Ako imas pomos e okej so tetrite ama ako si sama na pocetokot nema da znaes kade ti e glavata pa i peleni da peres peglas bi ti bilo kraj...Barem jas prvite nedela dve bev kako pod nekoe dejstvo ne znaev kaj se naogam.A za pampers mislam deka se samo marka sto uporno se reklamira .Jas koristam od tie na dm .
Леле да проверам, мажот ми пазари со ситуацијава, и не го ни прашам колку се, а знам некогаш имаат акции, намалени се па крајот не им се знае. А зимаме 5ка за големата 2ка за малата.
Мајки, дали ги мачкате нешто по телото бебињата и дали им го мачкате и лиценцето? Исто сакав да Ве прашам дали мачкате нешто кога се настинати...јас мачкам повремено топла свинска маст и ракија( знам дека не е добро ракијата )
Млеко за тело на Хипп, од тоа малку и на лицето ставам, после бањање само. А коа се настинати, само Фитобалм на градите и на грбче.
Мајка ако сакаш да користиш пелени, а не памперс има еко-пелени, можеби си слушнала, со микрофибер апсорбер кој се вметнува во самиот "џеб" на пелената, се мести со копчиња според големината на бебето и се перат и сушат за брзо време. Поубаво објаснето има на нивната страна, можеш да отвориш и да прочиташ подетално. https://ekopeleni.mk/
Во еурофарм 490 се 50 пелени со гратис марамици ова за 3ка А 2ка мислам беа 52 пелени 470 со се гратис марамици
Ги имаш можеби користено? Овие абсорвериве всушност се перат а на принтаната пелена нема ништо? Или како?
Виолета 2ка бројче има 64 парчиња и се 490 ден, 3ка бројче има 52 парчиња и се исто 490 ден. Плус влажни марамици има внатре, мало паковање. Ова од Зегин се цениве.
Да, го имам малиот пакет со 10 пелени, меѓутоа кога дојдов од болница не почнав одма да ги користам и бебушот мој многу не ги обожаваше, за после некој месец да сватам дека погрешно сум ги местела. Сега користам периодично памперс и од нив. Се' се пере, апсорберот малку подолго, а пелената брзо се суши. Треба малку време додека ги усовршиш за местење, ама сепак мислам дека е добра инвестиција ќе ги користиш и за друго дете, плус добри се за да дише кожата и да не се создава осип. Контактирај ги на инстаграм, ќе ти пратат и видео инструкции како се користат.
И ја мислев како тебе за да не правам ѓубре. И искрено нема шанса да се допере колку какаат и мочкаат на почеток..
Здраво На малото му се појави црвенило на газето најверојатно од влажните марамици иако ги користам тие на Виолета, неколку дена ги отфрлив од употреба и на секое менување на пелена го одмивам со вода и се повлече црвенилото. Сакам да ве прашам освен влажни марамчиња дали се продаваат некои други марамици кои се натопуваат во вода или друго нешто без хемија? Благодарам
Има и како марамици исто се топат со вода. Уште во болница педијатарот ми кажа никако со влажни марамици. Досега немаме никаков проблем
Здраво мајки. Јас сум нова тука, имам едно прашање. 3 месеци бебче многу му се лупи кожичката на лицето, на места има црвени како мозолчиња и постојано си го чешка лицето. Ако има некоја со ваков случај хелпп
Можно е да е дерматит сликај и прати и на докторката да види.. Кај син ми имаше мозолчиња и црвенило и се чешаше ми рекоа почеток на дерматит ми даде докторката едно млеко за тело и лице Риластил на Словиш еве по 3 дена мачкање нема скоро ништо