На Авент е потешко, мојата почна да може да го дига од 10,11м. Нук е доста згодно и лесно. На Мам не ги знам.
Другарке ние вчера си купивме До сега користевме стаклено на Авент, а вчера се мислев кое од овие две да го земам и го земав ова на Бејбилав за проба. Колку да видам дали ќе го прифати па после планирам ова на Нук. И разликата во цена е голема 665 Нук 199 Бејбилав. Овие се со силиконско клунче, а во аптека на мам му предложиле на мм со пластично клунче.
Бебе е 26 дена и минатата недела го измерија 4300 и педијатарот ми кажа дека е многу и морам да го ставам да цица на секои 2-2 и пол саати. Ама ова бебе нон стоп кенка и сака да биде на цицка. Скоро на секој саат он бара да цица. Дали е тоа ок? Не знам како да му го земам редот.
И ние сме сo авент пластичнo и стскленo ама сакам веќе да прoбам клунче. Дoма имам еднo на Тoми Типи се сави кoга пие.. Ќе прoбам и jас ваквo да претрчам дo ДМ.
Да, моментално има грчеви. Ни колиф, ни еспумисан, ни чајче мислам дека не делува. Мислиш дека ради тоа цело време цица? Сака лажливка, ама кога решил да цица, може да ми ја плукне да лета метар
Ова сп диетиве не се добри педијатриве, веке на секоја втора ни кажуваат помалце да цица. Инаку како што ти пишаа погоре научи го на цуцла, а кенкањето може да е и за спиење мојата знае да кенка и попто и се спие а неможе да заспие. А ако се ова проба и уште не бива а си одлучена да му држиш "диета" шетај го низ дома пеј му едноставно замајувај го некако
Каква диета, нека цица кога сака и колку сака, нема штета од мајчино млеко. Тие шо се на адаптирано, тие имаат саати за јадење. Може цица кога е жедно, или си сака блискост. И на почетокот цицаат многу, после некое време, сами си фаќаат ред. Кај мене е 2 месеца, и дури сега фаќа ред.
Само да ти кажам дека вчера вечерта го нудев со тоа од ДМ со вода,не повлече. Прво се чудеше,па се гадеше,па си играше низ јазик. Можеби му е чудна формата,ќе го тестирам денес со млеко ќе измолзам и ќе ставам во него хаха Едит:ставив млеко го ишмука за секунда па уште радосен си игра со шишето Да,заради грчеви најчесто бараат да цицаат. Не дека се гладни туку тоа им е утеха. Баш кај педијатарот во чекална еднаш сретнав мајка со бебе на 2м 5кг. Вика има грчеви и само цице ја смирува. Ние за грчеви користевме Ваја пробиотик,правев чај од зрнца ким,ставав термофор и правевме вежби. Јас пиев чај за доилки и тие помагаат за мешето. Пробај кога бара цице,намести го за доење и пикни му цуцла,понишкај така види дали ќе се смири
Значи не се нормални педијатриве со диетите. Моето се роди 4350, според нејзината логика ич не требаше да го хранам детето. И моето често цицаше. Гледав бар саат и половина да е поминат, ама не и бранев. Тек сега после 4 месеци бара на преку два саати и супер си е. Како ти бара, така терај си. Туку женски на 7-ми ми е терминот за вакцина во Јане Сандански и не знам што да правам. Знам дека одат, и би одела, ама ако ми бараат крвна слика како што стално бараат, ќе треба да одбијам, дека таму кај што се боцкаат децата, чекалната е споена со сите возрасти, сигурно ќе закачиме нешто. А да идам за џабе и да се вратам, и тоа е глупо. Стварно не сум паметна што да направам.
Здраво мајки, Сакав да прашам како им ги чистите ушињата на бебињата ние сме скоро 4 месеви и гледам дека има нечистотија.. како можам да ги исчистам
Јас со стапчиња бебешки,ретко чистам. Површински само, не ги брцам многу. Знам дека не препорачуваат ама како инаку да се извади ѓубрето..
Мајки тераме 5 месец во понеделник треба втора доза Рота да примиме, сум слушнала пред вакцина да не се воведува нова намирница па сакав да прашам искуства ?
Здраво мајки, бебушот е скоро 4 месеци, а во последно време приметив на левото оче мало закривување не е постојано на моменти.. во оваа ситуација не би сакала да го носам на доктор да се среди и веднаш ке го носам.. ме исплаши искрено.. прочитав дека може е незајакнат мускул или мрзелив, а со тек на време ојачувал.. некоја мама искуство?