If sega nemam kaj da baram uvin caj, utre taa rabota. Kamilica ovosen imam. Sea topli облоги kje si stavam. 100% sum sigurna deka e od doenejto t.e настинати се од шо си подигам маица за да цица бебето, и гарнитурата ми е кожна и ладна е, па шо се потпирам на неа. А и неколку вечери спиев во дневна со малата, она си спие во тоа креветчето шо го земав за у дневна а јас на гарнитурата и само се покривам со ќебе, под мене немам ништо постелено и така мрзнам.
Zdravo Da ve prasam za vakcinite Dva meseca ke pravime na kraj na mart. Dali nekoj bil na vakcina sea brzo radi situacijava? I dali e lazicka ili bockanje?
Ние бевме кратко пред да прогласат вонредна состојба. Бевме 11 недела, рота до 12 се прима. Таа се пие. Примивме и петтовалентна, не боцнаа во бутче. Филипче кажал да си тече вакцинацијата нормално. Сепак јави се во пункт и прашај..
Јас сум од Велес, денеска примивме БСЖ, ќе прави малата на 31 март 2 месеца, касниме со вакцината, за наредна ни рекоа дека ќе ни стасало картонче.
Ви кажуваат ли не го држи бебето у раце, ќе ти се Научи се да ти е во раце. Или ее па ќе плаче научено е во раце. Јас не се согласуувам со тоа и велам дека неможе бебе да се научи во раце. Како може да очекуват да лежи бебето цело времњ во креветче на грб, па макар и на страна. Ќе се укочи, грбче ќе го заболи, вратче се на горе да гледа и да се врти. Плус можеби го боли нешто стомаче, има грчеви. Сака да смени позиција, сака да биде исправено, да биде држено да се прошета низ соба малку да смени. 9 месеци е било на тесно у утроба, си бара утеха и грижа, сака милост и тоа. Со мм преги се разговоривме на таа тема, работеше нешто на телњфон инсталираше нешто неможеше да се оправи и бебето почна да плаче а јас ја бањав големата, и му викнам од бањата да дигне детето да не плаче и ми вели еве научена е во раце, не сака да лежи, леле мислам за гуша ме фати право Избањав детето и коа почнав му реков ти да лежиш 24/7 нонстоп на грб и само за пелена и за цицање да те дигам па тогаш да те видам. Или зошто кога седиш на креветот по некое време велиш, се укочив цело време така седејќи, дај да сменам позиција И му реков да не ми се понаша као свекрва или некоја баба, со тие приказни уште од дедо Ное. Слушнал нешто и ајде, колкунда де каже нешто, кажи поарно не можам да ја дигнам, работам и готово, а не приказни да минраскажуваш. не само он, и тета ( на свекрвата сестра) стално ми велеше и за првото а и додека бев бремена со бторото да не се учи у раце, и дојдоа на посета у болница кога се породив, и седиме у кантина и бебе почна да плаче си го кренав и ми вели еве у раце сака, така ќе се научи сега Само реков бебето не знае на кој свет се наваѓа, камоли Камоли да се научи во раце Исто во труднички дискутиравме за баби и жаби и свекрви дека ќе се мешаат. Како се справувате?
Мами, релаксатор од кога може да се користи? Нели новороденче треба да биде на рамно па дали е паметно да се става во релаксатор или има посебни за новороденчиња?
Нема посебни истите се. Нашиот малце како дупка беше,па во дупката ставивме пешкир за да биде по рамна површината. Патронажната ни рече од прва недела дека може да го ставаме, ни самото бебе повеќе од 10-15мин не сакаше да седи. Сега е 5+ и седи по 30мин,1 час. Маленаволена од каде најде тестерче за биодерма? Користевме еуцерин атопи, гледам нема ефект. Во план сум да купам Биодерма, па да не лупам 2 иљадарки за џабе, да не не му одговара би пробала со тестер.
Јас на мм му давам да чита, па он уз муабет ќе спомне на свеки и така. Иначе нема разбирачка. На пример -Еј баш вчера читав дека малите бебиња особено до три месеци немаат меморија... -Ајдее од кај па сеа тоа? -Да бе и не може да се научат на лоши навики, или свесно намерно да бараат во раце итн. Кога сме кај тоа, моево бебе спие најубаво во раце или во марама. Го ставам на кревет и се буди за кратко. Да бидам упорна па макар и се будел, зашто треба да спијат на рамно и тврдо? Исто така ноќеска го имаше облеано малку пот на главчето, градите, лицето и вратот му беа поладни од мојата рака на допир, а дланките и стапалата топли. Спие по најтенки шпилхозни без стапала, во вреќичка како еден слој тетра како газа, без ракави. Многу ни е топло овде, во соба навечер е сигурно 26-27 и повеќе, пуштаме вентилатор. Ладно му е топло му е? Да пуштам клима да разлади? Последни два пати ми кака течно со меурчиња, страв ми е да не е настинат. Совет?
