Зошто не му дадеш чај на хипп за бебиња?? Тој е без шеќери, ќе помогне за грлеви и стомаче. Бабицата беше вчера кај мене ми рече ако дадам чај само на хипп и тоа дневно само 50 мл. Моето е месец ипол, ( 7 недели денес) твоето поголемо е , можеш 60. Ама ако не помогне и чајчето тогаш со чепче или топломерче у газе да се искака, веќе ако ептен неколку дена не е искакано тоа се препорсчува. Ама не треба ни често да се применува за да не му станат мрзливи цревата.
Јас и правев инхалација, иако и беше само носот затнат, 3 пати на ден, по 5 мин,само со физиолошки. Нема штета немаш гајле.
@ddevojce земав на медела, единечната, 2 пати се испумпав ама многу малку излезе, прво ставив термофор топол, ги масирав градите, се опуштија баш омекнаа и молзев ама немаше ни 10 мл. После ја ставав на града нон стоп, на секој саат и ок сум, се среди сега. Цицаме по цел ден и ноќ и се е гладна
Дали давате витамин Д на бебињата од раѓање? Мене ми го пишаа некни педијатрите во болница ова да и да го давам
Јас давам на Babytol, D3K1 и DHA omega таква е тука препораката за до 3 месеци а и на сајтот на babytol така се препорачани. Тоа и педијатарката ми го кажа дека е потребно во комбинација да се даваат според најновите сознанија и ссеминари на кои што одела. Ова последново го пишувам затоа што приватно бев критикувана како DHA omega се давале од 3 месеци нагоре а јас ги давам од 8ми ден, и покрај тоа што на истите им било препорачано во родилиште како и на мене двете ампули, тие по совет на фармацевти, комшики, братучетки даваат само Д3К1. На кратко 3 пати како одам во аптека различна по истите ампули 3 различни аптекарки прашуваат дали треба и двете? Секој наога да се меша, јас на крак од што ме збунија се јавив и во Чаир да прашам и кај педијатарката и истото ми го рекоа така да јас давам два вида ампули
Тоа шо е на града нонстоп не значи дека е гладна и да е гладна можно е да не се доцицува оти се изморува влечејќи и заспива. После ко ќе стане ќе се доцица и де така у круг. Битно да е нонстоп на цицка. Ќе познаеш дали влече млеко по пелените и дали ти качува на килажа. Од 500 грама нагоре месечно е супер килажа. Да качува. Еве ја таа шо ја имам јас, Со рецепта од педијатар или од гинеколог ја зедов од аптека, плаќаш кауција 6 недели ја имаш кај тњбе после ја враќаш и ти враќат пари. Јас ја зедов тогаш заради маститот шо го имав, као да се пумпам за да не завршам у болница ама напротив, си поседов таму. Ако имаш потреба пак со ревепта ја продолжуват у аптека.
Здраво. Денеска свекрвата ми даде еден предлог што мене баш и не ми е практичен, па си реков да се посоветувам со вас, сепак таа растела деца пред 30 години. Ми рече дека многу деца се алергични на пелените и да си купам повеќе тетра и шведски и првите 1-2 месеци за дома да не ставам пелена туку директно 2 тетра. Наводно многу какало, мочкало на почеток и вика и поекономично ќе ти биде со тетра и газето ќе му дише. Не дека сум мрзлива ама некако многу работа ми е да ги киснам секој ден пелените, да ги перам и да ги пеглам.
Еееее оваа ја имаше во болница, скроз истата сеа кога бев, една мајка ме прашуваше како работи да се измолзи оти и се стврднале градите, многу е добра, ја пробав и јас да видам дали влече оти она викаше не можела да ја намести. Супер е, двојна и топ влече. Ама јас немав во болница млеко, неколку капки само. Сега имам гледам, денес цел ден на цицка е беба, ама многу бргу и однемува, исцица ли толку бргу и од двете гради? и се нервира бара со устата уште.....па ја залажувам малку и еве сега и направив 60 мл ад оти плачеше се нервираше ептен, само што го испи заспа во секунда.... Иначе цица на саат време, не ја држи изгледа толку моето млеко и се е гладна, само си јаде рачињата и отвара устичката бара да јаде....и од двете гради цица и пак е гладна..... Пелените се добри, кака и мочка, ама рачунај 2 пати дневно и давам и ад. Денес еднаш само, од цела ноќ и црл ден дури сега и дадов ад, иначе цица нон стоп, ама се гледа дека не се најадува баш
Свекрвати е во право. Кога некое детенце има тежок осип, педијатрите препорачуваат тетра пелена, за да може да диши, и да помине по брзо. Ама моментално, на воа време, кога детето може да биде спремно за 2 мин, а ти после да не се мачиш само да киснеш, него и да пеглаш да знаеш мислам споре мене да не се мачиш, ја не дека промовирам пелени,ама користам Виолета, затоа што се блиску до тетра пелена, меки, воедно и широки како за широк повој, а и внатре немаат гел, шо мене ми е многу битно, бидејќи скоро сите содржат гел, и не пропуштаат ( освен ако не го пресоблечеш 15 саати ) .
