Мами три месеци сме, веќе неколку денови беба кога ќе почне од поручек околу 18ч до кај 00ч никако не сака да легне, многу плаче и само во раце сака ама исправена да е. Само што ќе почнам да ја ставам во креветче уште не допрена до душек почнува да плаче. А плус и не јаде ич овие денови, се молиме едвај по 60мл пие. Не знам што да мислам, желудникот ме боли од нервоза што не јаде. Има ли некој вакво искуство? И како заспиваат вашите? Еве сега прв пат сама заспа ама цело време сум на штрек мислам оти ќе стане. Инаку до сега лулање во раце, на нозе, чешкање и нон стоп мрда, се врти со главата лево десно и од 22 кога ќе легне секако 00ч не наоѓа да не е заспана. Во ред ли е тоа мрдањето со главата? Дури не заспие нон стоп мрда.
Сега пробав со електрична на Медела има тука во болницата, не вади многу оти е почеток, не се разработени каналите, а се осеќам дека почнува да надоаѓа, стануваат тешки градите. И давам да цица, влече, колку има има....
@Dikinzi Не и е до спиење. Не сака да заспие.. Неколку саати се обидуваме да ја успиеме ама залудно..
Мислиш мрда лево десно лево десно како споулавено Да нормално е ,за да заспијат сами така прават Беше ли под туш со топла вода да ѓи поминеш градите? Така се отвараат каналите, ја на почетокот обавезно бев под туш ,ама не жешка вода, топла и стави кај брадавиците.
И плаче цело време? Или е мирна? Ако е мирна сакала само да се шета, да ја играш, ако плаче, провери ја да не сака да ждригне, да не сака да се искака па да ја мачи, соблечи ја гола, и испитувај ја.
Почнувам да се грижам!!!! Црл ден осеќам празни гради, не се полни. Бебе цицаше по бањање околу 20:30 или малку покасно. Сега спие, а јас се пумпам и едвај 70мл од двете гради. Од преги почнав со хипп чај за доилки. Бебе од вчера бара често града, а како да почна и жолто-зелено да кака. Знам не е знак за глад, ама еве пумпам и тие се 70 мл само. Послушав го доветот на @Dikinzi со пауза, исто е. Се нервирам.
Меќи гради не се знак дека немаш млеко, него дека лактацијата е воспоставена, мене ми се меќи цело време, па цица детево, без паника, чај, вода, сок од јаболко, и нека цица , и кај мене има денови кога сака да цица на пола саат, па и остај тоа, од едната ако и е малце ја ставам од другата да се дојаде. И цело време така, тоа трае 1-2 дена и после се враќа во нормала. Јас пијам и чај за доилки Лакта микс, и кај нас е каката таква, затоа ич да не се плашиш, гладнп бебе надалеку се слуша.
Еве Тоа шо се меки океј, ама ме загрижува тоа шо не вадам многу млеко. Вадев од една по 120, с сега од двете едвај 70. Сеа ќе пијам пак чај чекам да се лади. Ај за да надојде млекото ок, ама Мислиш дека со чај може да се поврати или задржи не дај боже ако се намали?? Инаку кога ми надоаѓа млекото страшно ме боцкат градите, ми теле дури, ама дега па сладо извадив. Сега пак ќе продолжам да видам. колку време стои млеко измолзено у шише на собна,оти бебе спие па не знам кога ќе стане
Јас и меморија губам мм вели жено ти си многу смотана, бебето стана, го надои од двете гради го држеше и заспа, и ти зеде по 10 мин да се пумпаш.
А сега кога се одмолзуваше те пецкаа ли градите ? Нема шанси да се намали млекото, ако цицала цело време, уствари колку цица толку млеко ќе има, освен ако си и дала шише, а не си се одмолзела тогаш се намалува млекото, затоа немој да паничиш, си имаш млеко, а тоа шо бара почесто она мора са си ги зголеми потребите, со редовно цицање ќе се зголеми и млекото,и мене ме пецка страшно коа надоаѓа млекото, некогаш му треба време да надојде околу 2 мин, а некогаш одма за 20 е секунди.Одмолзено млеко замрзнато стои 6 медеца мислам, а на собна и во фрижидер не сум сигурна.
Хахаххахххахаа Нееее, и ја се плашев со првото, она така правеше И одма се расчитав, и ае опуштив, многу бебиња така прават И тоа брзо
Не знам шо да кажам не памнам у колку саато цицаше, ептен сум збркана. Млеко доаѓа одма штом ќе ја ставам на града, а се случува и на двата или теи часа да почнат да ме боцкат, па по некое време бара и она. Темпирани се у исто време. Не знам шо ми е, не памнам ништо.
@Sreka16 четка или игли се вика тоа на струмички , и моето се стрга така ама и со рамињата прави. Мајками ми кажа да и го истријам грбчето со ракија и ќе излезат тие иглите или боцките. Утре баш ќе пробам. И на слепоочниците излегувало тоа и на бутчињата. И една деуга мајка прашуваше за истори не се сеќавам која беше да ја тагнам.
Може ли да ми кажете каде на интернет има убави крпи за бањање освен во Енци Менци? Не сакам да излегувам, сакам да си нарачам од некаде