Јас почнав одкај втората недела и тоа ептен по малку оти мн е низок и некако ми идеше како на под да лежи.а сега секаде ја зимам со мене у детска у кујна, ама ќе ја замотам со ќебенцени кроти. Ми спиеше два саати у релаксатор некни, седев на под си играв со големата она до нас и спиеше. За меморија имаат, ја осеќаат мајката по мирисот, паметат музика , пр една играчка со музика за бебиња ќерка ми стално ја ставаше на стомак додека бев трудна и сега ја препознава. А и да е научена во раце, човек е тоа а не кукла, saka да се држи. Па така и мм, чујал - не разберал. инаку и моето најубо спие у раце, стави ја и оп, ококорила очи. Дремнува по 5-10 мин и станува. Спие и по пола саат до саат, ама често краток сон. Нормално е. За собата мнооогу ви е жешко, намали температура или смени ја собата кај шо соиете. Вентилар и клима никако. Затоа се испотило бебето и на момент може да се излади телото како шо велиш па да настине. Каката е со меурчиња од шо шприца кога кака. И на поладно поубаво се спие. Приметив дека кога спијам со бебе у дневна не спие мирно, лесто се буди претс ржи неможе да заспие, а спиеше у вреќичка, па ја покривав со тенко ќебенце иста песна. Спиеме сега или спална или детска помирно спие па и јас клима и вемтилатор не пуштај, така варира температурата и може да мрзне.
Леле моево рачето и цица ли цица ечи собата, мислиш млеко тече од таму А не е гладна и одма после цицање знае да го направи тоа, или ако ја гушнам мк го лиже вратот или рамото зависи каде е навалена Многу ми е слатка
Како го објасни мислиш часком ке пројде ама како ми пројдоа овие 2 месеца ко вчера да бев трудна верувам дека со брзина на светлината ке дојде прв роденден еве ја сега ми спие на рамо ем сакам да ја оставам на кревет за да не ја учам на мене да спие, ем ми е убаво да си ја мирисам Двојмењата на една мамичка
А како оди тоа прпбување вкусови? Јас мислев тоа е воведување оброк..... Има некоја шема? Ај ако не ти е тешко просветли ме пошто мене ми е прво а сакам да се спремам за тој момент убаво
Чај од магдонос, во вода што врие ставаш магдонос го оставаш да седи 10 мин тргнато од оган и цедиш па пиеш
Поради карантинов сум забранила кој и да е да доага дома кај нас сем мм од работа и си имам раат Иначе слушав од свеки све и свашта, сегде носот да си го пикне а и золвата исто. Се знаат едната бебе нема а другата своите пред 30 ги гледала и секако од мене подобро знаат аууууу еден ден колку се испокарав не можев веке да ја слушам (срека и мм е на моја страна пошто и он сака приватност). После тоа е на дистанца а со новонастанатава ситуација не доагаат пошто одат на работа и неможам да ризикувам да ми донесат нешто па да си ја чешам главата после.... Иначе справување на нивоу, дигни ја затоа плаче, сака да цица затоа плаче, немаш млеко, не ја држиш како што треба, ке ја загушиш со градите Глупости еден тон, што ти пипувам незз дал да се смеам ил да плачам
Не, не е цело оброче, почнуваш со еден вкус неколку дена да видиш дали ќе има алергија на тоа. Јас со големата почнав со морков. Прв ден неколку лажички во текот на денот. Најчесто почнувам од сабајле, за ако има алергија да видам преку ден и да реагирам. Нареден ден малку повеќе лажички.. Потоа со јаболка исто. Па комбинирам јаболка и морков кашичка. Слива обавезно оти е добра да се искакат ако имат запек. Компирче, банана, крушка, брокула, пашканат, карфиол. Кога имаше веќе запчиња и давав корка леб да си смука. Па ориз, житарици, киноа, амарант, просо, овесни, кисело млеко со лебче,палента, гриз, бисквитки да си смука телешко. Има од тие за добра ноќ кашички си се растварат со млеко или вода фрутолино медолимо не знам како се викат. Малини капини одкај 8 месец. На хипп има исто мусли и гриз каши. И оп ќе дојде година, и време за жолчка има разни табели и книги, ќерка ми кога беше бебе баш ја измислија бебе готвач книгата и апликацијата, ама јас не се водам према никакви табели и книги. Према мојот инстинкт. Јас ретко давав купени каши, си спремав домашни и кога одевме на гости. Се продават мрежички, специјални се за храна, ставаш внатре неколку парчиња овошје и бебето си смука си гризе. Исто занимација и супер ужинка.Поготово изладени парчиња јаболка кога им излегуваат запчиња. Луда работа!
Мајки,бебето има 2 месеци.Кога имаше некаде околу 6 недели и се појавија бели точки на носето,како брунчиња кои поминуваат.На местото каде што имаше повеќе и се излупи кожата и сега тој дел е со посветла боја нормално...Дали ќе се обнови кожата за скоро?Ми е страв да не и остани како лузна...
Мајки дали кога го вадете бебето од коритцето ви плаче? Ние еве веќе сме полни 4 месеци али чим ја избањаме и ја извадеме таа вришти, плаче и никако не се смирува. И пеам, играчки донасам али се е џабе. Кога ја држиме во раце се смирува, али како ја легнеме таа пак почнува. Дали премногу сака вода па затоа плаче кој ти знае. Вие како се справувавте доколку сте имале ваков проблем?
Мајки бебе е скоро 5 месеци.До скоро спеше на вечер по 5-6 па и 7 часа некогаш без да стане.Сега почна да се буди на секој 3 часа ке поцица малку и пак спие.Инаку не е гладна супер напредува.
Ќе и помине. Сака да се бања. Тоа е. Со плачки ќе се облекувате Често менуваат мавики, скок во развој и си растат.