Па ми рече и она за надвор и за спиење да му ставам пелена, а за дома боље било вака. За штедење тешко дека ќе заштедам нешто, кога ќе замислам секој ден перење на 90 степени, па пеглање, па и тетра пелените коштаат да ги купиш, а маката плус... Некако too much ми е работа. А и на толку фрлени пари сеа не ми се штеди. Ќе си почнам со пелени, па ќе видам натака. Иначе, пишав и во друга тема ама кога спомна веќе... Јас мислев со Pampers да почнам како најфалени ама ова за Виолета што викаш без гел, каква разлика прави? А и плус заборавив да прашам, препорачуваат сега широк повој да знам дали да докупувам уште тетра?
За првото ставав широк повој, 4 и пол месеци, за воа почнав, па се настина, па кој ќе ја облекуваше цело време дека трчав и по другото, и баталив. Иначе некои препорачуваат. Користев и јас Pampers за наеднаш да се смени се. Од коа се смени пакувањето,се сменија и пелените, од сува цела вечер, ја начекував утоп, затоа не спиела мирно она, кенкала. Не знам што се деси, ама многу се жалеа, сега не знам какви се, од тогаш ѓи сменив за Виолета и видов раат, за мене подобри пелени амин. А за гелот нели имаше зборување, како не чини бла бла, и неколку пати и начекував зрнца гел на газето.
Мајка ти си го знаеш бебчо најубаво. Ако не му стига, давај му и ад. Растат и тие дечиња шо се на ад, ич да не се сеќираш, колку имаш толку @Jana06 kako шо ти кажа @Dikinzi свекрвати е у право, . Ама знаеш ли колку работа е тоа? Испосераните пелени и рубички мораш прво на рака да ги поминеш, не можеш одма у машина да ги бапнеш. Какаат по 100 пати на ден. Ако ти ги пере она пелените и шоикозните испокакани и испомочани у реду, нафати се. Ама не знаеш дали бебе ќе ти добие пеленски осип. За тоа има и креми и разни чуда. Ако ептен е потпарено газето и јас би се обрнала пелени, секако за доброто на бебе. инаку за памперсот ќе ти кажам само марката е. Од пусти мерак амбалажа убава, сликички на пелените, ќе ти кажам дека добриот маркетинг најмногу продава. Јас користев сега памперс, ама си купив вече и на дм, прекрасни се. Имам уште два пакета на памперс,резерва од пораномшо купував, сега купив на дм да го пробам, вториот пакет го трошам на дм. Да го истрошам и памперс резервата шо ми е, се префрлам на дм одма. Така бев и со големата ќерка. Од пусти мерак, џебот се празни.
И јас сум со пофалби за Виолета Дабл Кер. Првично почнавме со Памперс премиум ама се изначистив каки по ноџиња и грбче, затоа решив да ги прпбам Виолета и сум зждоста задоволна од нив
Малата само Памерс ПремиумКаре а спаси од пеленски осип кој го имаше 4м, постојано. И јас не сум да се фрлаат пари додека нема проблем на кожата, ама дека се само маркетинг и јас мислев додека од мака не пробавме се. Имаат стварно маана дека претекуваат и не впиваат долго ама дефинитивно се најнежни за бебе.
Пелените на почетокот кога се мали се поевтини, така да и не се некој особен трошок. Еве ти кажале и другите, според мене не вреди да се мачиш да переш пеглаш што и да е кога не си ни сигурна дали бебето ќе има екстремно осетливо гзе. Јас првите недели откако се роди бебе ги имам како низ магла, кај ќе ми беше крајот да пеглам пелени . Широк повој јас ставав неколку дена па баталив. И ортопедот ми рече нема потреба кога бевме. А тетра ќе си ги користиш за све и свашта во секој случај.
Да, тие премиум кер, се најдобри. Ама и цената им е скапа. Не држат долго, а тие baby dry se Katastrofa. На мм од работа му спремија подароци за бебето и направиле мотор од памперс baby dry. Од Три пакета беа составиле мотор и кога и да беше полна пелената, штикозните и бодито и беа мокри. Заборавив дека и тие ги користив. На дм бејби лов, 42 броја се 4 евра и 35 центи, а памперс премиум кер 32 броја 5 евра и 95 центи. Која е математиката сега?? Туку сте пробале ли на хипп пелените и тие на памперсот новите premium pure?
Premium care јас земав од еурофарм на акција, ок се. Претходно користев обични памперс, не видов некоја посебна разлика. Сега виолета ќе ги пробам, како растат броевиве цениве соленки стануваат на премиум..
Точно поскапи се и дефинитивно едини добри од нив, затоа реков доколку има потреба ќе даваш пари Кај нас немам сретнато такви пелени.
Скапи се, плус тие новите на памперс некој памучни ли шо знам какви се, дваесет и некој број преку 6 евра се. Шо е ного, ного е. Плус има многу дрогерии тука, сум ги користила и нивните пелени за големата, па супер се. Исто влажните марамици на дм гимима ли во мк?? И тие се исто мн добри. Ги има у акција 3+1 или 4+1