пробување вкусови,да ги пробаме и зеленчуците дозволени за 5+ па ќе воведам оброк.
@Starlič ја бањам најчесто преку ден Се случува и преку два. Еве вечерва ја избајњав после 20 часот Пред тоа цицаше околу 19ч и нешто. После бањање одма заспа, па се разбуди и дадов вит д ( дента заборавив) со малку водичкa и пак заспа кај 22 и спиеше сега до 2. И прати прв пат не е цицана толку многу време- околу 7 часа. ( мислам дека е ммогу време ) Десната града ми беше како мојата глава отечена и дадов да цица, цицна колку шо сакаше и заспа, и јас морав сега да се пумпам малку да ми олесни.семенив пелена и беше малку мочкана. Така да се е тоа периоди, и многу ќе менуват. и јас се почудив како не побара порано да цица
За затнато носе на бебе (17дена) што може да се користи? Капки? Не му тече, само е како запушено. Пробав со млеко да му капнам, исфрли големо мрсулче, но еве пак си има мака.
Синомарин ама ако можете да најдете изотоничен, не хипертоничен. Нас од болница исто ни препорачаа и од почеток користевме Синомарин хипертоник ама педијатарот и докторката на вакцина ни потенцираа никако хипертоничен, а Синомарин исотоник не најдовме по аптеките. Сега користиме капки Аква Марис ама не можеме да ги истрошиме за три дена, а на упаството така пишува само три дена се користат. И си фрламе нон стоп и купуваме нови
Можеш со физиолошки раствор и потоа со аспиратор да ги извлечеш мрсулчињата или од обичните морски води кои се наменети за бебиња: aqua maris baby, Isomar baby..
Сега гледам на прес го прашуваа министерот за вакцините. Кажа дека новороденчињата и децата од предшколска воздраст може да се вакцинираат нормално, а децата кој одат во училиште да се одложи за некое време.
Да, и јас купив кајсија и не ја давам зошто видов дека има шеќер. и сливата исто. Кажи ми колку време го вариш јаболчето? после само пасираш?
@Pocahontas9 различни се витамините, ако цица треба од тие Д3 +К1, ако е на Ад треба само Д3, бидејќи адаптираното веќе има К1. Прашав во Плодност педијатар како да постапам, бидејќи се случува да дадам еднаш во денот Ад, ми рече да земам од Д3+К1.
@RAK91 капнуваш у двете ноздри, можеш да го затеиеш малку носето почекуваш малку и влечеш. Чисто е кога воздух само ќе влечеш. Ќе се изненадиш шо се ќе извадиш од носето. @elenaklasik шо ви е тоа д3 и К1?? За коските шо се дава витамин д и витамин К за спречување крварење на мозочето? да ве прашам дали им ставате ракавички кога спиејат?? Кога спиеме у спална и детска таму е поладно и рацете и се кокал заледени, а кога спиеме у дмевна топли или нормално ладни. Синоќа и ставив ракавички ама ги вади. @Dikinzi јас пак за таа марамата шо се стегнуваат бебињата, ја зедовте ли?? Мојата многу штрепи од рачињата кога и паѓат или ги мрда у сон. А кога е замотена у ќебенце спие мирно не ги мрда рачињата. Ама сега веќе да ја земам мислам е касно, нели е за новороденчиња??